Само мало објаснување за изборот: кога @Setsuko ми пиша да изберам книга за клубот, прво нешто што ми падна на ум беше да биде некоја која ја немам и јас прочитано, а одамна сум сакал да ја прочитам, која ја имам во домашната библиотека и која нема да биде така голема, за да може повеќемина да ја прочитаат. Гледав во книгите скоро десетина минути без да можам да се одлучам и на крај и пратив список од 5 книги на @Setsuko , истиот кој таа го испратила на @Dumbledore , за тие да одлучат која да ја читаме. Ова е списокот со објаснување зошто баш тие книги:
-Жената со црвена коса - Орхан Памук (многу убави зборови слушнав за романов, неодамна го издадоа Арс Ламина, што значи лесно можат да го најдат)
-Смоква - Горан Војновиќ (бев импресиониран од Југославија, моја дежела, затоа го купив овој, и се му се токмам да го почнам, и никако да го направам тоа. Неодамна го видов на некаква листа на 20 најдобри дела од југоисточна Европа. )
-Еден сив мартовски ден - Тања Урошевиќ (овој роман уште не сум го набавил, ама од листата на кандидати за Роман на годината годинава некако најмногу навивам за него, не само дека ќе биде прв постхумно објавен роман кој се закитил со наградата, туку и зашто прочитав многу убави работи за него, па некако сакам што поскоро да го прочитам)
-Семејството на Паскал Дуарте - Камило Хосе Села (уште еден краток роман на кој со години му се токмам и никако да дојде на ред)
-Продавници со боја на цимет - Бруно Шулц (тазе најдена, едвај! Ама како би ја нашле другите, освен од библиотека, не знам)
-На крајот од денот - Казуо Ишигуро (срамота, уште не ми е прочитан)
Зошто @Dumbledore го избрал Памук, не знам, ама ме израдува изборот (исто како што веројатно би ме израдувала било која книга од списокот). Инаку, фаворитот на @Setsuko беше Продавници со боја на цимет од Бруно Шулц.
Памук го имам читано три пати и е маестрален автор, мајстор на пишаниот збор, еден од најценетите писатели кои сум ги прочитал. Го запознав со „Се викам црвено“, роман со интересна наративна структура, со повеќе раскажувачи, од кои некои се предмети, па дури и апстрактни поими, трилер чие дејство се одмотува на многу чуден начин. Малку е тежок за читање, не велам не, ама на крајот имаш чувство дека си потрошил време за едно мајсторско дело какво ретко се наоѓа. Потоа го зедов „Музеј на невиноста“, понов роман, прв напишан по добивањето на Нобеловата награда за литература, чинам, сосема поинаков од „Се викам црвено“, со дејство сместено во поново време, класична љубовна приказна, по малку налик на оние од турските серии, но ни малку патетична како нив. „Музеј на невиноста“ е еден од неколкуте најдобри романи кои сум ги прочитал во животот. Тоа е опис на едно време, на едно место, на една држава во еден турбулентен период налик на еден сличен од пред неколку години, на една невозможна љубов која останува вечна! А описот на се тоа е неповторлив! Самото име на романот и сега кога го пишувам ова ми прави такви морници што би сакал одново да се нурнам во тие страници, иако сега кога веќе знам се, веројатно не би било исто. Уште пред 2 години, кога го прочитав, си ветив дека морам во животот да го посетам вистинскиот музеј на невиноста, да ги видам сите тие предмети кои ја раскажуваат љубовната приказна, за впечатокот да биде целосен. Тоа е роман кој секој мора да го прочита во животот, најтопло ви го препорачувам. За оние кои сакаат да дознаат повеќе, еве ја мојата рецензија за романот во книжевниот каталог - КЛИК ТУКА. Трет роман од Памук, и последен за сега, беше „Немиот дом“, роман од неговите почетоци и во кој се забележува неискуството. Овој го читав летоска, но морам да признаам дека ни приказната, ни ликовите не успеаја да ме натераат да го дочитам, па стои меѓу оние започнатите, а недовршените, кои чекаат некое друго време.
Преводот на „Жената со црвена коса“ (Kırmızı Saçlı Kadın, се чита К'рм'з' сачл' кад'н) со душа го чекав! Додека одев на курс по турски јазик и од страна на професорите и од страна на колегите кои го имаа прочитано добивав препораки да го прочитам, но за жал (или за среќа, не знам) не стигнав до ниво да можам самостојно да прочитам роман на турски јазик. Кога Арс Ламина објавија дека го превеле, искрено се израдував, иако малку паднав со очекувањата кога видов дека преводот не е директно од турски, туку од друг англиски превод, нешто за што немам објаснување, а Арс Ламина го прави често. Во Македонија има навистина добри преведувачи од турски јазик. Па трета најбројна нација во државава се Турците! Сигурно ќе се најде бар еден кој ќе преведе подобро од тој што превел од друг превод. Муабетот ми е ко вицот: „многу било убаво бурек да се јаде, бате ми кажуваше, гледал кај што јадат“. Се надевам дека ќе ме демантира преводот, но се сомневам во тоа. Останатите преводи на романите на Памук беа на писателот Илхами Емин, на Ѓулнихал Исмаил и на мојата драга професорка Мелахат Алиевска - сите до еден извонредни! Инаку романот го добив како подарок од мојот „secret“ Santa годинава, кој не беше баш secret (моја колешка, Турчинка), заедно со уште 2 други романи на Памук: „Белата тврдина“ и „Нов живот“, сите изданија на Арс Ламина. И еве, конечно му дојде моментот, по толку време чекање. Јас се надевам дека сите ќе уживате, а исто и јас, барем приближно колку што уживав јас во „Музеј на невиноста“. Со нетрпение ги чекам вашите рецензии.