Епа ај на здравје. Да видиме сега дали ќе соберам друштво. Сарс го отупеа. Бернејс пропаганда ми се хипстерски постпанк бенд обожавани од Ла Кењари и не ги обичам, многу ги пуваат непотребно, за Конкуеринг Лајон и Сашко Костов прв пат слушам, не знам зошто ама од музиката на Фолтин се ежам на оној неубавиот начин, Пеперминт ми се симпатични како бенд, Викеда сум ги гледал јали на Ноу Бордерс јали на Таксират јали и на едното и на другото стар сум веќе да памтам ама Блгарите се одлични и прават добра ска вибрација. И после долги години во глава ми е останата преработката на Дијана од Пол Енка
Суперхикс ги слушам, ок ми се, само да не се пуваат со излитени фори како ова ни е последен концерт и тако остали веч видени тактики. Останатото е електронски клабинг, на ниво. Журката на Пол Ван Дајк во Хотел Изгрев јали 2007ма или 2008ма, беше најјакиот електронски клабинг во мојата нескормно кажано пребогата електронска клабинг кариера. Вториот пат во хотел Парк Охрид беше исто јако, не како првиот пат ама пак јако. Ќе украдам од интернет една фора и ќе ја видоизменам; журка на Пол Ван Дајк е како пица или секс. Кога е добра е јебено фантастична, а кога е лоша пак е добра.
Децо, не испуштајте ова. Баш е филм, камп, друштво, младост, девојачка љубов, енергија и клабинг. Без дрога, без цигари. Малку алкохол за зачин може. Не мрчете, едноставно одете.