НЕМОРАЛОТ ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО ПРОТИВ КОЈ НИКОЈ НЕ ГОВОРИ
Доаѓањето на топлите денови во нашиот крај,и оваа како и претходната година, е пропратен од инвазијата наречена голотија,во застрашувачки размери. Летната сезона се уште не започна а започна масата од (полу)голи жени и девојки кои ги преплавија улиците на нашите градови и нашите села.Да поченеме од своите домови! Мораме да бидеме морални да останеме нормални!
Голотијата, за жал, стана очигледнаи тешко заобиколувачка појава во нашето општество.Боде очи, срце и смиреност кај нормалните луѓе…Улици, паркови, згради, училишта, факултети, телевизија, водители, естрада, театар, актери, трамваи, автобуси, и др., за жал се повеќе потсетува на морска плажа. Рекламите на телевизија станаа, всушност, кратки филмски пораки полни со еротика, каде покрај голотијата, сексуалната неморалност и развратност, се промовира храна, пијалок,облека, цигари, алкохол, козметика, автомобили и автомобилски гуми, различни осигурувања, и др. Ист е случајот и со џамбо плакатите, кои главно, станаа своеврсни еротски постери кои го покажуваат голото женско ( а и машко ) тело.
Печатот и списанијата,исто така,се повеќе промовираат голотија и неморал.Речиси и да нема дневни весници кои (покрај другото) не објавуваат и слки на разголени жени или известувања за така наречени виртуаелни разговори.На киосците еден човек останува шокиран од бројните списанија кои имаат порнографски или слични содржини. Продавачите (ките) уште и ги накитуваат на главниот излог, така да човек, сакал или не, едноставно е присилен да го гледа и тоа доколку сака нешто да купи.
Телевизијата,како најмоќен медиум во модерните времиња, е преплава со голотија и неморал. Во последно време, речиси на сите канали може да се види реклами кои повикуваат на hot-line (жешки линии), каде се нудат еротски приказни кои ги слушаат сите, па дури и деца, ако ги сврти броевите на телефонот кои се нудат од телевизиите. Промоцијата на голотијата и неморалот на Сител, канал 5, Македонска телевизија (чија претплата Македонските граѓани мораат да ја плаќаат,бидејќи тие ако одбијат ќе бидат санкционирани со прекин, или ќе им биде принудно наплатено) достигна застрашувачки размери.Тука, секако, не мислиме на неморал од типот на емисии на Миленко и Латас ,во која се што е муслиманско се криминализира, туку на поплавата од филмови и серии кои кои покажуваат голотија, проституција, насилство,живот на алкохоличари, наркомани, хомосексуалци, лезбејки и други перверзни и девијатни однесувања. Неодамна, во утринска емисија на една телевизија е прикажана емисија во која се говори за ,,врдностите,“ на раѓање дете надвор од бракот и брачната заедница . Директниот резултат на се поприсутната голотија во опшеството е појава на неморал во сите негови облици. Прегрнатите момчиња и девојки не се вознемируваат јавно (на сред улица, во парк, трамвај и др.) без никаков срам прават одредени интимни работи, без оглед на присуството на старите луѓе и децата. Препуштајќи се на блуд,алкохол, дрога и др. пороци – кои се појави кои наголемо земаа замав во нашето опшество.Застрашувачки е податокот да само во Скопје има регистрирани преку 3.000 наркомани! А средношколките па дури и ученичките од основните училишта остануваат бремени и со абортус ја прекинуваат бременоста!!!
И другите облици на неморал се се поприсутни од типот на криминал, склоноста на неверност, насилство, злочин, лага, итн. Ова се појави кои, навистина,можат да се поврзат со култот на голотијата, ако во едно опшество страста и копнежот се распространети на секој чекор, доколку срамот опадне до таа мера да жените и мажите не се срамат веќе јавно да ги прават и најинтимните работи,такво опшество , без сомнение, предизвикува морална ерозија.
Неизбежна последица на култниот неморал е и честата прељуба, која пак ,води до уништување на семејството. И , навистина многу семејства се уништени, роднинските врски се прекинати , а комшиските одности , исто така, се пореметени. Чувството на незадоволство, несреќа и безнадежност , полека ги завладува човечките души.Оваа ситуација има намери на влошување на ситуацијата.Се се ова појави кои значајно го потресуваат животот на модерниот човек и се заканува со општа катаклизма. Со еден збор целокуниот живот е деградиран и загрозен.
Како во такви околности да се (со)чувате себе , својата вера, породица, и морал ?Како да ги одгледате и заштите децата од времето на толку големиот неморал?
Во Куранот,кој е упаство и лек за луѓето, имаме приказна (кажување) од Аллаховиот пратеник Јусуф а.с. Се работи за многу интересна приказна ( кажување). Јусуф а.с во својот живот бил изложуван на многу големи искушенија. Тој живеел во време на срам и неморал, кога дури и мажените жени во Египет ( каде бил продаден како роб) вршеле прељуба и тоа јавно го признавале а нивните сопрузи ( мажи) кои тоа го игнорирале. Една од тие жени пробала да го заведе и Јусуф а.с . Долго врме го наведувала на грев користејќи ги сите расположливи средства својата убавина, младост, опшествената положба, повлченоста, додворувањето па дури и закани и други методи. Во Куранот има една сура (поглавје)на едно Јусуфово а.с, искушение – И почна да го наведува на грев таа во чија куќабеше тој, па ги заклучи сите врати и рече:„Пријди!“ „Аллах да ме сочува!“ – извика тој -„Газдата мој убаво се грижи за мене; а тие коидоброто ќе го возвратат со зло никогаш нема дауспеат.“ ( Јусуф 23 )
Младиот Јусуф останал цврст и не подлегнал на искушението. Во кажувањето понатаму се истакнува да сите жени во градот, кои ја виделе Јусуфовата убавина, почнале да му се додворуваат, да го заведуваат. Но, Јусуф а.с на сето тоа се спротивставил.Како го издржал сето тоа младиот Јусуф? Како успеал во опкружување со морална равратност и анарихија да си ја зачува честа и моралот? И на него, како и на нашата младина, пороците им биле достапни а патот кон неморалот значително олеснет.
Куранот, мегу другото, нагласува две одредени причини кои на Јусуф а.с му помогнале да не доживее морален пад. Првата е фактот дека тој се спротивставил на неморалот: Јас сакавна грев да го наведам, но тој се спротивстави (феста сум) , и втората е молитвата која ја упатил Јусуф а.с кој Аллах: “„Господару мој,“ – изговори тој – „помил ми езатворот од тоа кон што тие ме наведуваат! И
ако Ти не ги одвратиш од мене интригите
нивни, јас можам кон нив наклоност да почув-
ствувам и незналец да станам.“
И Господарот негов ја исполни молбата неговаи го спаси од интригите“( Јусуф 33-34 )
Така, Куранското објаснување за Јусуф а.с, ни кажува дека за одржување на верата и моралот одлучувачки ни се два елементи 1.Спртотивставување на неморалот, 2.Барање помош кај Возвишениот Аллах. Тоа е, навистина, голема лекција: На неморалот треба да му се спротивставиме ,а за да успееме во тоа ни треба Аллаховата џ.ш помош.
Да може човек да се спротивстави на неморалот, прво, мора да има изградена свест за тоа што е неморал и каде води тој. Паметните луѓе во светот се свесни за катаклизмата која ја очекува народот со паднат морал. Тие народи и нации денес изумираат и, без сомнение, само враќањето на моралниот начин на живот мозе да ги спаси од комплетна пропаст.Опшеството не може да преживее со хомосексуалци, лезбејки, педофили, вонбрачни заедници, наркомани, алкохоличари, со еден збор не може да се преживее на неморал. за опстанок во опшеството неопходни се моралните ограничувања и поставување на морални закони.Исламотнас не учи дека моралните граници и законите треба да ги разбереме како природни и потребни за нормално функционирање на Земјата.Одовде, моралните ограничувања на верникот муслиман не претставуваат било каква пречка или потешкотија.Напротив, тој во во нив наоѓа смиреност и задоволсто бидејќи само така човекот нема да дојде во пречка со другите закони на Возвишениот Творец вградени во светот околу нас.
Првото спортивставување на моралната ерозија која зафатила безброј опшества, вклучувјќи го и нашето, покрај истакнување на моралните вредности и практично користење на моралниот начин на живот, вклучува групирање и на групи кои промовитаат морал.Овие сили треба да се групираат и да промовираат морал и преку, филмови, театар, електронски и пишани медиуми, упорно фокусирање на негативностите на неморалниот живот со основни практични примери преку кои се добива јасна слика за катастрофалните последици од таквиот начин на живот.Доколку презентацијата биде уметнички и естетски разубавена и биде повеќе застапена во медиумите и филмовите,тогаш може да се очекуваат и подобри резултати, без тоа, се ќе остане на теоретска основа.Спротивставуањето на неморалот не е ни најмалку лесна работа.Тоа бара огромен напор и јака организција.Секако,за да се успее во тоа потребна е срдечна помош и од Возвишениот Аллах џ.ш.Таа помош од Возвишенот треба да се бара постојано. И таа, иншАллах (ако даде Боже) и ќе дојде.
На крајот порака до родителите
Почитувани родители, наскоро ќе дојде крајот на учебната година.Тоа значи дека ќе се зачестат матурските забави и свечености, на кои нашата младина на староримски начин panem et circences (леб и забава) прославува еден дел од завршувањето на школувањето и влегување во полнолетство.Тоа што се прави на тие забави воопшто не е добро.А екскурзиите се посебна приказна! На екскурзиите кои се огранизираат надвор (а и внатре) од границите на Македонија нашите млади луѓе се изложени на бројни обливци на неморал и штетните пороци како за поединци така и за цели групи.Дали разумен и одговорен родител ќе дозволи на своето дете да оди на такви забави ипатувања? Децата се голем благослов од Аллах џ.ш, а најголема одговорност за одгледување и воспитување носи родителот.Возвишениот Аллах го молиме да ни биде на помош! Да почнеме од своите домови.Да бидеме морални да останеме нормални!