Активистки на ФЕМЕН го запалија муслиманското знаме пред големата џамија во Париз

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам колку може да влијаат овие протести на самиот проблем. Ги информира луѓето ама не допира до тие што треба, радикалните исламисти. Ако поентата им е да го информираат светот, што очекуваат? Напад врз државите? Бескорисно ми е. Најдобар протест е да се случи од страна на жените кои живеат таму, кои го доживуваат тоа и да им покажат на мажите во тоа општество дека не го сакаат тоа. А ако овие голи французинки треба да им се мотивација на тие жени, тогаш французинките малку го утнале начинот...
Тоа прашање и јас сакав да го поставам. Како голите француски феминистки ќе ја пробудат свеста во арапскиот свет, кога тамошните жени ниту читаат весници ниту гледаат тв, а за ова нема никогаш да дознаат. Единствено што ќе направат е ќе го навлечат гневот кај верските фанатици, во однос на палење на нивното ценето знаме.
 
Во контра-протести сме барем пред цела европа и Русија :D
Генијален изум на нашите политички мозоци, да истото се случеше кај нас истиот ден ќе излезеа друга група со космонаутски одела и ќе демолираше 5-6 коли, ќе искршеа неколку постојки и знаци...

Ги поддржувам исто колку и дечките кои се борат против copyrights и се за слободното споделување. На големите сили зборот 'демократија' им е параван за нафта и други ресурси.
 
Токму децата и мене ме бунат. Дали има мајка која нема да застане како жртва за своето дете? Неможам да разберам некој да ми ја „продаде“ ќерката на 10 години на некој старец и јас да го почитувам? Абе ќе го лежам еј, без да помислам ни 3 секунди ќе ја изнесам од земјата. Не маж, не Шеријатски закони никој нема да ме сопре да и овозможам живот.
Каде е мајчинството, каде е таа желба за живот неможам да ја видам во нив.
--- надополнето: 5 април 2013 во 14:12 ---
Тоа прашање и јас сакав да го поставам. Како голите француски феминистки ќе ја пробудат свеста во арапскиот свет, кога тамошните жени ниту читаат весници ниту гледаат тв, а за ова нема никогаш да дознаат. Единствено што ќе направат е ќе го навлечат гневот кај верските фанатици, во однос на палење на нивното ценето знаме.
И во Тунис беа, имаат и огранок таму. Ќе стасаат и до Арапските земји полека полека.
Прашањето е што остатокот од луѓето прават?
Исто ми се допаѓаат Анонимус, имаат интересен начин на борба. Можеби идејата е да се поттикнат повеќе здруженија да реагираат, а не да перат пари.
 
Веднаш да се казнат ороспииве што го врејџаат Аллак џ.ж. и мирољубивиот ислам.
 
Да беа забулени, пораката ќе беше посилна.

Мене не ми се допаѓа ваквиот начин на „протест“.
Постојат луѓе кои ќе направат повеќе за било која кауза, притоа не ни појавувајќи се во јавност, отколку овие, кои, бидејќи „ослободени“, мислат дека покажуваат којзнае што со голи гради.
 
Внимание може и облечен да привлечеш. Еве го резултатот од тоа “привлекување внимание“. На темава 90 посто од постовите се зошто се соблекле, а не за каузата и целта на протестот.;)
Од дрвата (или цицките) не ја гледате шумата.
Тоа ти е како кога добра книга ќе им дадаш на група луѓе, ако 90 проценти од нив ја разберат ќе дојдеш одприлика до вообичаениот просек. Останатите ќе дискутираат разни баналности како голотијата...


...кога ќе прочитам вест како некој шеик ја убил од ќотек онака од кеиф ми доаѓа жал како жена, сепак веднаш заборавам кога ќе се потсетам дека не реагираат.
Toa што не реагираат IRL е сосема оправдно, со оглед на околностите/средината.
Ама тоа што плукаат по интернет по сите оправдани напади на затуцаноста на денешените муслумански општества... е тоа иритира многу. Борба баш за нивни права ја разбираат како напад против религијата, од што не гледаат подалеку од носот...
Не е дека мотивите на девојкиве од Фемин и од авион не се гледа дека се универзални, па јеботе кога можеа на папата да му се пуштат и да го избламираат, зарем еден мочано знаме запалување ги прави исклучиво антимуслиманки.

Да земат да го истрижат и да го избричат, па да го намачкаат со катран и перја овој нашиов г-дин г-дин, јас не само што не би се лутел туку и пијачка би ги честел. Само затуцан глупак и игнорамус тие фаци на чело на нивните институции, цркви и џамии, ги поистоветува со религијата. Во денешно време не треба да си гениј ниту треба да те убедува некој, во фактот дека денешниве религиозни институции всушност се корпоративни форми на власт и искористување на простата раја.

Од друга страна кај муслиманките еманципацијата тек започна, со време (и со пристапот кон информации преку интернет) ќе се сменат работите... ама ќе треба подоста време изгледа. ЈБГ, само нека не се жалат кога ги обрежуваат по дифолт или ги каменуваат за ебено држење раце со момче.
 
Што мислат луѓето за протестов:
ФЕМЕН - колку сме храбри и голи во време кога ние жените сме угнетувани.
Мусиманите - Го запалија знамето голи жени, навреда за Исламот.
Христијаните - Meh.Голи жени.
Жените - Ауу не е прав начин, голи се, пораката не е испорачана како треба.
Мажите - цицки.
Јас - Три саат е. Време е ручек да си спремам.
 
Јас незнам во нивните протести некој да им гледа во цицките. Баш им се експлозивни протестите, секогаш завршуваат со апсење и влечење. Папата кога си заминуваше каков одбор за испраќање му направија секоја чест. И претежно нивните тела се изнапишани со пароли, го користат своето тело за натписи, а рацете ги користат овој пат за палење на знаме кое потикнува радикален ислам и тоа пред џамија.
Требало внатре да влезат пиштол голи во среде џамија.
http://www.imdb.com/title/tt1352388/?ref_=fn_al_tt_1
 
Е па, кога ги нема мажите да излезат голи во знак на протест против радикалниот ислам, секако дека жените ќе го направат тоа, секоја им чест на девојките, иако лично не верувам дека нивниот протест ќе има некаков сериозен ефект врз државите со мнозинско муслиманско население.

Мене не ме плаши моментот дека во Саудиска Арабија денес е најстрашно да се родиш како жена, бидејќи знам кога тогаш и во тој радикален свет ќе дојдат промени, дали милум или силум ќе дојдат. Исто како што се случи Арапската пролет, ќе се случи и тој пресврт во тие земји.

Мене она што ме плаши денес најмногу е враќањето кон религијата и широк замав на религиозните фанатици ширум земјите. Намето да се движиме напред кон еднакви права и слободи, голем дел потпаѓаат под радикалниот ислам и се враќаат пет века наназад. Тој радикален ислам е најстрашното нешто што може да се случи во Светски рамки, бидејќи прифаќајќи го него сама ќе се забулиш и покориш пред Шеријатските закони.

Идеме назад во процесите, тоа не смее да го дозволиме. Додека ние немо гледаме што се случува и тоа во нашата земја, они ловат нови жртви. Нема потреба да гледаме подалеку од себе си нели? Дали видовте жена на радикалните протести кај нас? Дали вие воопшто видовте жена да им коментира по социјалните мрежи? Јас познавам муслиманки доволно да кажам дека се далеку од вера и религија, али што е со мнозинството? Зошто се понашаат како да се во Саудиска Арабија?

Чекај малку, ти всушност позитивно гледаш на таканаречената Арапска пролет ?

Е па, не треба воопшто да гледаш позитивно на таа таканаречена Арапска пролет, чие што вистинско име е Арапска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси има донесено се и сешто, освен слобода и демократија.

Во тазе "демократизираниот" Тунис, исламистички муфтии повикуваат на стерилизација на еврејските жени, во тазе "демократизираниот" Египет се палат коптски христијански цркви и се убиваат коптски христијани, во тазе "демократизираната" Либија се вршат апсења на секој кој на било каков начин го едуцира населението на религија која нема никаква поврзаност со исламот, најтазе пример се американски граѓани кои беа уапсени бидејќи делеле бесплатни примероци од Библијата, додека истовремено во државата беснее граѓанска, племенска и секташка војна помеѓу таканаречената демократска влада на Либија која го собори и го масакрираше Моамер Гадафи откако тој се предаде, и либиските племиња и секташки групи, но и таканаречените борци за слобода и демократија кои западот ги поддржуваше, финансираше и вооружуваше, а сега испаѓа дека покојниот Гадафи бил во право кога за нив говорел дека не се поранешни политички затвореници, туку се поранешни криминалци, убијци, крадци, шверцери, силувачи, педофили и што ли уште друго не.

Ќе ме извиниш, но јас лично не верувам дека со вакви луѓе еден народ може да се избори за слобода и демократија, а со тоа по автоматизам и за реформи и за еднакви права и еднаква застапеност за жените на исто ниво со мажите во општеството и во општественото уредување.

Во Сирија, во која на власт е тој брутален диктатор Башар ал Асад, кој не кренал рака врз неисламското население во Сирија, меѓу кои добар дел се Евреи, таканаречените борци за слобода и демократија веќе имаат упатено предупредувања до неисламското население дека откако ќе дојдат на власт, за немуслиманите нема да има место во "демократизираната" Сирија.

Но настрана политиката и религијата, во овие држави тазе "демократизирани" од страна на таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси донела се и сешто, освен слобода и демократија, забрането е за жена да излезе на јавно место без да биде придружувана од страна на маж, кој мора да биде муслиман по религија и мора да биде во роднинска врска со жената.

Во Египет, војниците имаат право да ја тестираат девственоста на жената која ќе се осмели сама да излезе на улица, а да не биде покриена во бурка од глава до пети, а како капак на се, е немажена. Тестот на девственоста се состои од пикање на рацете на војникот во меѓуножјето на жената за да се открие дали сеуште е девица или не, бидејќи спротивно е на исламистичкиот шеријат немажена жена да ја изгуби девственоста.

Сето ова се случува со амин на САД, западноевропските држави, како и на Саудиска Арабија, која крваво ги задушува протестите и немирите во Бахреин и во други места кои не се дел од нејзината територија. Додека во Египет се палат коптски христијански цркви, се убиваат коптски христијани и се вршат таканаречените тестови на девственоста, САД одвоија кредит од 1 милијарда американски долари за египетската влада предводена од страна на радикалното исламистичко движење наречено Муслиманско Братство, кое беше нелегално за време на владеењето на поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, донираат американски борбени авиони за египетската воена авијација, а случајно или не, египетската влада има нарачано 2 подморници од Германија чија што вредност изнесува приближно 1 милијарда американски долари.

Освен Бахреин, веќе има протести и немири во тазе "демократизираните" Тунис и Јемен, но истите се задушени од страна на полицијата и војската, а западот едноставно си молчи, од веќе познати причини - западот никогаш не го интересирало ширењето на слободата и демократијата во државите во кои нема слобода и демократија, од секогаш го интересирало, го интересира и ќе го интересира само профитот кој ќе го оствари од соработката со тамошните влади, без разлика како тие влади ги третираат сопствените граѓани и малцинствата.
 
Потполно ги поддржувам, не затоа што го запалија муслиманското знаме туку за идејата за ослободување од тие затуцани морали, премногу луѓе патат ради лажни верски морални вредности.
 
Гарант! И на таван спијат. Бош муабети.
--- надополнето: 5 април 2013 во 11:50 ---

Кажи и на муслиманката феминистка да ми ја попуши. Наједноставно да одговорам.
И плус прашај ја што има она направено за жените од нејзината вера на кои им треба најмногу помош? Shut the fuck up!
Мразам неактивни луѓе кога плукаат активност, мразам.
mars-u-kuhinju.jpg
 
Браво за девојките, вака треба додека не се искорени злото наречено религија. (y)
 
Мене лично ме интересира зошто се дозволи и сеуште се дозволува цела Европа да биде преплавена со Муслимани од Блискиот Исток,кога повеќе од очигледно е дека тој процес ја носи Европа во потенцијален религиски судир.Зарем верувате вие дека наводно Европа и нејзините раководни структури не би знаеле ништо за Исламот,лоботомијата и навредата за човекот кои се својствени за таа политичко-воена доктрина па туку-така наивно би дозволиле преселба на милиони забрадени и со радикализам задоени Арапишта кои ја косат и уништуваат европската култура и впрочем уништуваат се што ќе им се најде на нивниот пат.Јас лично имам впечаток дека работите се туркаат во правец на исполнување на пророштвата од светите книги на трите аврамски религии,прашање е дали воопшто сум во право но сепак тоа е моја лична перцепција на работите.
Тоа што две феминистки одлучиле да го запалат знамето на радикалниот Ислам нема никакво значење,дури ни порака.Сите знаеме што претставува и каква религија е Исламот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom