Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
:)

Абе луѓе, убаво се забавувате ама морам да ви посочам на еден пропуст. Јас НЕ ви советувам како да воспитувате деца. Дека коментирам како јас мислам дека не се воспитуваат деца, тоа да, го правам.

Но поентата е друга. Јас ги КРИТИКУВАМ резултатите од тоа воспитување. Секако сум компетентен да го правам тоа, и не најмалку затоа што сум засегнат.

Се надевам дека нема сега да се расправаме и за што е тоа воспитано дете. Обвинувате дека одиме во крајности ама и вие го правите тоа уште повеќе. Не да седи детето "како на погреб", ама не и да малтретира со урлање, врискање, плачење... итн. Како сакате кажете, ама тоа по било која дефиниција НЕ Е ВОСПИТАНО ДЕТЕ.

wot
Не заебавај сеа и ти, ако детето е болно и има мака, нормално е да плаче. Ама кажи искрено ако е болно ШТО К ТОГАШ АЈВАНСКИТЕ ПРОКРЕАТОРИ ГО ДОНЕЛЕ ВО РЕСТОРАН??!?

Или сакаш да кажеш дека по твојот критериум е нормално детето да плаче и вреска за секоја ситница?
И не само тоа, туку и демек ние "неискусните" треба по дифолт да го трпиме тоа??
 
Кој нема покрај него 24 саати дете, нема право да паметува како се воспитуваат деца, па макар тоа било психолог, педагог...Есапот дома и на пазар не е исти.

Кој тука советува како да се воспитуваат деца? Никој.
Исто така, кој има деца 24 часа нема право истите да му ги тура на нос на оној кој нема.
 
Не ги скокај постовите, читај под ред.

Таман работа, на пума, ванлок и лејди 24 часа некој им тура деца на нос :rolleyes:
 
Ако си сакаме деца, ќе си ги родиме.
Ако не сме си ги родиле, зошто бре некој би ни турил?
Кој си ги родил, тој нека си ги мисли :love:
--- надополнето: 8 септември 2013 во 02:06 ---
Кој тука советува како да се воспитуваат деца? Никој.
Исто така, кој има деца 24 часа нема право истите да му ги тура на нос на оној кој нема.

Срц, мор ко ќе го родиш тоа малото, рака под рака да им урламе на брижниве :D
Страв ми е само оти ќе речат ,,вии шо лоша мајка, си го плаче детето по ресторанТи,, :D
 
Не кажувам ниту јас дека е секојдневна појава, но е појава.
Можеби затоа што една од работите ми е угостителска, па почесто од другите го гледам ,,нештото,,.

Вака нема логика. Ако тоа е изолиран случај (примерот со пелената) онда треба и да се третира како изолиран случај, како пример за некултура, како дефиниција за непримерно однесување, али никако како аргумент во дискусијава. Нарочито не кога насловот е толку несреќно поставен.

Ако го тргнеме насловот на страна и се задржиме единствено на локали кои би спроведувале поинаква политика кога се деца во прашање - темава брзо ќе замре. Со оглед на тоа што тој/тие локали би биле приватен бизнис, што секој сопственик на приватен бизнис има слобода да одлучи со кој тип на клиенти ќе соработува - не се остава многу простор за дискусија. Ама, темава goes on and on, а таквите локали ретко каде се спомнати.

Така да, можеме да бидеме искрени. Ставете каков сакате наслов, темава не е за ништо друго освен за нетрпеливоста ( а ова е благ термин за она што се пишува овде) на одредени индивидуи за ситуација „галама“ или „неред“, створена исклучиво од деца.
 
Ако го тргнеме насловот на страна и се задржиме единствено на локали кои би спроведувале поинаква политика кога се деца во прашање - темава брзо ќе замре...

Ставете каков сакате наслов, темава не е за ништо друго освен за нетрпеливоста...
Не разбираш.
Аспектот со рестораните е само дел од многу поголемиот проблем, проблемот на состојбата со нивото на воспитание на денешниве деца.

Ова е проблем за кој се разбира не се криви децата, туку родителите.
Некои за овој драстичен пад во воспитувањето го криват денешниот начин на живот, но тоа е само дел од вкупната состојба. Главениот проблем е мрзливоста.

Никој тука не го "учи" никој како да воспитува деца. Ама за резултатите на тоа (не)воспитување и тоа како може и треба да се разговара.
Зошто тие невоспитани деца не ги малтретираат само мрзливите родители, туку и сите други окулу нив.

Темава опфаќа повеќе аспекти на еден сложен проблем... Рестораните се само еден еклатантен пример.
 
Вака нема логика. Ако тоа е изолиран случај (примерот со пелената) онда треба и да се третира како изолиран случај, како пример за некултура, како дефиниција за непримерно однесување, али никако како аргумент во дискусијава. Нарочито не кога насловот е толку несреќно поставен.

Ако го тргнеме насловот на страна и се задржиме единствено на локали кои би спроведувале поинаква политика кога се деца во прашање - темава брзо ќе замре. Со оглед на тоа што тој/тие локали би биле приватен бизнис, што секој сопственик на приватен бизнис има слобода да одлучи со кој тип на клиенти ќе соработува - не се остава многу простор за дискусија. Ама, темава goes on and on, а таквите локали ретко каде се спомнати.

Така да, можеме да бидеме искрени. Ставете каков сакате наслов, темава не е за ништо друго освен за нетрпеливоста ( а ова е благ термин за она што се пишува овде) на одредени индивидуи за ситуација „галама“ или „неред“, створена исклучиво од деца.

Jас поискрена од ова не можам да бидам, и зошто цело време го протнувате моментот ,,неискреност,,?
Ова не е мој наслов на темата, тој што го ставил нека му ја мисли.
Првиот си беше добар, му фалеше дополнување, односно ,,Забрана за деца на јавни места од приватен карактер,,.

Воведот на темата е стрикно насочен кон ресторани и останати слични места.
Нема простор за нејаснотии.

Изолиран случај може да биде било кој батка што ќе дојде и ќе ме фати за цицка во кафич, ама погоди што ќе му направи обезбедувањето?
Ќе го праша некој дали е тоа изолирано или не е?

Разликата е во тоа што ,,слаткиот неред,, на децата се толерира секаде, на несреќа на вработените и останатите муштерии, додека возрасниот ,,неред мејкер,, си го јаде поштено.

Нетрпелива сум кон многу работи, кон гласни тетки во автобус, гомна од кучиња на улица, досадни комшии, глупи колеги итн..
Но, има една суштинска разлика, која некако на сите им ,,бега,, - јас МОРАМ да живеам до тие комшии, морам да трпам секакви будали во ЈСП, морам да гледам кучешки гомна на улица - ебаго, не морам да трпам ничие малтретирање онаму каде што плаќам за никој да не ме малтретира.
 
Твоите случки се претежно за време на твоето работно време, дека нели таква ти е работата. Не плаќаш за малтертирањето, те плаќаат :icon_lol: Уживај, и пушти срце, како што гледам тебе се те нервира Пумче, посети некоја твоја колешка или колега.
 
Како драга заклучи дека ми се ,,претежно,, на работното време?
Делумно, односно, една четвртина ми се таму, ако толку те интересира.
И додека сум таму, веројатно не го прочита тоа, имам секое право да замолам секој непочитувач на редот да си замине.
И не само јас, сите ние. Одлука на менаџерот.
 
Те читам бе Пумче (често се прашувам и зошто), секоја случка ти е денес на работа, вчера на работа итн.

И каде е проблемот на толку плачење на темата? Ако ти смета дете ги замолуваш родителите да излезат и гото. Ете го имаш правото.
Уствари сега ми текна, ти чекаш да ти се обрне внимание и да ти кажат „Драга Пумче се извинуваме што детето ти извалка блуза од 6000 денари...и онака широк осмев од мајката и трепка со очи„ Па и шо ти е гајле после за блузата, дур и ќе викнеш рунда за родителите.
 
реален пример за она што се спори. Додека си таму, што вели газдата на тоа што ги замолуваш да си одат оние кои сметаш дека треба да си одат? Ете некое такво дете чии родители немаат баш осет или некои се испијаниле и досаѓаат или циганче со жолт лепак околу уста...како функционира тоа кај вас? И што се случува (ако бизнис политиката ви е во тој правец) ако тие персони не ве послушаат?
 
Наташке, ти читаш, ама не дочитуваш :D
Користам примери од угостителската работа, но многу повеќе од моментите кога сум потрошувач, но тебе не ти одговара тоа, па како комшика на плот си измислуваш работи.

Проблемот е Наташке, во тоа што родителите не се свесни дека не можат секаде исто да се однесуваат.
Да ти објаснам попрецизно, ако пример, во Ања е нормално да трчаат деца, кај нас не е.
Дозволено е да трчаат деца САМО и САМО ако нема други муштерии и ако не прават штета (односно, не кршат, не фрлаат по земја, не расфрлаат работи...). Во сите останати случаеви им е дозволено движење, но никако и пикање под маса на муштерија.

Е сега, најчесто родителите кога ќе ги опоменеш си го сфаќаат тоа сериозно и или ги прибираат децата, или си одат - проблемот е што тие НЕ ЗНААТ при влегувањето дека е тоа така.

Мене ми е сеедно, знаеш, секако ќе ми ја платат сметката, а фала богу работа има колку сакаш, рандом родител со бебе не значи многу, ниту е па таргет група - но не им е, и не треба да им биде сеедно на родителите. Тие не знаеле дека кај нас (или кое е и да е слично место) не е дозволено нешто.

Е сега, доколку овој ресторан стави до знаење што се толерира, а што не - родителите со кенкави деца нема да влезат и нема да си ги трошат парите на место од кое најверојатно ќе бидат замолени да си заминат.

Ти, како родител, што ти е подобро - да знаеш дека тука не може да се игра брканица однапред, или сакаш накнадно персоналот да те замоли да си ги прибереш децата?
--- надополнето: 9 септември 2013 во 01:12 ---
реален пример за она што се спори. Додека си таму, што вели газдата на тоа што ги замолуваш да си одат оние кои сметаш дека треба да си одат? Ете некое такво дете чии родители немаат баш осет или некои се испијаниле и досаѓаат или циганче со жолт лепак околу уста...како функционира тоа кај вас? И што се случува (ако бизнис политиката ви е во тој правец) ако тие персони не ве послушаат?

Тоа е барање на сопственикот, пред се.
Имавме неколку случаеви каде што битни и редовни муштерии револтирано си заминаа (и не се вратија) токму поради овој проблем.
Од тогаш деца се добредојдени, но само ако не прават штета.
Самиот сопственик има мали деца, свои, па не ги остава што сакаат да прават.

Ако нас не не послушаат (а сме дискретни до тој степен што им шепкаме), или ако направат поголем проблем, има обезбедување кое ќе го реши проблемот.
Среќа, никогаш не стигнало до таму.

Излегуваме во пресрет на сите (по наша волја, како персонал) и буквално сме чувале деца и сме ги анимирале, затоа што не секое дете кое сака да си игра спаѓа во групата ,,невоспитани деца,, - но се има свои граници.

Никогаш не било и нема да биде дозволено менување пелена или хранење на дете низ цел локал.
Се јаде седнат на маса, не под маса, не кај други на маса, не во сред локал.
 
Не разбираш.
Аспектот со рестораните е само дел од многу поголемиот проблем, проблемот на состојбата со нивото на воспитание на денешниве деца.

Ова е проблем за кој се разбира не се криви децата, туку родителите.
Некои за овој драстичен пад во воспитувањето го криват денешниот начин на живот, но тоа е само дел од вкупната состојба. Главениот проблем е мрзливоста.

Никој тука не го "учи" никој како да воспитува деца. Ама за резултатите на тоа (не)воспитување и тоа како може и треба да се разговара.
Зошто тие невоспитани деца не ги малтретираат само мрзливите родители, туку и сите други окулу нив.

Темава опфаќа повеќе аспекти на еден сложен проблем... Рестораните се само еден еклатантен пример.

Овој твој пост е комплетно различна тема, со различни елементи и фактори кои овозможуваат (различна) дискусија од оваа овде, а овде не се дискутира за тоа, туку просто за разгаламени деца во кафич. Ако веќе разговараме на таа тема, тогаш главниот проблем би требало да биде „во какви личности ќе израснат децата кои растеле со мрзливи и незаинтресирани родители?“ Ако веќе навистина постои драстичен пад во воспитувањето, тогаш најмал проблем ни е галамата по кафичите и „малтретирањето“ што може да ти го приреди 5, 6, 7 годишно дете. Ако овој пад е реален, тогаш ние се соочуваме со проблем кој може да има фатални последици на општествено ниво.

Интересно во твојот пост е што ти комплетно се огради од овие прашања и се фокусираше (повторно) единствено на импликациите кои однесувањето на тие деца можат да ги имаат на тебе. Тебе не ти е гајле (според напишаното) кој како ги воспитува децата, се додека тие деца тебе не те „малтретираат“. Ти не нудиш решение, едноставно се жалиш. Секако, ова пак не враќа на моментот со рестораните, кафичите, авионите и сл, односно на моментот каде деца што прават галама тебе ти го реметат мирот, кафето, ручекот итн.

Ако грешам, се извинувам однапред, ама мислам дека новиов наслов во оваа (морам да кажам) смешна форма беше твоја идеја. Насловов, покрај тоа што е смешен, делува и како напад врз деца кои имаат едноцифрена бројка за години. Еднаквост за сите прекршители? Молим те, со кој памет муабетов?
--- надополнето: 10 септември 2013 во 01:26 ---
Jас поискрена од ова не можам да бидам, и зошто цело време го протнувате моментот ,,неискреност,,?
Ова не е мој наслов на темата, тој што го ставил нека му ја мисли.
Првиот си беше добар, му фалеше дополнување, односно ,,Забрана за деца на јавни места од приватен карактер,,.

Воведот на темата е стрикно насочен кон ресторани и останати слични места.
Нема простор за нејаснотии.

Изолиран случај може да биде било кој батка што ќе дојде и ќе ме фати за цицка во кафич, ама погоди што ќе му направи обезбедувањето?
Ќе го праша некој дали е тоа изолирано или не е?

Разликата е во тоа што ,,слаткиот неред,, на децата се толерира секаде, на несреќа на вработените и останатите муштерии, додека возрасниот ,,неред мејкер,, си го јаде поштено.

Нетрпелива сум кон многу работи, кон гласни тетки во автобус, гомна од кучиња на улица, досадни комшии, глупи колеги итн..
Но, има една суштинска разлика, која некако на сите им ,,бега,, - јас МОРАМ да живеам до тие комшии, морам да трпам секакви будали во ЈСП, морам да гледам кучешки гомна на улица - ебаго, не морам да трпам ничие малтретирање онаму каде што плаќам за никој да не ме малтретира.

Пума, не ти се обраќав директно на тебе со муабетот за искреноста, едноставно, со тебе ми иде цитирањето. :D

И се сложувам дека темава ќе имаше повеќе смисла ако си останеше првичниот наслов, без разлика колку јас лично не се сложувам со поставеноста на работите во таа смисла.
Поентата со изолираниот случај беше дека не може да послужи како валиден аргумент во тековната дискусија, не дека треба да се дозволи или оправда само заради тоа што е изолиран случај.
 
...главниот проблем би требало да биде „во какви личности ќе израснат децата кои растеле со мрзливи и незаинтресирани родители?“
Глевниот проблем навистина е во цитатов од твојот пост. Но ТЕМАВА НЕ Е ЗА ТОЈ ПРОБЛЕМ.

Темава НЕ се однесува на решавање на проблемот на денешното (не)воспитување. Иако некогаш се протнуваат и такви муабети.
Тоа е таа засебна тема, таа која ти ја спомнуваш.

Значи да, во право си кога велиш каде е најголемиот проблем. Но оваа тема се однесува пред се на отклонување на некои од последиците од тој проблем. Имено малтретирањето.

Така да, не си во право кога велиш дека темава или насловот се со промашена содржина. Таман се и насловот и темата.
Претходниот наслов гласеше "Забрана за деца во..." и резултираше со поретардирани муабети и од сегашниве. Погрешен беше тој наслов, не треба да се забранат сите деца, зошто има и воспитани деца.

Решението во овој случај е ДА НЕ СЕ ТОЛЕРИРААТ МАЛТРЕТИРАЊАТА, и затоа насловот е заменет во сегашниот.
 
Чекај да видам дали добро те разбирам за болдот.
Значи признаваш дека постои проблем од поголеми размери, а кој се однесува на недоволното или несоодветното воспитување на идните генерации, но она за што ти си заинтересиран е како да се отстрани само дел (или последица) на тој проблем.
Имено, малтретирањето (на тебе и твоето секојдневие).

Ако е така, мене ова ми личи на себичност и егоизам.
А тебе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom