Те читам бе Пумче (често се прашувам и зошто), секоја случка ти е денес на работа, вчера на работа итн.
И каде е проблемот на толку плачење на темата? Ако ти смета дете ги замолуваш родителите да излезат и гото. Ете го имаш правото.
Уствари сега ми текна, ти чекаш да ти се обрне внимание и да ти кажат „Драга Пумче се извинуваме што детето ти извалка блуза од 6000 денари...и онака широк осмев од мајката и трепка со очи„ Па и шо ти е гајле после за блузата, дур и ќе викнеш рунда за родителите.
Наташке, ти читаш, ама не дочитуваш

Користам примери од угостителската работа, но многу повеќе од моментите кога сум потрошувач, но тебе не ти одговара тоа, па како комшика на плот си измислуваш работи.
Проблемот е Наташке, во тоа што родителите не се свесни дека не можат секаде исто да се однесуваат.
Да ти објаснам попрецизно, ако пример, во Ања е нормално да трчаат деца, кај нас не е.
Дозволено е да трчаат деца САМО и САМО ако нема други муштерии и ако не прават штета (односно, не кршат, не фрлаат по земја, не расфрлаат работи...). Во сите останати случаеви им е дозволено движење, но никако и пикање под маса на муштерија.
Е сега, најчесто родителите кога ќе ги опоменеш си го сфаќаат тоа сериозно и или ги прибираат децата, или си одат - проблемот е што тие НЕ ЗНААТ при влегувањето дека е тоа така.
Мене ми е сеедно, знаеш, секако ќе ми ја платат сметката, а фала богу работа има колку сакаш, рандом родител со бебе не значи многу, ниту е па таргет група - но не им е, и не треба да им биде сеедно на родителите. Тие не знаеле дека кај нас (или кое е и да е слично место) не е дозволено нешто.
Е сега, доколку овој ресторан стави до знаење што се толерира, а што не - родителите со кенкави деца нема да влезат и нема да си ги трошат парите на место од кое најверојатно ќе бидат замолени да си заминат.
Ти, како родител, што ти е подобро - да знаеш дека тука не може да се игра брканица однапред, или сакаш накнадно персоналот да те замоли да си ги прибереш децата?
--- надополнето: 9 септември 2013 во 01:12 ---
реален пример за она што се спори. Додека си таму, што вели газдата на тоа што ги замолуваш да си одат оние кои сметаш дека треба да си одат? Ете некое такво дете чии родители немаат баш осет или некои се испијаниле и досаѓаат или циганче со жолт лепак околу уста...како функционира тоа кај вас? И што се случува (ако бизнис политиката ви е во тој правец) ако тие персони не ве послушаат?
Тоа е барање на сопственикот, пред се.
Имавме неколку случаеви каде што битни и редовни муштерии револтирано си заминаа (и не се вратија) токму поради овој проблем.
Од тогаш деца се добредојдени, но само ако не прават штета.
Самиот сопственик има мали деца, свои, па не ги остава што сакаат да прават.
Ако нас не не послушаат (а сме дискретни до тој степен што им шепкаме), или ако направат поголем проблем, има обезбедување кое ќе го реши проблемот.
Среќа, никогаш не стигнало до таму.
Излегуваме во пресрет на сите (по наша волја, како персонал) и буквално сме чувале деца и сме ги анимирале, затоа што не секое дете кое сака да си игра спаѓа во групата ,,невоспитани деца,, - но се има свои граници.
Никогаш не било и нема да биде дозволено менување пелена или хранење на дете низ цел локал.
Се јаде седнат на маса, не под маса, не кај други на маса, не во сред локал.