Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
ДА!!! за забрана за деца во некои јавни објекти. Не дека мразам деца, непротив, ги сакам многу. Многу мои блиски луѓе имаат мали деца и многу често знам да се спуштам на нивно ниво, да поиграм со нив некоја детска игра. Но не е проблемот во децата, туку во нивните родители. Тие очекуваат дека ке седнат во ресторан и детето ке седе по крај нив, ке зјапа со саати во менито, ке разговара за цените итн. На децата ни најмалце не му е интересно тоа, па си наоѓаат друга занимација и ги реметат сите одоколу за да добијат малку внимание. Па добро ако мало дете што е 20+ години помало од тебе не успееш да го прочиташ као селски буквар и не знаеш шо му е интересно а шо не ,и не успееш бар саат-два да го задржиш на едно место, на кого тогаш можеш да му бидеш интересен. Епа дежурни забавјачи у рестораните, парковите,автобусите нема. И ако веке некој сака да си игри со туѓи деца ке отиде во градинка или кај пријатели шо имаат мало дете а не во кафиќ.
 
И јас сум против деца тамо кај што возрасните се играат.
 
РЕСТОРАН ЗА ОБРОК СО ВОЗРАСНИ

Во напад на идеја која ви дојде на сите вас што летово бевте на одмор без деца, ресторан од Хјустон одлучи да забрани влез за деца во локалот по 19 часот.
La Fisheria забраната ја објави на Фејсбук и таа важи за деца до 7 години. Како и се' на Фејсбук и тука пола биле воодушевени од идејата, а половина одма се кренале на бунт.

"Луѓето - пред се возрасните - излегуваат најчесто околу 19 часот. Ние само се обидуваме нив да ги испочитуваме. Ние не бркаме никого. Само се обидуваме да бидеме фер со сите наши муштерии бидејќи, како што реков, отвораме во 17 часот, а тоа е добро време за помладите деца да дојдат и да уживаат во храна со нивните семејства," објаснила ко-сопственичката на ресторанот.

Од персоналот на La Fisheria изјавиле дека мерката делумно била инспирирана откако неколку муштерии си заминале од ресторанот заради дечурланата што се дереле.

Во репортажата за веста, Фокс њуз забележува дека претходно еден друг ресторан од Хјустон се обиде да го направи истото со гостите под 16 години. Подоцна ресторанот пропадна, меѓутоа не мора да значи дека тоа причина за неуспехот. Слично минал и ресторан од Бруклин кој одлучил да не прима деца по 16 часот.
 
Обично е чудно (а и не е пожелно) дете под 7 години да шета во 11 ноќе...
 
Во репортажата за веста, Фокс њуз забележува дека претходно еден друг ресторан од Хјустон се обиде да го направи истото со гостите под 16 години. Подоцна ресторанот пропадна, меѓутоа не мора да значи дека тоа причина за неуспехот. Слично минал и ресторан од Бруклин кој одлучил да не прима деца по 16 часот.

Јасно е дека тоа е причината. Во САД родителите работат до 5-6 поручек и после одат на вечера. Нормалниве ресторани (не зборам за висока класа малку јадење голема цена места) највеќе пари прават од семејства со деца.
 
Пропаѓаат ресторани и онака, а примаат деца :) Не можеме да заклучиме туку така што им е причината.
 
Добро, јасно...има многу фактори. Ама ако им одело фино, па оп смениле правила - сигурно тоа е еден од факторите.
 
Можеби, не можеме ништо со сигурност да тврдиме без никакви точни информации.
 
Мене нешто друго ми се врти низ глава... Како. бре, родителите на тие деца си поминуваат убаво во ресторан, ако детето изводи, вриска, трча и сл.? Ние кога бевме мали не носеа по ресторани. Моите со друштвото си се собираа секој викенд во еден ресторан во Дебар Маало, не носеа и нас. Јас немав повеќе од 4-5 години. Ама не се сеќавам еднаш да сум станала или да сум досаќала. Уште од мали знаевме дека кога седиме со возрасни, се седи мирно и пристојно и се зборува само ако некој те праша нешто или ако имаш некаква потреба. Ако писневме, мајка ми имаше еден убиствен поглед и одма знаеш дека си претерал. Ако имаш дете што изводи ( и никој не може да ме убеди дека родителот не е крив затоа што детето е безобразно и не почитува никого, па ни самите родители ) не го носи на места кадешто има други луѓе. Гарантирано никој нема да си помине убаво, ни вие, ниту тие околу вас.
ПС: ова го кажува идна мама. :)
 
Муабетов малку Луизијански од црнечко време ми е, нормално прилагоден на денешницава. :icon_lol:
Нели и сега си има ресторани со налепници Го задржуваме правото да не служиме, ако не сакаме.

Можам да кажам дека, да, вриштење, кенкање и беснеење навистина смета некогаш, а и искрено од моја гледна точка деца нема што многу да бараат во ресторан. Еве јас лично кога треба да одам некаде со децата мои, одиме во места што имаат игралиште во склоп на објектот или сл.

Ама да се спроведе како општо правило, тогаш сум против. Ако веќе една дискриминација проаѓа за наш комодитет, тогаш да ги отвориме ливчињата сите, па да направиме списоци какви лица не сакаме до нас. Гарант децата ќе бидат процентуално најмалку застапени.
 
Нене, тоа е тој муабет :)
Жалосно е детето да ти писка, плаче, урла, а ти мирно да го посматраш сето тоа.
Или уште пострашно, да се спуштиш на негово ниво и онака, да му се дереш или да го рашлапаш во сред кафич.

Не се криви децата, родителите не се воспитани.
--- надополнето: 13 август 2013 во 02:05 ---
Муабетов малку Луизијански од црнечко време ми е, нормално прилагоден на денешницава. :icon_lol:
Нели и сега си има ресторани со налепници Го задржуваме правото да не служиме, ако не сакаме.

Можам да кажам дека, да, вриштење, кенкање и беснеење навистина смета некогаш, а и искрено од моја гледна точка деца нема што многу да бараат во ресторан. Еве јас лично кога треба да одам некаде со децата мои, одиме во места што имаат игралиште во склоп на објектот или сл.

Ама да се спроведе како општо правило, тогаш сум против. Ако веќе една дискриминација проаѓа за наш комодитет, тогаш да ги отвориме ливчињата сите, па да направиме списоци какви лица не сакаме до нас. Гарант децата ќе бидат процентуално најмалку застапени.

Со тоа што, циганите не ги пуштаат да пијат кафе во кафич, затоа што смрдат. И да имаат пари.
Не е тоа дискриминација?
Чие дете вреди повеќе од обичен циган, нели?

Ако возрасен човек се однесува непристојно, никаде не го трпат.
Не е дискриминација ако возрасен го избркаат, ама дискриминација е ако е дете?

Не треба со прст да се покаже во децата, туку во родителите.
Родителот е одговорен за однесувањето на детето, и ако однесувањето на детето е непристојно, родителот е виновен. Односно, родителот треба да биде одстранет, исто како што би бил ако самиот тој е непристоен. А детето сосе него, од очигледни причини.
 
Абе остајте се, пола на форумов како спартанци се израснати, не плачеле, не врискале, не изводеле... Донт фак ми.
Немојте случајно да не ве погледне дете некое или да не видите на бебе како му менуваат пелена случајно да не видите туѓо гомно освен вашето.
 
Ако му менуваат на било кое друго место, освен онаму каде што плаќаме сите за да се чувствуваме пријатно, нема никаков проблем.
 
Кај некого дома не ми смета...ама во ресторан или било што друго...ти се молам.

Две деца имам, сега се поголеми. Ама додека беа кенкави по ресторани не сум ги однела уопште. Дури и да не се секирам (што се секирам) за други луѓе околу мене дали им смета распиштено и немирно дете - ама кај ја ќе јадам или ќе праам муабет на раат така? Не може.
 
И они плаќаат за да се чувствуваат добро, на некој може му смета пр. твојата боја на коса, глас, лик...

Ко што приметувам ти имаш личен проблем со поимот деца, исто ко што некои имаат со педери, припадници на различни политички партии, националности и сл.
--- надополнето: 13 август 2013 во 17:46 ---
Кај некого дома не ми смета...ама во ресторан или било што друго...ти се молам.

Две деца имам, сега се поголеми. Ама додека беа кенкави по ресторани не сум ги однела уопште. Дури и да не се секирам (што се секирам) за други луѓе околу мене дали им смета распиштено и немирно дете - ама кај ја ќе јадам или ќе праам муабет на раат така? Не може.

Колку пати ти се има случено во сред ресторан да начекаш да се менува пелена и да гледаш гомна додека јадеш и колку пати ти има дојдено дете рандом баш тебе да те замара ако пред тоа не го поканиш на некој начин?
Зборувам за деца во нормална фаза, не дента ако не му е како што треба и квичи цел ден и сака да ти враќа ти да го однесеш во тивок ресторан или сл.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom