Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
А кој народ не ги сака децата?
Озбилно, имаш поим што зборуваш, или онака си тропаш?

Па еве ти на пример неќеш да имаш деца и ти сметаат кога се во твоја близина.
 
Па еве ти на пример неќеш да имаш деца и ти сметаат кога се во твоја близина.

Дури и да е така, а не е, твоите ,,изјави,, тешко дека сам ги разбираш воопшто.

По пат, јас сум македонка, дел од овој народ, а твојов пример со мене само може да го демантира твоето ,,правило,, , не и да го потврди.
 
После листање 30 страни, и јас да се надоврзам на темава ...


Се согласувам скоро во потполност со Пумата. Вакви законски регулативи треба да се воведат, и да се енфорсираат кај одредени кафичи, ресторани, и кај некои настани од културно значење кај кои децата би биле вишок, и немаат ни што да бараат таму и така и така.


Како и Пумата, немам многу толеранција за брливи, разгалени, надвор од контрола деца, кои решиле од мене или друштвото (или од непосредната околина во која се наоѓам) да прават извор на убивање досада и занимација. Излезен сум во тој кафич/ресторан/бутик/театар/кино од сосема други причини. И не знам како на мрчачите на темава тоа не им влегува во глава. Попросто не може да биде. Некои места не се за деца, и крај. Децата можат да бидат толерирани додека се однесуваат етикетно и со усул. Проблемот е што најголемиот број деца се навистина такви какви што Пумата и многу други ги опишаа.


Да не бидам и јас сфатен погрешно. Сакам деца, интересни ми се, слатки се, би потрошил време и за нивна занимација кога можам да си дозволам (сум чувал деца, и се уште чувам). Можеби еден ден и ќе имам мои деца. Значи немам аверзија кон самите деца, имам аверзија кон одредено нивно однесување, кое е неприфатливо за одредени средини (спомнати погоре). Имам и внука од 5 години, која просто ја обожавам, и која ме сака може и повеќе од родителите ;). Безусловно ја сакам, таква каква што си е, доста е темпераментна, енергична, како мало ѓаволче е, и попрво ти ќе се измориш отколку она, макар и да си добро одморен претходно.

Без разлика колку и да ја сакам, никогаш не би ја однел јас сам во кафич или ресторан, бидејќи знам дека брзо ќе и здосади атмосферата, и ќе почне или да се занимава на нејзин својствен начин, или ќе почне да плаче и да се жали. Во домашна атмосфера можеш да ја смируваш (што ќе трае еден добар пола саат, и тоа ако ти е среќниот ден), ама да трошиш саат-саат ипол време во пополнет ресторан да ја смируваш, убедуваш, поправаш додека она пишти и вриска не ми е мене згодно цел ресторан да ме знае што правам, и да им пречам на луѓе кои дошле таму на релаксиран оброк со одбрано друштво, или кафе/пијалак, што и да е, а јас тука да ја влечам од земја (класичната тактика која ја користат децата кога не го добиваат тоа што го сакаат, легнување на земја и кревај ги после како желатинска маса). Ем мене срам ќе ме фати, ем глупо ќе ми биде за луѓево што им пречам, ем за внука ми, која очигледно се дави од досада.

Се вика одговорност и почит. Две карактеристики што многу родители ги немаат овие денови. И прекинете со муабетите кога сме биле деца. Не се сеќавам да сум ги срамел моите на тој начин. Сум се прљал со храна, сум чепкал по ѓубре, сум земал работи од земја, сум играл со бубачки, ама не сум замарал луѓе. НИКОГАШ. Од баба ми и дедо ми (не родителите) научив дека со моето однесувае понекогаш можам да срамам или да им пречам на други луѓе.

Моите ме носеа по кафичи (за жал), ме носеа по разни настани на кои идеа, ме носеа на 1001 свадба (нема полошо за 5-8 годишно дете од свадба -__-). Сум умирал од досада, ама не сум кенкал. Сум наоѓал занимација ради која не би ме трпеле други луѓе, или сум ќутел и траел. Баба ми и дедо ми не беа тука многу кога брат ми се роди, затоа остана само школата на моите во однос на раснење деца, и еве го, стана брлив, го оставија таков, сега не можат основна почит да добијат од него, вон контрола е. Бидејќи го оставија да се однесува како што сака. 18 е, и веќе влегува во прототипот на скопските "сељаци", по однесување. Значи без тие муабети, сум бил и јас дете, имам брат кој од бебе сум го гледал како расте, имам и родители од кои можам да влечам богато искуство за се и сешто, а богами и материјал "како не треба" во придонес на дискусијава. Јас и моето семејство на страна, имам и другари/познаници со свои семејства.

Не знам колку пати, само последниве две години, сум јас (во некои од случаевите и друштвото) мета на родителска запоставеност (се согласувам со претходните постови, децата не се воопшто криви).

Дете со точак кое вози улаво да се удри во мене додека јадам сладолед, да се направи со сладолед и оно и јас (јас со плус траги од велосипед на ногавиците), и на крај смрдлата од мајка што ја има мене да ми се дере што не гледам каде одам и сум и го испрљаљ синчето. А она дотрчува на местото на "злосторството" после една цела минута, додека и го смирував синот да не плаче или да проверам дали е повреден.

Дете кое татко му го научил што се пари (дека со парички може да добие работи од продавница), ама ја промашиле лекцијата за приватна сопственост, па пред еден месец ми се случи додека наплаќам едно мало детенце застанато на маса кај мене и една другарка со пристињата на маса и едвај со очите над неа додека пребројувам пари за сметката, да џабне од нив и полека да се повлече кај својата маса (ај што џапна, ама малиот не зема од стотките, зема 500ка :D). Родителот место да го фати за рачето да ја земе парата, земал ја тегне (уште малку што не ја искинаа, изиграваа tug of war), и ми ја џитна парата како хартија кога фрлаш во канта.

Девојче мало кое бркајчи се со братчето ни истурија сок на мене и еден другар. Мајката ги зема дури салфетите нам што ни ги даде келнерот, за да си ги избрише децата (иако они имаа само капки на себе, а ние бевме лом).

Или деца, кои врискаат (од забава), кое може појако, додека човек седи на кафебар на плажа и се обидува очајно да се надгласа со децата за да направи муабет со луѓето со ки е седнат таму. На тоа ли да ми се сведе одморот? Не е ли доволно што толерирам такви работи во комплексот во кој сум сместен, каде што има луѓе фамилијарно отидени на одмор, врата до врата што сме? Плажата како плажа е јавен простор - да, ама не секој трпи деца. Секој одмор кога идам главоболка формирам првите два дена, од детско дрекање, на плажа, во вода, кај кафебаровите на плажите, во продавница, во бутик итн.


Пак ќе кажам, не се криви децата, туку родителите. Многу родители не само што не обрнуваат внимание и ги оставаат така децата слободни, но знаејќи дека прават негативно влијание, го оправдуваат истото однесување со некаква си либерална родителска доктрина каде оставаат самото дете да се учи на грешките, или уште полошо, мое дете, што сака ќе прави, ангелче мамино/татино гугугугу итн.


Како и други што се изјаснија на темава, и јас би бил доста редовен посетител на локали и настани од секаква природа, кои би биле исклучиво adults only. Идејата за поделба на такви кафичи/ресторани/плажи е мошне добредојдена според мене, а со оглед дека во светот е доста ставено сето тоа во пракса, очигледно дека ова не е некаква последица од локално незадоволство, на мала група педера, феминистки, животнољубци и/или децомразачи, туку логична и разумна одлука која очигледно спасила многу видови бизнис, и која многу луѓе ја сметаат за фер и рационална. Без разлика што ќе кажете.


А, за законите/регулативите - кукајте колку сакате. Нема никогаш да се имплементира вакво нешто? Така се збореше и за отпадот што се фрлаше, така се збореше и за ставањето појас кога возиш кола, и застанување на пешачки за луѓе да поминат итн., како и законот за бан на пушење внатре во кафичите. Не знам што ве прави сигурни дека баш ова нема да се протне законски, со оглед на тоа дека многу кариери и пари зависат од тоа, цели бизниси, а да не речам дека тука и туризмот е ставен до некаде во прашање. Пријатели од странство често доаѓаат во Македонија. 9 од 10 ќе ме прашаат зошто луѓе носат миленици и деца во кафичи и/или ресторани, затоа и кога Пумата ми спомна за темава, морав да ѕирнам да видам што коментари ќе остават луѓево.


И странците ли ќе испаднат децомразачи? Ах бре луѓе .... Не сте биле надвор, или не доволно, за да забележите некои работи.
 
Јас сум за да се забрана кафичите шо лупа јака музика каде шо има населени места со мали деца. Такви кафичи таму нема шо да пра.

Се согласувам.
Нема потреба од мали деца, и на возрасен човек му смета цела ноќ дупци, дупци :)
Мислам и дека е тоа регулирано со закон, само што веројатно законот не се спроведува.
 
Се согласувам.
Нема потреба од мали деца, и на возрасен човек му смета цела ноќ дупци, дупци :)
Мислам и дека е тоа регулирано со закон, само што веројатно законот не се спроведува.


Имаше пред неколку години проблем со кафе Тренд во Центар. Само што според мене не може да се буниш за бучава а живееш во центар на град.

Пологично е во тој случај да го продадеш станот и да купиш некаде понастрана, во конкретниов случај Карпош или К.Вода.

Ама, кој сум јас да кажувам :)
 
Имаше пред неколку години проблем со кафе Тренд во Центар. Само што според мене не може да се буниш за бучава а живееш во центар на град.

Пологично е во тој случај да го продадеш станот и да купиш некаде понастрана, во конкретниов случај Карпош или К.Вода.

Ама, кој сум јас да кажувам :)


Па добро, мислам дека никој не алудираше на Центар, но да речеме, во Кисела Вода, замисли дискотека под станбена зграда :)
И во Центар има ограничување колку може дискотеката/кафичот да бидат гласни.
 
Па добро, мислам дека никој не алудираше на Центар, но да речеме, во Кисела Вода, замисли дискотека под станбена зграда :)
И во Центар има ограничување колку може дискотеката/кафичот да бидат гласни.


Има ограничување, само што рекетот што го плаќа веројатно му дозволува да го надмине ограничувањето :)

Него, затоа повеќето дискотеки се во центар или парк.

И Милениум, ја заборавив :D
 
:pos:
1373945076_069.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom