Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Пред неколку години бев на работен камп во Германија заедно со една другарка од средношколските клупи. Се возевме околу 25 часа во автобус до Франкфурт. Беше крај на јули и неподносливо топло. Пред мене седеше жена со пет деца, две беа меѓу 12 и 15 години, две беа помали и имаа околу 5-7 години, а најмалото беше бебе. Бебето си седеше со постарите деца, а мајката седеше неколку места понапред. Двете деца меѓу 5 и 7 години седеа точно пред мене и другарка ми.

Бидејќи во автобус имаш две активности на располагање, односно јадење и спиење, со другаркава се обидувавме да го преспиеме речиси цел пат. До ден денес сум сигурна дека децата пред нас чекаа да затвориме очи за да почнат да вриштат на цел глас, а кога ние ќе се разбудевме ги гледавме како си се смешкаат задоволно. Кога за некое време, пак, им стана досадно, одлучија да се забавуваат со тоа што ќе не маваат со пуканки. Тогаш отидов кај мајката, која патем мирно си спиеше, и и' кажав дека редно е да си ги доведе децата под контрола. Мајкава дрско ми одговори дека се деца и дека им е многу досадно и топло, па ќе мора да се помириме со тоа.

Сега, сите вие што велите дека луѓето што не сакаат да ги толерираат сите деца на светов, не треба да се возат во превозни средства со нив, ќе ми кажете дека ова е нормално? Дека во иднина јас не треба да се возам во автобус и да си седам дома, за некое дете на раат да фрла пуканки кај ќе му текне?
 
А кој овде спомна јавни места? За приватна сопственост зборуваме.
 
А кој овде спомна јавни места? За приватна сопственост зборуваме.
Лигеја, автобусот е приватна сопственост на приватен превозник.
Сопственикот може да бира кој сака во автобусот да се вози. Не е ЈСП во прашање :)

Сепак, ај да плачело бебето, ретардирано е да се расправаш за тоа. Бебе е. Нема социјални норми стекнато.
Ама дете од 7 години? Ебате идиотот од мајка.
 
Самиот имиџ на кафиќ или ресторан си кажува дали е тамо треба да се иде со деца или не. Е сега оно све си кошта пари нели.
Пример ја сум просечен а некад и подпросечен граѓанин и излегувам во најнормални кафиќи што ми ги нуди градот. Понекогаш во кафиќите (денски) може да седнат некои со деца, може ете да се деси да седнат тинејџери, па галама, па гужва се ствара... ама све тоа се толерира и више ми е неприметно. Значи така размислувам моментално.
И пример со време ете можда ми појде на професионалниот план и секојдневно биднувам све побогад и побогат па све до најбогат, што нормално ке ме смени како личност, и не се сомневам него знам дека не само што ке го сменам кафиќот кај што седев претходно, него ке го сменам и градот. И тука се појавува онаа “курчење“ со пари, што би кажале останатите, односно несакаш да се замараш, зашто тоа и го заслужуваш и си бираш место кај што нема да видиш тинејџер готик, тинејџер емо, тинејџер хипстер диџеј, луѓе со бебиња, со кучиња, со дресови на фудбалски клубови, луѓе со досадни деца што врескаат, луѓе кои се гласни, него ке си седнеш фино лепо во Buddha Bar во Монте Карло или Лондон, и ке пиеш кафе и сок без некој да ти го наруши расположението.
Све е до пари.
 
Саншајн, јас не се наоѓам во градинка и немам намера така да се однесувам.
На сите овие твои прашања, сум дала одговор, а не знам зошто баш тебе пак да ти ги одговарам.
Ти мисли си што сакаш, мислењето не е привилегија. Да имаш аргументи за тоа што го мислиш, е веќе нешто.
А твоето ,,дечиња се бе,, сите го знаеме. Исто така знаеме и дека телефоните кои и јас и ти ги користиме, и компјутерите преку кои седиме на форумов, се направени од некои дечиња, кои не се платени за истото и е искористена нивната работна сила.

Затоа, ако веќе ти е стало до добросостојбата на дечињата, не се замарај со кафичите. Малце селективно е зборењето за ,,дечиња,, додека фино лепо си седиш на уред направен од некои други, очигледно не така битни дечиња.

Види, мене не ме интересираат нивните чувства. Дали нив ги интересираат моите?
И тешко дека во догледна иднина ,,нема да има,, :) :) Не знам зошто тоа го мислиш?
Напротив, има огромен тренд во Македонија да се следи западната култура, прашање на време е.
Ова е само банална работа, за многу побитни работи ги следиме, не па за кафич, жити се.
Некој само да намириса пари тука, и утредента ќе видиш знакче како тие понапред.

Пумо...Ај вака.
Никој не рече дека ти се наогаш во градинка или училиште,туку во кафич.тоа мене апсолутно ми е јасно!Нема потреба од повторување..Знам што сакаш да си кажеш и го почитувам мислењето.Но родителите и покрај твоето мрчење продолжуваат да ги водат своите дечиња во кафичи...Дали ти ке промениш нешто со твоето искажување овде?Нормално дека нема.Знаеш ли зошто?Затоа што на газдата на кафичот нема да те слуша тебе туку оние кои му праваат повеке промет во кафичот...Детето ке сака сокче-плус пари во џебот на газдата.Дали ти е јасно?Ако ги брка или поставува услови тој губи муштерии...Ти дали ке се караш или не тоа е твое право...Родителот утре повторно ке го однесе своето дете.Повторно губиш драга...За жал или за срека...Јас кажав,постојат граници на однесување но не можеш да кажеш еј не сакам деца во кафич зошто ке ми пречи мене...Ке заплачи дете исто ко и возрасен човек...Зар од три годишно суштество очекуваш постојано да седи на едно место мирно?Кажав јас претходно дека секаква причина може да постои да се расплаче...

Како можеш да бидеш толку ладна личност спрема едно невино тригодишно детенце кое не разбира се уште ништо.Биди за момент на негово место,во негова кожа...Само минута се стави...Мал и возрасен човек не мисли исто,не се однесува исто...Си била мала и ти,сум била и јас мала...Сме плачеле,сме барале омилената играчка или чоколадо...Ако не јас и ти,некој друг бил.
 
Драга Саншајн. Градинка се однесуваше на тоа дека ме прашуваш прашања кои сум ги одговорила на првата страна од темава. Сфаќам дека е голема тема и не е баш интересно да читаш 30 страни, но за да видиш што да реплицираш на кого, не е тешко да прочиташ 2-3 страни и да разбереш што тој има да каже, посебно ако е отварач на темата. Немам намера да ти одговарам каква сум била јас, какво разбирање имам или немам, и од каде поаѓам во моите ставови.
Викаш дека ,ја следиш темата. а во суштина, да ја следеше, немаше такви прашања да ми поставуваш.

Твоето однесување е .,види бе, види, ми се може,,. Па ти се може и да го исереш детето на сред плоштад, тоа не кажува ништо за мене, туку за тебе. Да, може да го однесе родителот, само јас не губам ништо. Знаеш дека сме на форум нели?

И на крајот, ако не ти оди во пресметки, едноставно не сметај. Како што кажав, почекај на некого да му ,,текне,,.

Реалноста е дека да, исплатлив е таков бизнис. Ќе има кој да дојде. Гледам дека барови нема, оти нема кој плус сокче да купи. Жити се.

И пак, и пак, и пак..... оф леле :facepalm:
Како бе ти можеш да бидеш толку ладна према некое рандом 10 годишно детенце? Зошто имаш дома телефон, компјутер, телевизор, фен за коса произведен во Тајван? Зашто?
Сфаќаш дека си лицемерна во своите сочувства?
 
PurplePuma секој со своето мислење :pipi:
Немам намера по илјадници пати да се повторувам не мораш ни ти никој не те тера.
Јас пред 3 години додека бев надвор од мојата земја,мои роднини имаа отворено кафич во Хрватска...
Ме заинтересира таа работа,што како оди...Истиот муабет го водев како и ваму...Ми кажа човекот како стои бизнисот.Зависи од газдата дали ке пушта или не мали деца...Ако не,тој губи...На секој газда ке му биде мило да му е полн кафичот.
Кафичот подоцна отвори и игротека.Знаеш ли какви ти работи се случуваа со малите деца додека родителите им пиеја кафе?Поим немаш.
И не знам по што увиде ти дека јас не ја следам редовно темата.Ако поставувам некои прашања не значи дека ја немам следено.
Велиш дека немаш намера да објаснуваш како си се однесувала?Зошто?Која е причината или не сакаш да се откриваш во јавен форум каква си била всушност во тие години а овде мрчиш за мало дете кое не се разбира и што би рекол еден мој познајник :Се уште на млеко мириса ке му бара некој да се однесува мирно.Па можеби иста и ти си била(Те молам не го земај ова за навреда) само ме интересира.
Oд кај знаеш дали родителот е овде правиот виновник?Може е друга околност.
Јас си го кажав своето а ти како сакаш разбери ме твое право е.
 
Саншајн, или читај, или нема да дискутирам со тебе.
Толку.

Попросто од ова не можам да се изразам.
 
Која е границата до која едно дете не замара гости:cautious:

За секого е индивидуална таа.

Некому не му смета да му се шета по маса детенце:)

Сите луѓе се различни, со различни желби и сфаќања за одредени работи.

Затоа сметам дека е небулозно да се бараат вакви места;)

Donald, сосема случајно се надоврзувам на твојов пост. Интересно ми е што (читајќи ги коментариве) изглеа дека маживе се пострпливи со мали деца...:love:

Лично, мислам дека кафичи во кои би се забранило присуство на мали деца нема никад да постојат во Скопје. Не сум сигурна и дека е нормално да постојат такви. Мене баш и не ми смета присуство на деца се додека, на пример, некое не почне да трча (со најголема детска брзина) во круг околу мојата маса при тоа на моменти задржувајќи се за мојата столица за да не го 'однесе' инерцијата-при тоа потресувајќи ме мене, масата, комплет со сите пијачки (па морам да се справувам со момент-спречување на лом). Врв на сето тоа е рамнодушниот поглед на родителите-у моменттот на опишаната кулминација, само ќе фатиш брзински поглед од типот-ах, добро е! (без при тоа да си го собере детето и да се извини). Као да се очекува околината да има разбирање за досадувањето на децата кои се приморани (од страна на родителите) најмалку два саати да поминат во друштво на возрасни! Тоа за мене претставува родителска неодговорност.
Децата немаат ни најмала вина, тие се само жртва на своите родители.

Имам и ја една другарица, која мисли дека деца се дојат по кафичи (и дека слободно и без срам може да се извади ци*ка у друштво), дека мењање пеленка веднаш до масата на која некој си го јаде својот ручек, е сосема во ред-и трга од тоа дека ете, она има деца, ова и е момент на одмор и дека никој нема право тој момент да и го ускрати.

И сеа, коа читам дека све ова некој го оправдува и применува, само си помислувам дека некогаш и јас бев дете, ама не се сеќавам дека со вриштење (или трчање у круг, или истурање на соларници, или возење тротинет слалом меѓу маси) сум им привлекувала внимание на моите (барем, не без да добијам воспитна петица-за понашање) :LOL:
 
Ако тргнеме вака ќе треба циганите од живот да ги банираме.

А мислиш дека они живеат некој живот??

Па ние едвај крпиме до први ама затоа заработеното со мака го трошиме за викенд-два и после офлелеее.

Има и друга категорија која покрај заработеното дури и се задолжува со кредити за да жоивее на висока нога што би рекле.

Постои и трета мкатегорија кои се на чај и леб.

Јас сакам да се забрани да одат деца во градинки, бидејќи во три града напати земав обврска да прибирам деца на роднини и од "воспитачката" ма што да ти кажам наместо да ги учи на култура ги учи да користат "бе" "мори"...ебгати педагогот а пак за психолозиве во училиштата....ЧУДО!!

бафр д веј нема потреба од било каква државна регулатива на ова поле, за тоа може сопственикот да одлучи, јас се сеќавам на случајот кога настрада и бебе за време на нападот на премиерата на бетмен, памтам исто и во Русија кога ласери ослепија стотина души.
 
Види, мене не ме интересираат нивните чувства. Дали нив ги интересираат моите?

Пума дали јас правилно разбрав дека твојот мозок го споредуваш со 3 годишно дете ?
 
Пума дали јас правилно разбрав дека твојот мозок го споредуваш со 3 годишно дете ?

Погрешно си прочитал.
Мојот мозок го израмнувам со мозокот на родителите, кои се најчесто постари од мене.
 
Кога ќе дојде ред да имате деца, прво што треба да размислите за жртвите кои си носат со доаѓањето на истите на свет, значи треба да ви е јасно на вас и вашиот партнер дека деца не сакаат баш сите, дека треба да се почитува туѓиот мир и местата каде што најмалку би требало да биде едно дете, особено зборувам за деца кои се хиперактивини и жива сила не ги седнува на место, трета работа, за да испиете кафе можете и дома додека е мало бебето, немора истото да го правите со цицката на маса, не е баш пријатно додека сте седнале негде, или излегле некое детуле да мава со нешта по вас, или да се дерат ко да ја освоиле Казабланка, многу едноставно и јасно, децата си бараат простор и мир, место кај ќе можат да се изиграат истрошат вишокот енергија, тоа сигурно не се, ресторани, кафани, кафичи и слични места, како што сакам и мене да ме почитуваат како индивидуа морам и јас да се трудам да израснам индивидуи кои што нема да пречат на луѓето околу нив, додека јас си ја ладам.

Ќе заборавев уште ова, никако не смее да се водите со изреката „Тоа е дете“, тоа е ваш производ и огледало на она што сте вие до негде :)
 
Конечно разумен родител!
 
Не знам зошто, можеби сум само јас во прашање и нештата во иднина ќе ми се променат, но сестра ми (која има 9 години, инаку) не ми е ќеиф да ја носам по кафиња. Голема е веќе, онака пубертет ја фаќа, сигурно не трча низ маси, ама сепак ми е прерано да ја пикам во тесно.
Секој миг што го имам за шетање со неа (читај - скоро секој викенд) гледам да ја однесам во парк, во ЗОО, на Водно, некаде каде што има слобода, ширина околу неа.
Јас сум сама за себе жива мрза, ама нели неа треба да и посветам внимание? Најлесно ми е да ја однесам на топло чоколадо/сок во некој рандом кафич низ Скопје.

Ама некако поарно ми делува да има активности кои се забавни за неа. Одиме по кафичи само кога сме уморни, кога ја земам од школо и сл. а сакаме да им дувнеме на ,,старите,, и да не ни прислушнуваат муабети ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom