ZTE Blade III

  • Креатор на темата Креатор на темата rostilj
  • Време на започнување Време на започнување
Сум ја заборавил темава.. ама финтата со листе хартија за батеријата е 100% ефективна.
Друга работа, вчера му ставив Cyanogenmod 11 ( 4.4.2 ), и сум презадоволен. Побрз е и се' функционира како што треба. Дефинитивно е подобар од сток ром затоа што во старт ги немаш сите тие bloatware што ти доаѓаат во пакет со телефонот. Никогаш не помислував дека ќе имам 4.4.2 на ЗТЕ, пред некој други со понови телефони :D

Може да ми испратиш линк од каде го симна овој мод па да го пробам и јас :) ?
 
Сум ја заборавил темава.. ама финтата со листе хартија за батеријата е 100% ефективна.
Друга работа, вчера му ставив Cyanogenmod 11 ( 4.4.2 ), и сум презадоволен. Побрз е и се' функционира како што треба. Дефинитивно е подобар од сток ром затоа што во старт ги немаш сите тие bloatware што ти доаѓаат во пакет со телефонот. Никогаш не помислував дека ќе имам 4.4.2 на ЗТЕ, пред некој други со понови телефони :D

Preku 10.1 li imas 4.4.2?
Blade III ili III pro? I racno ili ova, recimo, bi funkcioniralo?
http://www.youtube.com/watch?v=ViVi4GAI0Sk
 
Blade III обичниот го имам, тие од вип што беа. Скоро сигурен сум дека нема да успее на овој начин како во видеото. Тоа е програма со која можеш да инсталираш cyanogenmod за телефони кои веќе ги има на листата на cyanogenmod сајтот. Верзијата што јас ја имам е неофицијална, нит пак има некаков support. Прилично стабилна е верзијата, ама неможе да се знае со вакви верзии.
Еве ти линк од кај што го најдов ромот. Ако пробуваш нешто, обавезно прво систем бекап.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Телефонов го земав во јуни од Т-Мобајл, прв Андроид телефон за мене и што знам, во прво време се супер, брзина, игри, спуштање апликации, видеа, фб и слично. Како што бев тој период во Германија на три месеци без лап-топ, ептен ми се погоди. Ама од пред некој месец почнаа првите маани. Слушаш радио, се гаси само, ама ај тоа некако. Почна да се рестартира сам од себе, кога ништо не му правиш, не се праќаат пораки. Беше на сервис недела и пол во Промо и ништо, не поминаа четири дена, пак се гаси, рестартира, не се приклучува кога притискаш. Ме интересира дали да го носам пак на сервис или пак во продавница на Т-Мобајл, знае некој како оди?
 
Имаш на претходната страна линк за рестартирањето... побарај малце, прочитај повеќе, потруди се !
 
Прочитав, но работата е дека телефонот е под гаранција, па најпрвин би ги испробал сите официјални опции кои ми стојат на располагање, отколку јас да пробувам нешто. Прашањето повеќе ми беше, дали го носевте пак на сервис, дали одевте во салонот каде што го купивте, дали следува нов телефон.
 
http://www.youtube.com/watch?v=62eJjjCjN1w

Нема што не пробав со телефонов, само ова е лекот. Испробано и делува :D
 
Очигледно судбината ми била цел живот да вметнувам хартивчиња по телефониве, бидејќи на минатиот морав да ставам хартивче за да не се капачето, СониЕриксен К710, на овој батеријата, да не му се верува на човек. Ај ќе го пробам ова да видам дали ќе делува.
 
Deluva, provereno. Posle ke nemas maka. :)
 
Делува магичното хартивче, обавезно ставај

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
го имам овој телефон и имам проблем ми снемува мрежа дали и вие сте имале проблем со ова?
 
За проблемот со ресетирањето, решение е хартивчето под батерија, од официјалниот сервис при проблем со рестартирање го добив со такво решение бидејќи изгледа не постои друго... :-)
 
За проблемот со ресетирањето, решение е хартивчето под батерија, од официјалниот сервис при проблем со рестартирање го добив со такво решение бидејќи изгледа не постои друго... :)
Да така се решава проблемот , има грешка во дизајн/пропорции и клапа батеријата без хартивче :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom