Во 4 часот утринава на изненадување дури и на руските генерали, Путин нареди да се изведе огромна воена вежба во Црното Море.
Наредбата дошла веднаш по враќањето на Путин од самитот на земјите од БРИКС во Дурбан, Јужна Африка. Како што јавува Ројтерс, немало никакво од вообичаените меѓународни предупредувања дека ќе се одвиваат воени вежби.
Според некои податоци, во вежбата учествуваат околу 36 воени бродови и нешто под 7000 персонал.
Враќајки се на претседателската функција, лани Путин повеќе пати повикуваше на создавање силна и агилна војска и се заложи за најголема надоградба на војската од советското време.

Скорешните вежби во Медитеранот и Црното Море се најголемите кои Русија ги спровела изминативе децении.
За најновата, можеби е важна и локацијата – Украина, со која Русија има нарушени односи, како и Грузија со која е во војна, излегуваат на Црното Море.
Во поширока смисла, воените игри може да имаат цел да ја покажат Русија како важен играч на Блискиот Исток.
Еве дел од подготовките на еден од 36 воени бродови:
Кој го налути Путин?