Белгија - Македонија [26.03.2013 - 20:45] - ЌЕ ИМА НА МТВ!!!!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин^
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го добие натпреварот ?


  • Вкупно гласачи
    108
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Белгијските навивачи „Црвените Ѓаволи“
ПО ЃАВОЛИТЕ,КОЈ *** ПИШУВААТ ЛУЃЕВО БЕ:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::гомце:
Ни потготвуваат пеколна атмосфера вечерва. http://sportclub.mk/index.php?optio...26-03&catid=83:2012-07-19-16-43-38&Itemid=460
Жити се брат не постирај вакви ненормални срања,џабе притисок ни дигаат пред утакмица,гледаш дека постираат глупости невидени:place:
 
Селекторот Јаневски најави промени во составот. Дел од нив се принудни, но дел и корективни. Очекуваме Македонија во Брисел да му ја остави иницијативата на домаќинот и со брзи противнапади да го загрозува домашниот гол.
На голот останува Пачовски, додека на бековските позиции ќе се појават Даниел Георгиевски (Стеауа) и Стефан Ристовски (Бари). Принудна замена е Шиков на местото на пожолтениот Грнчаров во тандем со Новевски во дефанзивниот бедем. Во тимот се враќа Глигоров на местото на Хасани, додека Дарко Тасевски ќе го завземе местото на пожолтениот Демири. Пандев, Тричковски и Ибраими остануваат во тимот додека на местото на Јахиќ се очекува да истрча брзиот и непредвидлив Мирко Ивановски.
 
Белгијциве многу го фалат Чеде. Успеа да го надитри тактички Вилмотс, поготово со фамата кој од Компани/Даниела ќе стартува, нашле негов лист на кој си спремал тактика со Даниела стопер така да игрите на Вилмотс не успеале. Имал стрелки дури на ливчето кој Белгиец што задача ќе има и погодил.
 
Гледам во насловов пишале дека ќе даваат на МТВ.

А пред минатиот вторник не даваа Јунајтед-Реал со оправдување дека не смееле да даваат фудбал во Вторник.

А денеска што сме?! До кога ќе не лажат ?! За џабе ли ќе плаќаме радиодифузна такса?!
 
Белгијциве многу го фалат Чеде. Успеа да го надитри тактички Вилмотс, поготово со фамата кој од Компани/Даниела ќе стартува, нашле негов лист на кој си спремал тактика со Даниела стопер така да игрите на Вилмотс не успеале. Имал стрелки дури на ливчето кој Белгиец што задача ќе има и погодил.

Немој така за најголемиот маж од Баерн Минхен :icon_lol:
 
Даниела е на кумановски дијалект :icon_mrgr:

Иначе ми се свиѓаат промениве во тимот. Лазевски не заслужува да настапи после таков настап, што не значи дека не треба ниедна утакмца да изигра веќе во репрезентацијата. Добро е што се враѓаат Георгиевски и Глигоров.
Е Мирко, ќе видиме колку шанси ќе биде способен да промаши денес.
 
Само во Македонија информација дека ќе има пренос од репрезентација завршува со три извичници.
 
Абе за Чеде, иако рака на срце ја бев песимист, мојот заклучок е дека одлично го чита противникот. И тоа не само на дефанзивен начин, туку и ги лоцира слабите точки каде може да се нападне.

Досеа ниту една репрезентација не не’ надигра тотално, низ целиот натпревар, освен Хрватска тука можеби, откако им дадовме гол.

Е сега, тоа зависеше особено од бледите изданија на Шкотска и Хрватска, мораме да признаеме дека беа очајни и едните и другите. Но колку сме превратливи, доказ ми беше вториот натпревар со Хрватите каде што го одигравме ние истото од Загреб, но сега само Хрватите одиграа подобро од таму, и коментарите кои ги читав беа: Ова е ужасна игра.... а всушност таа беше истата од Загреб.

Против Белгија ја изгубивме само заради нашите грешки. Да, тие се голема репрезентација, и победија во таков стил, користејќи ги нашите грешки и казнувајќи ги нашите промашувања. Не оставија да играме, ние игравме добро но не искористивме.

Дали и вечерва ќе биде така, ќе видиме, мислам дека Чеде тактички го извади максумумот на првиот дуел. Штета што Демири отсуствува инаку со Глигоров ќе бевме многу поцрврсти во тој дел.

Како и да е, конечно личиме на репрезентација и се надевам дека нема да ја прокоцкаат позитивната слика која си ја скроија за нив. А дека сме сеуште на дното, сме, и ќе бидеме додека нема резултати. Крај краева, резултатите се многу побитни од играта. :)

п.с. колку сме проклети е доказ сега ова со тренингов на школски терен. Не издупија Белгијциве непуштајќи не да тренираме на асален стадион и кај нас ништо нема за тоа. А за тоа што патуваа со WizzAir ги потекоја ко портокали. :tapp:
 
Како тоа Белгија нема да дозволи да се тренира на асален стадион? Нели гостинскиот тим обично одржува тренинг на стадионот, кај што треба да се игра утакмицата?
 
Ќе ни дадат ама и ќе им дадеме моја прогноза.:sneaky:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom