А
Антоние
Гостин
Следниов текст е напишан од презвитер Ивица Тодоров, парохиски свештеник при каменуваната Ц. О. „Св. Георгиј“ Чаир
...
Камен на СОПНУВАЊЕ, или кој на тебе со КАМЕН ти нему ЛЕБ
Веќе континуирано, месечно неколку пати, црквата „Св. Георгиј“ во населбата Чаир и црквата „Св. Никола“ во населбата Скопје Север се цел на вандалско однесување на помлади, па и повозрасни (од 17 во 25 години) припадници од нашите албански соседи со муслиманска вероисповед.
Тоа вандалско, непријателско однесување се препознава со фрлање на камења и плукање кон храмот (црквата), дворот, па и кон оние кои се внатре во храмот или дворот, а и со извикување на навредливи зборови (каури - неверници, псовки на основа на вероисповест и етничка припадност, попе магаре, овде ќе биде џамија, учк, учк . . .и друго).
Сите овие нешта беа толерирани и христијански опростувани, а се во името на соживотот, во името на нашите докажани пријатели муслимани од сите етникуми, во името на разбирањето дека децата се деца, па без разлика кои се. Еве, пред месец дена, кога по оградата на црквата „Св. Георгиј“ беше на неколку места испишано „учк“, по совет на добронамерните полицајци (еден беше Македонец, а другиот Албанец) ние веднаш ги пребојадисавме тие места за да не создаваме револ кај македонската и христијанска страна.
Но, изгледа дека некој нашата христијанска одговорна добронамерност, разбирање и отвореност за соживот започнал да ја разбира како слабост. И затоа, во понеделник, на 29 април 2013, околу 9 часот наутро - додека во црквата „Св. Георгиј“ се одвиваше Литургијата на предосветени дарови, како молитвен вовед во Страдалната седмица од Великиот Пост - од страна на 7/8 малолетници од албанска националност (според сведоците - тоа се ученици на О.У. Цветан Димов од 7 и 8 оделение) БЕШЕ КАМЕНУВАНА ВЛЕЗНАТА ВРАТА НА ЦРКВАТА. Внимавајте, БЕШЕ КАМЕНУВАНА ВЛЕЗНАТА ВРАТА НА ЦРКВАТА! Не портите на црковниот двор, туку ВЛЕЗНАТА ВРАТА НА ЦРКВАТА (ХРАМОТ). Каменувањето беше пропратено со навредливи зборови (каури, неверници, умрете Македонци, попе магаре, псовки на албански и македонски - заб. моја - барем тука се почитува двојазичноста).
И ако до сега премолчувавме и ги покривавме нештата, се поради добронамерноста и СОЖИВОТОТ, овој чин е НЕВОЗМОЖНО да го премолчиме затоа што истиот не е само чин, туку е СИМБОЛ, па, со сигурност може да се каже дека е и ПОРАКА (една од многуте) ОД ЕДНА ФАШИЗОИДНА национал - религиозна идеологија.
Ако досега поради СОЖИВОТОТ оправдувавме и опростувавме се, сега поради истиот СОЖИВОТ ова го АЛАРМИРАМЕ до сите наши сограѓани - без разлика на вера и националност, до сите државни институции, до сите политички партии, до сите невладини организации за човекови и верски права, до сите оние кои се залагаат за ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА - АЛАРМИРАМЕ - за да не се случи наместо КАМЕЊА, следниот пат да бидат фрлени БОМБИ! При што овој АЛАРМ не важи само за црквите „Св. Георгиј“ и „Св. Никола“, туку и за сите цркви кои се во опкружување од припадниците на албанскиот етникум со муслиманска вероисповест (уште веднаш барам прошка од домаќините албанци муслимани кои со слични злодела немаат врска - горенапишаното не важи за нив)!
И за крај, ние како христијани (мислам на оние кои сериозно ја практикуваат својата вера) секогаш - кога ќе се случи нешто лошо - првин вината ја бараме кај себе. Но, во овој случај, за што да се чувствуваме виновни, за тоа ли што вратите на нашата црква секогаш се отворени за сите, без разлика на национална или верска припадност. За тоа ли што секој што побарал храна, облека, совет, заштита, разговор, помош - без разлика на национална или верска припадност - ЈА ДОБИЛ! За ова можат да посведочат сите наши соседи и сограѓани, без разлика дали се од населбата Чаир, Бутел, Шутка или од подалеку!
И за самиот крај! Камењата што беа фрлени кон вратат на храмот можат да станат сериозни „камења“ на „сопнување“ за многумина! Но, нам, како христијани, како ученици Христови и свештенослужители на Неговата Црква (заедница на верниот народ), не ни е тоа целта. Овој текст нема за цел да обвинува, туку да повика на РАЗУМНОСТ, на по будно, одговорно и сериозно ГРАДЕЊЕ НА СОЖИВОТОТ од сите ФАКТОРИ кои се ОДГОВОРНИ ЗА ТОА! Затоа што без СОЖИВОТ сите нас - кои живееме во оваа наша Македонија - не очекува кошмар и агонија!
А на тие што ги фрлија камењата - мислам на ОНИЕ кои малолетните незрели деца ги ПОТИКНАЛЕ, ИСФАНАТИЗИРАЛЕ и ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ да го направат овој осквернувачки чин, подготвени сме и понатаму наместо камен да им подариме леб (Матеј. 7, 9). Затоа што како ХРИСТИЈАНИ ние знаеме дека на злото НЕ СМЕЕ ДА МУ СЕ ВРАТИ СО ЗЛО, така само ќе го умножуваме злото и ќе го осилуваме нашиот заеднички духовен непријател - сатаната/ шејтанот!
Севишниот наш Небесен Отец на сите нам да ни прости и мудрост и МИР да ни дари, да бидеме ЛУЃЕ, а не НЕ - ЛУЃЕ!