Напади на верски храмови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Fail2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2013
Мислења
10
Поени од реакции
4
Возраст
37
Во темава нека се пишува за најновите напади на верски храмови во Македонија.
За почеток еве една информација:
Македонија
Ограбени 770 цркви и 50 џамии за 12 години, иконите се почесто во музеј.

Православните верници од Долно Мелничани, барем привремено, нема да ги вршат обичаите пред оригиналните икони оставани со генерации во нивната месна црква. Жителите и иселениците од ова реканско село одлучија да ја прекинат вековната традиција, откако пред два месеци непознат сторител украде вредни икони од „Воведение на Пресвета Богородица- Света Пречиста“. Боро Китановски, претседател на црковно- селскиот одбор, вели одлуката воопшто не била лесна, но во моментов не гледаат друго решение да ги зачуваат иконите кои останале.
Дилемата на мелничанци е се почеста во земјава. Повикувајќи се на законот за пристап до информации од јавен карактер, АЛФА побара и доби податоци од МВР, кои покажуваат раст на грабежите во верските објекти во последниве години. За пример, во конфликтната 2001-ва полицијата регистрирала 61 кражби, додека во последниве четири години таа бројка редовно е повисока, за лани да стигне до рекордни 99 кражби.
%D1%87%D0%BB%D0%B5%D0%BD_235_%D0%B8_%D1%87%D0%BB%D0%B5%D0%BD_236_%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%B4_%D0%9A%D0%97,_%D0%B2%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%BD%D0%BE)_201332218822.png

Што мислите до кога државата ке ги толерира овие работи кои со години "случајно" ги имаме во во западниот дел на Македонија во средини каде Македонците се целосно исселени или ги имаме во незначителен број?
Зошто никој од медиумите не известува за овие настани ?
Дали за да се зачува тн. "соживот" овие вести се редовно цензурирани и јавноста не е запознаена со истите?
Се надевам дека темава нема да биде отстранета од форумов (доколку има иста ваква би можело да се спои со неа) и да биде означена како политичка тема.

Превземено од:

http://www.alfa.mk/News.aspx?id=53089#.UU4DrBe-q8w
http://public.tableausoftware.com/views/2001-2012_0/2001-2012235236?:embed=y&:display_count=no
 
Монтирани случаи, како и секогаш.
 
затоа треба како во шаолин да тренираат поповите и оџите некоја боречка вештината и не ка избричат тоа брадите на шо личи тоа на работа идеш со брада
 
затоа треба како во шаолин да тренираат поповите и оџите некоја боречка вештината и не ка избричат тоа брадите на шо личи тоа на работа идеш со брада

Пари кријат во брадата.
 
Што мислите до кога државата ке ги толерира овие работи кои со години "случајно" ги имаме во во западниот дел на Македонија во средини каде Македонците се целосно исселени или ги имаме во незначителен број?
Зошто никој од медиумите не известува за овие настани ?
Дали за да се зачува тн. "соживот" овие вести се редовно цензурирани и јавноста не е запознаена со истите?
Се надевам дека темава нема да биде отстранета од форумов (доколку има иста ваква би можело да се спои со неа) и да биде означена како политичка тема.

Е баш заради зачувувањето на ’’соживотот‘‘ ваквите вести не смеат да се презентираат јавно по медиумите ... исто како што и оние секојдневните инциденти кои беа изминативе месеци по автобуските и автобусите голем дел од тие инциденти воопшто не беа спомнати на ТВ ... повеќе човек ќе чуе/прочита информации/вести од својата земја овдека на форумов како и воопшто по интернетов отколку на овие розовиве МК телевизии каде се прикажува со години дека се е мед и млеко овдека ... :tapp:
 
Ретко која од овие вести е презентирана на нашите розовки медиуми ... може само чат-пат два-три случаи се спомнати, за остатокот се молчи !
 
--- надополнето: 24 март 2013 во 14:52 ---
Ретко која од овие вести е презентирана на нашите розовки медиуми ... може само чат-пат два-три случаи се спомнати, за остатокот се молчи !

Кај нас терминот „телевизиска програма“ може слободно да се замени со „Десет до два програма “.Како алтернатива може да се употреби и „Портокалов фараон програма“.Заеби ти друго, ова е подобро и од порничи, тука имаш сé во едно: и е***е во здрав мозок, и генг бенг, и акробации, и жонглери, и кловнови, и храна (тупење) на мозокот, тука имаш ама баш сè.Зошто да прикажуваат ограбени цркви? Талал Џафери и Џеват Бучи ќе ги бранат тие цркви нема потреба; че го бомбардира, че го прави касапаанаа и сунет, се у име соживота........
 
Ma шта је битно све ... битно је да има круха и игара(леб и игри) само то је битно ...
Напрај сунет, јади бакљава, туљумба и чевапа ... пиј боза, чајче, пости за Рамазан, заколи курбан за Курбан Бајрам, учи Куран, клањај намаз, ожени се, напрај пет деца ... лесно е зарем не ?!! :icon_mrgr:
 
Можеби е наместено бидејки тоа што го поседува МПЦ се многу стари и непроценливи.
па си прават добар бизнис.ова се само претпоставки,жално е тоа што МПЦ не размислува за поставување обезбедување или осиурање од гражби и пожари.
 
12.04.2013, 17:25
Осквернавени партизанските гробишта во Тетово

9E12B219F2848D498A54230DA9ABE25E.jpg

Непознати сторители ги осквернавиле партизанските гробишта во Тетово. Вандалите во ноќта помеѓу четвртокот и петокот го откорнале и го собориле од постаментот железниот топ што стоеше како симбол пред алејата во која се погребани триесетина учесници во НОБ од Тетово. Железниот топ не е оштетен, но при неговото соборување е оштетен мермерниот постамент. Случајот го пријавиле вработените во ЈКП „Тетово“ по што увид извршила тетовската полиција. На овој чин на сквернавење реагираше ОO на Сојузот на борците од Тетово, кои го осудуваат овој вандалски чин со кој се негира нашата историја и негативно влијае врз соживотот на граѓаните во Тетово. (З.А.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=73898D6A287AD04580610311D0E104DD
 
Ограбена црквата Св.Никола во гостиварско

15.04.2013
Црквата Свети Никола во гостиварското село Горно Ѓоновица била мета на крадци.

crkva-4.png

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 11 до 14 април е ограбена црквата Свети Никола во гостиварското село Горно Ѓоновица. Крадецот насилно ја отворил влезната врата, а потоа од верскиот објект одземал 500 денари и правосмукалка.

Полицијата е во потрага по сторителот.

http://regioni.mk/ograbena-crkavata-sv-nikola-vo-gostivarsko/
 
Пустош во Црквата Св. Георгиј во Лазарополе
Вредни икони стари по 500 години се украдени од храмот св. Георгиј во Лазарополе.
23.04.2013 18:13:19

Oва е се што остана од вредните икони стари по 500 години кои се украдени од храмот св. Георгиј во Лазарополе. Крадците, незабележани од никого, успеале да го однесат цел горен ред од иконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба. Свештените лица од Манастирот св. Јован Бигорски на официјалната веб страна први објавија за оставениот пустош во храмот:

„Влезната врата е буквално распарчена, иконите се искорнати од ѕидовите и оваа жална слика е само еден тажен потсетник за нас дека едно непроценливо богатство што некогаш го красеше овој раскошен храм е неповратно заминато. За жал органите за безбедност се покажаа немоќни да влезат во трага на оваа организирана група, или да направат било што да ја запрат оваа серија на кражби која нè лишува од најсветото и највредното“.

Храмот во Лазарополе е неодамна реставриран и така му бил вратен стариот сјај. Свештените лица во официјалното соопшетение посочуваат дека подолго време трае серијата на кражби по древните храмови. Иако Алфа се обиде да стапи во контакт со манастирот св. Јован Бигорски под чии надлежности и е и црквата во Лазарополе не успеавме да добиеме одговор- дали храмот го обезбедувал некој и дали е осигуран имотот затоа што штетата е непроценлива. Од полицијата соопштија дека крадците однеле 30 икони и две резбани врати и дека се бараат сторителите. Последениве неколку години статистикта на МВР бележи пораст на грабежи во верските објекти, а пралелно опаѓа трендот на фаќање на крадците.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=55051#.UXa2ur3fLTo
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom