Верски вести III

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Секоја вест од областа на религијата или има некаква поврзаност со религија оди на оваа тема.
Значи споделување на било каква Вест и настани кои се случуваат/случиле. (во оваа тема и вестите од типот Денес се слави)

значи краток јасен пост, линк до веста (ако има ако не е Денес се слави), и никакви коментари под нив.

Ако одредена Вест заслужува/има интерес за дискусија се отвара нова тема.

Постара вест од 7дена се смета за офтопик !!

Темава ќе служи како збирка на последни случувања од областа на религијата но не и за дискусии!
Како што кажав погоре секоја вест која заслужува вниамание за дисусија ќе се отвори тема за неа, за да не стане ова место хаос од се и сешто!

Како и темите „Прашања за ... “ и тука важи правилото за мерки на казнени поени за секој офтопик пост итн.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
(едитирано од модератор)

Прилепчанец и штипјанец провалувале во цркви во охридските села





Охридската полиција поднесе кривична пријава против две лица поради основано сомнение дека се сторителите на три провални кражби во верски објекти во охридскиот крај.
Според полициското соопштение, двете лица од кои едното од Прилеп, а другото од Штип, извршиле три кражби во црквата „Св.Тројца“ во селото Горенци, „Св.Недела“ во Оровник и „Св.Никола“ во Требеништа.
Тие со употреба на чекан, нож и шрафцигер ги обиле влезните врати и преку употреба на физичка сила насилно влегувале во црквите. Во црквата „Св.Никола“ во Требеништа, тие се качиле на скелето од јужната страна на црквата и преку прозорот се спуштиле во црквата од каде одзеле вкупно 200 денари оставени на иконите. Извршувајќи ги кражбите пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу илјада денари.
Станува збор за истите лица кои минатиот месец провалија и во црквата „Св.Петка“ во Струга, од каде одзеле 600 денари, три бакарни свеќници високи околу 1,3 метри, четири бакарни и три алуминиумски тепсии како и други поситни предмети.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
4 фев 2013, 17:21


Во реони на Лондон важат шеријатските закони
Во Велика Британија исламските екстремисти од 2011 година почнале кампања за лепење плакати и различни огласи, преку кои ги информираат фрапираните Англичани дека постојат зони, каде што законите на британската империја повеќе не важат. Таму важеле законите на шеријатот. Според британскиот весник Дејли мејл ваквите огласи можат да се сретнат насекаде: „Влегувате во зоната управувана според законите на шеријатот, каде што важат исламски правила.“
Огласите биле испечатени на жолта хартија, а залепени се на автобуските станици и уличните бандери низ целиот Лондон. Во некои населби тие буквално ги забрануваат хазардните игри, музиката или концертите, порнографијата и проституцијата, пушењето, дрогата и пиењето алкохолни пијалаци. На десетици улици, во разни делови од Лондон има и закани за оние кои „ги презираат исламските закони“.
Одговорноста за борбата против потиснување на исламот во оваа земја ја презел проповедникот-екстремист Анџем Чудери, предводник на забранетата екстремистичка група Islam4UK.

Сега имаме стотици, ако не и илјадници луѓе ширум целата земја, подготвени да излезат и да патролираат по улиците“.
Во Британија има 25 места кои владата ги смета за проблематични од екстремистички аспект.
Ние се подготвуваме да отидеме во сите овие населби и да ги претвориме во наши зони, управувани според законите на шеријатот“, изјавил лидерот на исламистите. „Тоа е најдобриот начин за борба против пијанчењето и недоделканоста, проституцијата и деликвенцијата“. Ова ќе значи, изјавува Чудери, дека во тие места муслиманските заедници нема да ја толерираат дрогата, алкохолот, порнографијата, комарот, лихварството, непреченото мешање меѓу претставниците од ист пол – придобивките на западната цивилизација.
Скотланд јард, пишува весникот, веќе почнал да работи со локалните власти во врска со расчистување на сите вакви плакати и наоѓање на оние што ги залепиле по автобуските станици.
Исламистите аргументираат дека воведувањето на шеријатските правила е неопходно за борба против екстремизмот. Во моментов, 25 населби во Велика Британија се управуваат врз база на одредбите на законот за борба против тероризам. Токму во овие населби исламистите имаат намера да прогласат шеријат.
Воведување на шеријатот во Британија станува сериозен проект на исламистичките движења „Al-Muhajiroun and Al-Ghurabaa“ и „Islam4UK“.
Сите овие налепници и плакати само на прв поглед изгледаат како да се детски играчки. Не е првпат во Британија да се слушаат слични приказни за исламските реони, за зони на шеријатот… Тоа предизвикува сериозна загриженост кај Британците. Впрочем, за што се бореле…
Голем број аналитичари се убедени дека една од главните причини на денешната „ренесанса“ на исламскиот екстремизам е неодговорното искористување на верскиот фанатизам на муслиманите од западните тајни служби. Нема сомневања дека на прво место по тоа прашање е Велика Британија.
(Авторот е поранешен помошник директор на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија)



4 фев 2013, 13:25


Ограбена и црквата во селото Вруток
Тешка кражба се случила викендов во гостиварското село Вруток, каде што била ограбена црквата Свети Михаил Архангел.
Според полицијата, непознат разбојник со погоден предмет ја обил вратата на црквата, а потоа од неа украл три икони и околу 300 денари.
Полицијата работи на случајот.




Понеделник, 04 Февруари 2013 17:51
Златни ланчиња со приврзоци, околу 120.000 денари и помал износ на евра украле 18-годишниот С.Ф. и една година постариот Ф.Д. од Кичево од црковниот храм „Св.Петар и Павле“.
Полицијата по извршената кражба ги пронајде и уапси двете момчиња кои пред два дена скршиле еден од прозорите на храмот, влегле внатре и насилно ја отвориле влезната врата од трпезаријата.
Потоа, успеале да го разбијат црковениот сеф, од каде ги одзеле парите и останатите предмети.
Она што е интересно е што двајцата крадци имале намера од црковниот храм да одземат еден ЛЦД телевизор и еден компјутер. Истите ги сместиле во количка и ги оставиле во црковната трпезарија со цел подоцна во текот на денот да искористат поволен момент за тоа, но биле фатени од полицијата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Саудиски имам парично казнет за убиство и силување на петгодишната ќерка

Саудиски имам кој до смрт ја мачел петгодишната ќерка е ослободен од обвинението само со парчина казна, јавија активисти од Саудски Арабија.
Лама ал - Гамди почина во октомври како последица на повеќе тешки повреди како што е скршен череп, скршени ребра, крварење и изгореници.
Детето исто така било и силувано и горено повеќепати.
Нејзиниот татко Фајан ал – Гамди, е угледен исламски свештеник кој често се појавувал на телевизија во Саудиска Арабија, и бил во затвор само неколку месеци иако признал дека користел стап и кабли за тепање на девојчето.
Парите од казната се компензација за најблискиот роднина на девојчето според исламскиот закон.
Активистите за човекови права потенцираат дека таткото убиец поминал во затвор само неколку месеци од апсењето во ноември и дека казната е премала за убиството на детето.
Тој се согласил да плати 50.000 долари компензација кои ќе одат на сметката на мајката.
Сумата е половина од она што тој би платил ако убиената Лама беше момче.
Активистите велат дека според исламските закони таткото не може да биде погубен за ако ги убие своите деца. Исто така сопруг не може да добие смртна казна ако убие некоја од своите сопруги.
Еден од тројцата саудиски активисти Манал ал – Шариф кој започна кампања да им се дозволи на саудиските жени право да возат, најави жалба на пресудата.
Тој веќе започна кампања на Твитер под името 'Ana Lama', што во превод значи “Јас сум Лама”, повикувајќи на поголема заштита на децата и жените во земјата.
Во Саудиска Арабија расте незадоволството и властите најавија дека ќе отворат СОС телефон за пријавување на злоупотреба на деца што ќе работи 24 часа.//м.д.


Саудиски имам бара бурки за бебиња

Саудискиот имам шеик Абдула Дауд издаде фатва со која се налага сите женски деца, па дури и бебињата да носат бурка, за да се заштитат од сексуално насилство.

Фатвата која ја издаде Дауд за време на гостувањето на исламска тв станица „Ал-мајд“ ја вознемири јавноста и наиде на остри критики.
Поранешниот судија на Саудискиот одбор за обвиненија шеик Мухамед ал-Јзлан рече дека оваа одлука е многу лоша за исламот и за шеријатскиот закон и дека ги прикажува во негативно светло.
Тој ги повика муслиманите да ги игнорираат таквите фатви, објаснувајќи дека постојат посебни прописи кои одредуваат кој има право да ги издава.
Тој вели дека го растажува кога ќе види семејства кои шетаат со покриени деца, опишувајќи го тоа како неправда кон најмладите.
Дауд својот говор го одржал уште во октомври, но тој сега истече во јавноста, која ја осуди фатвата издадена на штета на децата и го повика да издаде фатва против насилниците, пишува весникот „Ал Арабија“.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
http://tocka.com.mk/1/86528/horor-vo-bosna-vahabist-brutalno-siluval-devojka


Хорор во Босна: Вахабист брутално силувал девојка

Хорор во Босна, запознала фино момче на Интернет, а од кога се сретнале во живо, започнал нејзиниот пекол.

21-годишната Амела Б. преживеала вистинска тортура, ја тепал, ја ишишал, а кога останала трудна, поради повредите кои и ги нанел на гениталиите, лекарите морале да и извршат абортус, објавија српските медиуми.

Според досегашните податоци, припадник на вахабиската заедница од босанска Дубица ја малтретирал, и ги искршил двете нозе, а кога останала трудна и ги исекол гениталиите на Амела од околината на Зеница.

Несреќната девојка која сега е хоспитализирана во Клиниката за психијатрија во Тузла, неодамна запознала маж на Интернет.

“Девојката е донесена во Клиниката во Тузла, каде и беше извршен абортус и други хируршки зафати на гениталиите. Во петокот се разбуди од кома и ја пренесоа на одделението за психијатрија. Моментално заздравува на клиниката и поминува низ тешка фаза на пореметување на личноста“ објаснил извор од болницата за медиумите.

Иако, целата трагедија се случила пред околу три недели, јавноста не знаела ништо за тоа. Пострашно е тоа што и полицијата не била запознаена со маките на девојката.

“Иако детално го прегледавме билтенот, не најдовме таква пријава, со такви повреди и последици“, изјавил портпаролот на тузланската полиција, Изудин Шариќ.

По разводот на нејзините родители Амела живеела сама во околината на Зеница. Таа тешко го прифатила распадот на семејството и поминувала низ кризни периоди.

Нејзиниот татко не сакал да слушне за неа и неговата поранешна сопруга, а мајката знаела се, но поради срамот молчела.

Во болницата во Тузла ја очекуваат нејзината мајка, која треба да пристигне за да биде со неа и да се обиде да дознае кој ја повредил.

Неофицијално, вахабистот кој брутално ја повредил девојката е во брак со неколку жени и има стан во Сараево. Се претпоставува дека тој ја донел во болница
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 19:43 ---
http://tocka.com.mk/1/86553/grupno-siluvanje-vo-centarot-na-kairo



Групно силување во центарот на Каиро


Видео снимката која прикажува групно силување на плоштадот Тахрир во Каиро, ни го покажа хоророт низ кој поминуваат политичките активистки на протестите во Египет.

Активистите велат дека исламски насилници се обидуваат да ги дискредитираат протестите, пренесува AFP.

Египетските активисти го објавиле ова шокантно видео, на кое се гледа како една група мажи силува жена на плоштадот Тахрир во Каиро.

Минатата седмица имало повеќе напади врз жените-демонстранти, од кои најмалку 20 биле жртви на сексуално злоупотребување.

На снимката, снимена од далеку, се гледа една група на мажи како се тепа околу жртвата, иако таа не се гледа. На видеото има и коментар кој опишува што се случува.

Видеото го објавила групата "Борба против сексуална злоупотреба", која била формирана во ноември 2012-тата година, со цел да се бори против насилството врз жените.


 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Нападнат дански писател - критичар на исламот


Данскиот писател и историчар Ларс Хедегаард.
ГОЛЕМИНА НА БУКВИТЕ​
05.02.2013
Д
анските медиуми објавија дека непознат напаѓач пукал во данскиот писател и историчар Ларс Хедегаард, кој е познат критичар на исламот, но го промашил. Напаѓачот дошол во неговата куќа претставувајќи се дека носи пакет и кога му била отворена вратата испукал најмалку еден куршум. Полицијата соопшти дека нема поврдени, но не кажа дали писателот бил мета на нападот. Хедегаард е претседател на Данското друштво за слобода на говор што органира јавни собири и предавања на кои се критикува исламот. Данските власти лани го казнија писателот со 1.000 долари поради навредливи коментари за муслиманите.
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Бенедикт XVI: Европа мора да се темели на природните закони



http://a1on.mk/wordpress/archives/97869
--- надополнето: 8 февруари 2013 во 22:34 ---
Египетскиот премиер ја осуди фатвата против опозициските лидери

http://24vesti.mk/egipetskiot-premier-ja-osudi-fatvata-protiv-opoziciskite-lideri
--- надополнето: 8 февруари 2013 во 22:36 ---
Vo nigerija ubieni 9 zdravstveni rabotniki od islamisisticka militantna grupa koja se bori za voveduvanje na seriatski zakoni.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=540
--- надополнето: 8 февруари 2013 во 22:40 ---
Благајник на СПЦ украл еден милион евра


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=281391536&id=11&setIzdanie=22800
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Ограбени две цркви во тетовско

Текст: Макфакс
Црна Хроника | 10 февруари 2013


Арамии ограбиле две цркви во тетовските села Радиовце и Стенче, соопшти полицијата.

Кражбите се случиле ноќта меѓу 8 и 9 февруари. Во првиот случај, крадецот го скршил прозорецот од црквата „Свети Атанасие" во тетовското село Радиовце, влегол внатре и украл 2.000 денари, а оштетил и една икона.
Истата вечер била ограбена црквата „Света Петка" во тетовско Стенче, од каде крадецот, кој ја обил влезната врата, однел 3.000 денари и 20 евра.
Полицијата трага по сторителите.
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Руската полиција уапсила 300 муслимани

10.02.2013 - 12:11:19




Руската полиција во Санкт Петербург привела околу 300 муслимани, осомничени дека би можеле да претставуваат терористичка закана.
Помеѓу приведените има граѓани на Узбекистан, Таџикистан, Азарбејџан, Северен Кавказ и по едно лице од Египет и Авганистан, а надлежните сакаат да ја испитаат нивната евентуална вмешаност во терористички активности.
Федералната безбедносна служба и полиција во петокот извеле заедничка операција на централниот пазар во Апраскин двор, место во кое муслиманите работат и се молат.
“Еден од повредените, дваесет и петгодишниот Мурат Сарбашев од кавказката република Кабардини – Балкарија, осомничен е дека на интернет поставил текстови со екстремистичка содржина и видео записи од терористички напади“, соопштиле руските истражувачи.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Кој го уби свештеникот во БИХ? Полицјата е сигурна дека се работи за убиство,бидејќи свештеникот имал тешки физички повреди,посебно на главата




Католичкиот свештеник Миле Иванчиќ е пронајден мртов во селото Заваље во БИХ. Според првичните проценки на полицијата се работи за сурово убиство.

Увидот покажал дека Иванчиќ имал тешки физички повреди посебно на главата. Полицијата заклучи дека се работи за убиство со оглед на тоа што повредите се нанесени од удар со камен.

Обвинителот нареди да се изврши обдукција на телото за да се утврди точната причина за смртта. Свештеникот Иванчик бил мета на нсилниците и минатата година кога двајца разбојници со маски на главата го ограбиле.Според соседите, Иванчиќ водел мирен живот и за него имаат само позитивни коментари./С.П.


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=106235
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Поповите и оџите меѓу најголемите неплаќачи на пензиски придонеси


Свештениците должат вкупно 2,5 милиони евра – поповите на МПЦ должат 1,12, а оџите на ИВЗ – 1,38 милион евра. На листата се и неколку стотици фирми, меѓу кои има и јавни претпријатија, пренесува денешен Дневник.




http://www.mkd.mk/97831/ekonomija/popovite-i-odzite-megu-najgolemite-neplakaci-na-penziski-pridonesi/
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Ограбена црквата „Свети Ѓорѓија“ во гостиварско
Петок, 15 Февруари 2013 13:10
Непознати сторитили ја ограбија црквата „Свети Ѓорѓија“ во гостиварското село Здуње. Пленот на крадците се состоел од пари, доброволни прилози од верниците.


Од СВР Тетово, информираат, провалниците во црквата влегле наверојатно ноќта помеѓу 14-15 февруари, откако го скршиле катанецот влезната врата. За разлика од серијата кражби во кои беа украдени и икони, овој пат одземени се околу 2.500 денари кои верниците ги оставале на иконите како и два пакети масло и шише вино.
Од полицијата соопштуваат дека е извршен увид и се преземаат активности за пронаоѓање на сторителите. Последна во серијата ограбувања беше црквата "Св. Архангел Михаил" во селото Вруток. Таму, за десетина дена, крадци во два наврати провалуваа и и освен прилозите од верниците, украдоа и три икони.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Кој ги гради џамиите во Македонија?

Зоран Митевски
Повеќе од 350 џамии се изградени во Македонија во последните десет години. Само во главниот град и неговата околина има дваесетина нови џамии, најчесто изградени без одобрение за градба и без комплетна документација, неопходна за објектот да биде легален.
Експанзијата на градење џамии е најочигледна во западна Македонија, како и во северните делови од земјата. Но, последните години се гради и околу Штип и Валандово. Кој ги дава парите за џамијата не е небитен податок. Тој што донира за нејзината изградба подоцна има и влијание врз неа. Но, тие податоци е тешко да се прецизираат.
Според грубите процени на градежите фирми што се занимаваат со изградба на џамии, за да се направи еден ваков објект се потребни повеќе од еден милион евра. Само минарето може да чини од 50 до 60 илјади евра. Разликата во цената зависи од материјалите што се користат за изработка на објектот, од бројот на минарињата и госелмината на џамијата.
Интересно е тоа што новите џамии во Македонија се градени според арапски терк, за разлика од постарите верски објекти од времето на Отоманската империја.
Според разузнавачки извори, најмногу пари за изградба на џамиите доаѓаат од арапските држави, како Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и Египет. Официјално, пак, најмногу пари плаќа Владата на Саудиска Арабија. Овие пари првично се наменети за отворање училишта и за промовирање на религијата, како и за аџилак во Мека и Медина. Пред десет години од државата на аџилак заминувале верници со еден автобус, што значи до 50 луѓе од Македонија, а последниве неколку години на пат заминуваат од 25 до 30 автобуси. Според официјални информации на Исламската верска заедница, превозот за овие верници го плаќа Владата на Саудиска Арабија, чие население 97 отсто (или 25 милиони луѓе) е муслиманско.
Во последните 10 години влезени се една милијарда евра за ширење на исламот, од кои 600 милиони биле наменети само за изградба на џамии. Другите пари се наменети за аџилак, други простории, за хуманитарна помош за Ромите, за стипендии.
Според познавачи на оваа проблематика, најголем увозник на радикалниот ислам во државава е Саудиска Арабија.
И во Босна и Херцеговина, од каде што се смета дека доаѓа радикалниот ислам во Македонија, најголем финансиер за изградба на џамии е Владата на Саудиска Арабија. Со нејзина поддршка во Босна се изградени околу 140 џамии, како и мегаџамијата на кралот Фахд во Сараево.
На списокот на земји што се главни финансиери на изградбата на џамиите во Македонија се и Катар, Кувајт, Малезија, Либија и Египет.
Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) ја финансираше реконструкцијата на Мустафапашината џамија. Според информации, сите фирми што ќе се пријават на јавен тендер за обнова или изградба на некој објект, подоцна стануваат донатори на пари што влегуваат во државава на ист начин како и во Босна и Херцеговина, јужна Бугарија, во Чеченија и Азербејџан, во Узбекистан, Киргистан и Казахстан.
(Авторот е поранешен помошник директор во Агенцијата за разузнавање во Република Македонија)
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Прават магии во црква и за живите палат свеќа кај мртвите


Наместо во црква да влезат со чиста душа и да се помолат за здравје, за решавање на некоја мака, македонските свештеници често забележуваат луѓе, како нешто чудно зборуваат, а место горе, свеќите за живите ги палат кај мртвите, за да се фатела клетвата, пишува Нова Македонија.


Свештениците велат дека наоѓаат разни предмети на иконите и покрај олтарот, кои ги оставаат верниците. Понекогаш наоѓаат конци во различни бои закачени на иконите, но една од најчудните слики била кога виделе како парите што се оставаат во црквите се врзуваат со конец.

За весникот свештените лица раскажале дека се почесто верниците правата магии за некому да му наштетат.

“Еден литар масло и еден килограм шеќер треба да се остават пред олтарот во една православна црква. Потоа ќе запалите свеќа за вашиот непријател, но обратно, треба да се забоде со фитиљот надолу, во садот со песок наменет за починатите. Наместо вам да ви се случи нешто лошо, тоа ќе го снајде оној што сметате дека ви наштетува. Само така ќе успеат зборовите на клетвата“, објасниле свештениците за Нова Македонија.

Некои верници сметаат дека токму во црквите се прават најтешките клетви. Тоа најчесто се случува за време на големите празници, бидејќи кај луѓето има верување дека ќе се фати кажаната клетва.

“Има многу посетители на верските објекти што доаѓаат со лоши намери. Една од најчудните појави е кога луѓето палат свеќа, ја нарекуваат со името на тој кому сакаат да му наштетат и ја ставаат на местото за покојници, но не да гори, туку со пламенот надолу. Продавачите на свеќи во црквите се директни сведоци на таквите активности “, велат свештениците.




Овие суеверни појави се чести меѓу народот, кој верува дека со клетви и магии, може да се предизвика зло. Од цркавата велат дека овие суеверни појави не се запишани никаде во светите книги и дека се појава кога народот ја негува.

Професори од Богословскиот факултет во Скопје за Нова Македонија објасниле дека црквата се бори да го отстрани суеверието, зашто тоа нема никаква врска со православието и со библиското и светоотечко учење .

Кога ќе почине некој важно е да се запали свеќа, за да не скита неговата душа. Со палење свеќа за жив човек, но во делот за покојници, му се фрла клетва да нема светлина кога ќе почине. Клетва или колнење е форма на говор што е спротивен од благословите. Според народното верување, клетвата е само збор со негативна желба некому да му се случи несреќа. Тоа го сметаат за тежок облик на нанесување зло поради омраза, одмазда или некоја друга причина. Етнолозите велат дека најтешки клетви биле крвните од родителот, братот, сестрата.

Свештениците велат дека таквите сфаќања можат да се сменат само со изучување на веронауката.http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/829669/index.html
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 21:21 ---
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 21:33 ---


Со исламско банкарство да му се стави крај на хаосот во Европа
oсновните принципи на банкарството, според исламските закони, се дека трансакциите мора да бидат бескаматни, секој кредит мора да биде имотно покриен и да не се преземаат високоризични финансиски работи.
БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ
Банките во светот се борат со кризата и со нејзините последици уште од 2008 година, додека таканаречените исламски куќи за пари се движат во целосно спротивен правец. Нивната актива непрекинато расте и, според процените на експертите, достигнува 1.800 милијарди долари. Исламското банкарство се зајакна во последните две-три децении и досегашната просечна стапка од околу 15 отсто пораст на годишно ниво го направи исламското банкарство еден од најпопуларните феномени на 21 век.
Македонската регулатива не дозволува вакво работење и се водиме според западните искуства. Во книгата „СУКУК - муслимански бескаматни обврзници“ на професорот Мирољуб Шукаров од Универзитетот на ЈИЕ се третираат прашањата како овој начин на финансирање никогаш не подлежи на кризи. Кај овој вид банкарство основа е еднаквоста и е забранета каматата. Во спротивното, како што вели Шукаров, тогаш не би се почитувала рамноправноста.
Кредит без камата
- Нашиот закон не дозволува ваков вид банкарство, туку се заснова на конвенционалното банкарство.
Исламското банкарство се повеќе е застапено во Европа и во Америка. Кај ваквиот вид банкарство еднаквоста е основа, овој систем на работење е стабилен и не дозволува постоење на должници - вели Шукаров.
Основните принципи на банкарството, според исламските закони, се дека трансакциите мора да бидат бескаматни, секој кредит мора да биде имотно покриен и да не се преземаат високоризични финансиски работи. Токму затоа, појаснува Шукаров, се забранети зделки што се насочени кон проституција и оружје, камати, договори во кои постои несигурност за реализација. На пример, доколку некој сака да купи стан, оди во исламска банка да побара кредит. Банката го одобрува кредитот, со што го купува станот, но тој имот е во нејзина сопственост, а барателот плаќа станарина. Со секоја година се зголемува и сопственоста што ја има, а банката заработува од киријата што кредитобарателот ја плаќа додека живее во станот и додека не го отплати во целост. Шукаров појаснува дека во почетокот банката е 100 отсто сопственик, а потоа се помалку, се додека комплетно не биде отплатен станот. На овој начин во ниту еден момент никој не е должник.
- Во нашето законодавство не се вметнати механизмите на исламските закони, банкарската регулатива кај нас се води според западните искуства. Доколку постои и дојде до ваков интерес, најверојатно би имало измени. Ние како земја немаме такви искуства, но со последните контакти и најавените инвестиции од Катар можно е да дојде до некоја форми на овој вид банкарство, но тоа би било мотивирано од политички цели - вели Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и економски аналитичар.
Нема манипулации
Активата на исламските банки изнесува 1.800 милијарди долари и забележува скок од дури 38,5 отсто во однос на крајот на 2011 година, пишува во најновата студија на консултантската куќа „Ернест и Јанг“.
Тајната на овој банкарски систем, како што се смета, не е целосно во огромните нафтени профити.
Системот на „халал-финансирање“ почнува со неколку основни тврдења, во кои нема големи тајни, но ги нема ниту западните манипулации поради нечии интереси. Исламското финансирање се базира на принципите на забрана на плаќањата или наплата на камати во кој било облик, задолжителна поделба на профитот или загубата, на неможноста за заработка без преземање ризик и на забрана за вложување во вооружување, порнографија, алкохол и игри на среќа.
Со оглед на успешноста на овој начин на финансирање, честа тема за експертите е зошто ваквиот систем нема подлабоки корени на Запад. Во Велика Британија, која меѓу првите ја согледа предноста на овој систем, вредноста на влоговите достигна дури 19 милијарди долари. Во Франција принципите на исламското финансирање и понатаму се на скромно ниво, поради нагласената потреба на малите и на средните претпријатија за нови видови инвестиции, пишува престижниот француски портал „Бизнис-клуб“.
Некои земји, како Пакистан, Иран или Судан, во целост ги конвертираа некогашните конвенционални економски системи во исламски. Во развојот на исламскиот финансиски систем клучната улога ја имаат исламските финансиски институции. Во светот денес постојат повеќе од 200 различни исламски финансиски институции, инвестициски банки и финансиски и осигурителни компании во повеќе од 50 земји на сите пет континенти.
Најраспространети се на Блискиот Исток, во Африка и Југоисточна Азија, а се повеќе присутни во Северна Америка и Европа. Системот го сочинуваат и низа небанкарски институции, исламскиот пазар на пари, исламската берза, фондови и исламски осигурителни компании што работат по шеријатскиот принцип. Една од најголемите исламски банкарски групации на светот е „Ал Рајхи бенкинг и инвестмент“, со седиште во Саудиска Арабија.
Исламските банки се присутни на Балканот
Прва исламска банка во Југоисточна Европа е Босна банк интернационал, која планира отворањето подружница во Хрватска.
Првата банка од овој тип Исламик фајнанс хаус е основана во Луксембург во 1978 година, а притоа се отворени низа институции кои работат на истиот принцип во другите европски земји. Покрај тоа, некои западни конвенционални банки даваат услуги според шеријатскиот принцип на барање на своите клиенти.
Интересот на западните банки за воспоставување односи и соработка со исламските банки е во пораст, а некои од големите банкарски групации, како Сити банк, Морган Стенли и Голдман Сакс, почнаа да даваат финансиски услуги според начелата на исламското банкарство.
Автор: Маја Трајковска
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Либија: Уапсени четири лица поради ширење на христијанството

Четворица странци се уапсени во Либија под обвнинение дека продавеле книги и идеи за христијанството, соопшти либиската полиција.

Уапсените се државјани на Jужна Африка, Египет,Јужна Кореја, еден од уапсените има двојно државјанство на Америка и Шведска.


Aпсењето го потврди и шведското министерство за надворешни работи, додека во амбасадата на САД во Либија не сакаат да го коментираат овој случај.


Четврицата странци беа уапсени во Бенгази и сега се под истрага поради печатење и дистрибуција на христијанска литература.


Полицијата наведе дека при нивното апсење пронајдени се 45 000 книги, а дека истите лица претходно веќе поделиле 25 000 книги.


Ширењето на христијанството инаку е кривично дело во Либија. /К.Г.


--- надополнето: 17 февруари 2013 во 13:25 ---
Пакистан : Нападнати шиити ,79 мртви

Билансот на погинати од експлозијата на бомба во шиитската област во пакистанскиот град Квета се искаќи на 79 лица, а околу 200 луѓе се ранети, изјави полицискиот портпарол.

„досега се извадени телата на 79 луѓе настрадани во експлозијата“изјави полицискиот портпарол Вазир Кан Насир за агенцијата АФП.
Истовремено се ранети и околу 200 луѓе , а спасувачките екипи и понатаму трагаат по преживеаните на местото на експлозијата во предградието на Квета, во провинцијата Балучистан. Експлозијата на бомба се случи на преполниот пазар во текот на вечерните часови.
Според полицијата нападот бил извршен со импровизирана експлозивна направазакачена на еден моторцикл, полицијата воедно тврди дека ова е само уште една акција во низата во кои се почесто ги изведуваат сунитските екстремисти.
Поголем број од 79 погинати се припадници на шиитското малцинство во Пакистан, малцинство кое побара од владата заштита по серијата напади на милитантните групи предводени од организацијата Лашкар- е Џангави, соопштија овицијални те лица. /К.Г.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom