Погорните ливчиња делуваат автентично, едното е уплатено во Аугсбург, другото во Билефелд, има различни бројки од тип на кодови итн, а има разлика и во датум на уплата и време на уплата. Не верувам дека некој во фотошоп би губел време со мењање разни податоци за да направи некаква финта.
Иначе за вчерашната утакмица, кој знае каков ќе беше исходот ако погодевме уште на почеток. Левиот бек, Лазевски или како се вика, се посра скроз, али, ај може не му бил денот, се дешаваат киксови. Загубивме и затоа што Демири и Хасани целосно ја загубија битката со Фелаини за средината. Плус, имам чувство дека белгиските фудбалери не се многу замараа, поготово Азар, еднаш се реши да биде Азар и му направивме пенал. Исто на мислење сум дека димензиите на теренот не ни одговараат, преширок е, 68 м, а тоа остава простор на екипи шо се крилно посилни да не дупчат, се докажа вчера, а така беше и со Хрватска.
Меѓутоа, најбитно е тоа што и кога имаме 0-0 резултат, и кога губеме 0-2, нашите продолжуваат да играат, нешто шо кај Јонуз и Т/о/а/шак беше непоимливо. Друго шо ме загрижува е недостигот на комуникација меѓу одбраната и голманот, тоа ќе не кошта некад.