Задолжително гласање: За или Против?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Задолжително гласање?

  • Вкупно гласачи
    180
Нема потреба од задолжително гласање. Што би се добило со задолжително гласање? Не гледам ниту една придобивка.
--- надополнето: 20 март 2013 во 21:39 ---
Во моиве 15 години со право на глас не сум испуштил ниту едно гласање. Така и да има закон за задолжително гласање исто ми се фаќа.
А дали ќе гласам за партија, за Брус Ли, Џет Ли или Кен Ли тоа е небитно. Битно е што не дозволувам некој друг да гласа во мое име.
На кој начин може друг да изгласа за тебе?
 
На кој начин може друг да изгласа за тебе?

Може, може, стани член на изборна комисија во некое забутано село, па ќе видиш како и мртви и иселени гласаат.
Еве се кладам уште сега дека некои кичевски села ќе имаат 102,3 % излезност, иако 90% се раселени.
 
Сум бил повекепати во избирачки одбор, во времето пред избирачките одбори да бидат составени од буџетарите. Во избирачките одбори, и тогаш и сега има претставници и набљудувачи од сите партии. Гласовите се бројат на лице место по завршување на гласањето. Нема, или бар јас не гледам, техничка можност друг да гласа за тебе. Единствено ако имаш брат близнак со кого е тешко некој да ве разликува па истиот да дојде со твојата лична карта и да гласа во твое име.
 
Јас сум против задолжително гласање. На овие избори нема да излезам да гласам, од причина што партиите во Македонија се народни до денот на гласањето. Зашто да одам да гласам ако не сакам? Ако навистина е слобода тогаш на граѓаните би требало да им се даде право ако сакаат да гласаат, и ако сакат да гласаат, да гласаат за опцијата која сакаат (како што е сега).

Добро знаеме колку е слободно гласањето денес (пример денес ми рекоа, ај да те носам в сабота на ручек, па да гласаш за актуелниот градоначалник)
 
ПРАВА И ОБВРСКИ
право да гласаш, ама во исто време и обврска да учествуваш во градењето на својата држава. сите сме засеганти од тоа како ќе се води политиката, и внатрешнаи надворешна. дали едниот или другиот или пак “никој“. тоа никој е дека сме (народот) незадоволни од понудените платформи и дека партиите треба/мора да направат реформи во своите редови за да има успшени избори.како споредба, ..... плаќањето на данок. дали е избор или обврска? еве јас не сум задоволен со политиката на владата (што по правото на избор јас не би требало да платам), ама имам обврска да платам. зошто? затоа што сите учествуваме во буџетот без исклучок. така и за ова, сметам дека гласањето е обврска на секој жител на државата.
тоа е едната причина, а втората е дека секогаш, ама секогаш без исклучоци има малверзации со гласовите. ми се случило, а и на други знам да сум “гласал“. со ова обавезно гласање, тие малверзации би се свеле на минимално ниво. да не кажам и искорениле.
затоа големо ЗА задолжително гласање (y)
 
А по кој член од утавот ваков закон би бил противуставен или само си претпоставуваш.

Ти праќам број по ПП , и за секоја правна помош кај мене во канцеларија издавам и фактури..
 
Јас сум повише за тие што имаат имигрантски статус, азил, да немаат право на глас. Ги видовте оние на ТВ по 30 души набутани во стан? :pos:
 
Ти праќам број по ПП , и за секоја правна помош кај мене во канцеларија издавам и фактури..
Не е потребна твојата "правна помош". Кога ќе исстапиш со свое мислење треба да го аргументираш. Такви се правилата. Ако не, нема што да се вклучуваш во дискусија на форум.
 
Во стариот Рим, само патрициите имале право на глас. Демократијата тогаш го имала најголемиот потенцијал да им ја унапреди цивилизацијата. Демократијата е концепт. Самиот систем вреди толку колку што и луѓето кои го користат. И токму затоа денес злоупотребуван.

Те молам опиши ситуација каде некој кој нема основно разбирање на историјата на неговата земја и начинот на кој неговата влада функционира, билокога да гласа за билокого освен за типот кој ќе го видат на телевизија. Тие луѓе не ги разбираат работите доволно за да одлучуваат за нивната земја и затоа несмеат да гласаат.

И твојов став е концепт. Се вика ФАШИЗАМ.
 
ПРАВА И ОБВРСКИ
право да гласаш, ама во исто време и обврска да учествуваш во градењето на својата држава. сите сме засеганти од тоа како ќе се води политиката, и внатрешнаи надворешна. дали едниот или другиот или пак “никој“. тоа никој е дека сме (народот) незадоволни од понудените платформи и дека партиите треба/мора да направат реформи во своите редови за да има успшени избори.како споредба, ..... плаќањето на данок. дали е избор или обврска? еве јас не сум задоволен со политиката на владата (што по правото на избор јас не би требало да платам), ама имам обврска да платам. зошто? затоа што сите учествуваме во буџетот без исклучок. така и за ова, сметам дека гласањето е обврска на секој жител на државата.
тоа е едната причина, а втората е дека секогаш, ама секогаш без исклучоци има малверзации со гласовите. ми се случило, а и на други знам да сум “гласал“. со ова обавезно гласање, тие малверзации би се свеле на минимално ниво. да не кажам и искорениле.
затоа големо ЗА задолжително гласање (y)
Абе ајде... Запишано е у Устав, право на глас, тоа не значи обврска.
Иначе јас сум против задолжително гласање. Затоа што, неизлегувањето на гласање истотака е избор, едноставно на еден човек не му се допаѓа понудениот избор, и ИЗБИРА да не оди на гласање. Како на пазар, одиш да пазаруваш круши, не ти се допаѓа, на една тезга, не ти се допаѓа на друга, на трета, и на крај се одлучуваш да не купуваш :)
 
Задолжително гласање е пред се невозможно. Зошто? Затоа што Македонија нема ни искуство а уште помалку средства да им овозможи на сите со македонско државјанство да гласаат ширум светот. Некои живеат и работат, други кои се во време на избори надвор од МК. Доколку е гласањето задолжително ќе мора да се овозможи ова, исто како кога направија задолжително средно и мораа да обезбедат превоз.
 
сте ја затупеле темава малце... под задолжително гласање не се мисли да гласате за едни за други или за трети - се мисли да да се искочи на гласање - а вие ако несакате да гласате некого неморате - може да прешкртате се па да биде неважечки глас... вака со тие што не искачаат на гласање се манипулира многу лесно - „нивните“ гласови одат за одредена партија....
 
Секако дека сум против,зошто да излезам да гласам ако не сакам,и не ја гледам причинита тука за задолжително гласање,ке излезам и ако некам да гласам ке го пречкртам лифчето,исто ти се фака.
 
Секако дека сум против,зошто да излезам да гласам ако не сакам,и не ја гледам причинита тука за задолжително гласање,ке излезам и ако некам да гласам ке го пречкртам лифчето,исто ти се фака.

Не ти се исто фаќа.
Ако е задолжително, мора да излезеш и да гласаш. Ако не ти се допаѓаат кандидатите, го правиш ливчето неважечко и ако повеќето ливчиња се неважечки, ќе има повторни избори.
Ако не е задолжително, нема да излезеш да гласаш. Со тоа го намалуваш само процентот на излезеност, и ништо повеќе не правиш, а секогаш тука е опасноста твојот глас да биде злоупотребен.
Од друга страна, ако не излезеш да гласаш, со кое право ќе се буниш да се смени власта подоцна или да плукаш по неа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom