Идеално Лоша
(more human than human)
- Член од
- 8 февруари 2013
- Мислења
- 118
- Поени од реакции
- 106
- Возраст
- 38
Секако дека како потрошувач си имаш одредени права, но бидејќи работам и со оваа проблематика, знам дека има и луѓе што изведуваат. НЗ за твојот случај кој е, но ти како лице кое си земало одреден производ имаш обврска истиот да го платиш. Ратите се само добра волја (!) на продавачот да ти даде одложено плаќање додека ти се користиш со уредот. Не може и двете..
Самите производи си подлежат на одредена гаранција - на пример 1 година, во која се должни да го сервисираат уредот или да дадат соодветен во замена по истекот на 45 дена. Доколку тие не го испочитувале ова (што би ми било чудно бидејќи обично не се замараат за 1 телефон), си можел слободно да се обратиш до Агенцијата за заштита на потрошувачите, но НИКАКО не си имал право да престанеш да си го плаќаш долгот зашто ти си сметал дека така треба. Кај ќе беше државата ако секој така самостојно си решава.
Прво
Дали добро те разбрав? Јас треба уште да им бидам благодарна што ми овозможиле да го земам телефонот на рати(какво хумано дело

Второ
При бидејќи времето е пари, ни под разно немам намера да го трошам моето чекајќи ред во нивните продажни салони и сервисирања кои траат по месец дена, за време на кои ме оставаат со некое си сплоснато камче од телефон, кој може да послужи само за правење "жабици" во вода. Срамота...
Трето
Како јаготка на шлагот, телефонот иако подложи на гаранција сеуште, шерифите одбија да го платат и последново сервисирање.
Према тоа... Време е да се размачка таа нивна розева глазура која е само маска на фирма која одвнатре е трула вишња.
Кои се правата на потрошувачите во однос на
купувањето производ со недостаток?
Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има
право ПО СВОЈ ИЗБОР ДА БАРА (клучни зборови):
- бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
- сразмерно намалување на продажната цена;
- замена на производот со соодветен производ со иста тргов-ска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
- замена на производот со соодветен производ со друга тргов-ска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот, со соодветно намалување или зголемување на производната цена и РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ, враќање на платениот износ и надомест за претрпена штета( М О М Е Н Т О Т! )
Сега ќе земам да ги прочитам и сите 145 члена од Законот за заштита на потрошувачи, зошто ова стварно веќе нема смисла.