Агенции за наплата - СТОП!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellsing
  • Време на започнување Време на започнување
Секако дека како потрошувач си имаш одредени права, но бидејќи работам и со оваа проблематика, знам дека има и луѓе што изведуваат. НЗ за твојот случај кој е, но ти како лице кое си земало одреден производ имаш обврска истиот да го платиш. Ратите се само добра волја (!) на продавачот да ти даде одложено плаќање додека ти се користиш со уредот. Не може и двете..

Самите производи си подлежат на одредена гаранција - на пример 1 година, во која се должни да го сервисираат уредот или да дадат соодветен во замена по истекот на 45 дена. Доколку тие не го испочитувале ова (што би ми било чудно бидејќи обично не се замараат за 1 телефон), си можел слободно да се обратиш до Агенцијата за заштита на потрошувачите, но НИКАКО не си имал право да престанеш да си го плаќаш долгот зашто ти си сметал дека така треба. Кај ќе беше државата ако секој така самостојно си решава.

Прво
Дали добро те разбрав? Јас треба уште да им бидам благодарна што ми овозможиле да го земам телефонот на рати(какво хумано дело:place: ) а тоа што апаратот рикна уште дента дома кога го однесов, никому ништо нели? Уште имам обврска да го платам? Што да платам? Мобилен телефон што се расипува на секои 2 дена? Извини ама ако тебе тоа ти е дефиниција за функционалност, мене не ми е.

Второ
При бидејќи времето е пари, ни под разно немам намера да го трошам моето чекајќи ред во нивните продажни салони и сервисирања кои траат по месец дена, за време на кои ме оставаат со некое си сплоснато камче од телефон, кој може да послужи само за правење "жабици" во вода. Срамота...

Трето
Како јаготка на шлагот, телефонот иако подложи на гаранција сеуште, шерифите одбија да го платат и последново сервисирање.



Према тоа... Време е да се размачка таа нивна розева глазура која е само маска на фирма која одвнатре е трула вишња.


Кои се правата на потрошувачите во однос на
купувањето производ со недостаток?
Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има
право ПО СВОЈ ИЗБОР ДА БАРА (клучни зборови):

  • ™ бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
  • ™ сразмерно намалување на продажната цена;
  • замена на производот со соодветен производ со иста тргов-ска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
  • ™ замена на производот со соодветен производ со друга тргов-ска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот, со соодветно намалување или зголемување на производната цена и РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ, враќање на платениот износ и надомест за претрпена штета( М О М Е Н Т О Т! )
Машала...
Сега ќе земам да ги прочитам и сите 145 члена од Законот за заштита на потрошувачи, зошто ова стварно веќе нема смисла.
 
krale Иако си прилично млад изгледа мозокот се повеќе ти закржлавува м? Едноставно изгледа не ја сваќаш поентата на темата и насоката во која треба да се води разговорот, жал ми е за тебе другарче.
 
Бааги сум поупатен од тебе за овие работи (околу мобилните телефони) и можам да ти кажам дека не е нивна измислица туку ЗАКОНОТ вели дека сервисот може слободно да трае до 45 дена, без никаква обврска да ти дадат заменски телефон во тие 45 дена. Значи тоа е ЗАКОН, не е тоа измислица било чија.

Имаш право да раскинеш договор - НО (забележи) тоа ни најмалку не те ослободува од плаќање за услугите кои ВЕЌЕ си ги добила. Напротив имаш законска обврска да подмириш и оштета кон продавачот која тој ја претрпува заради твоето раскинување на договорот (може и да ти објаснам во што се состои штетата ако баш сакаш и подетално).

Значи не велам за твојот случај конкретно дека си бараш дупка во законот, најверојанто грешката е од страна на операторот, но верувај ми на крајот ќе го платиш секој денар (и повеќе од тоа) и ќе изгубиш и време и живци, а може и да си умреш убедена еден ден дека си во право, ама џабе. Законот е против тебе за жал за овие работи.
--- надополнето: 23 март 2013 во 00:14 ---
krale Иако си прилично млад изгледа мозокот се повеќе ти закржлавува м? Едноставно изгледа не ја сваќаш поентата на темата и насоката во која треба да се води разговорот, жал ми е за тебе другарче.

Мене не ме интересира насоката кон која сакаш ти или кој било да ја води дискусијата.

Имам доволно интелект и слободна волја да проценам кога некој заговара небулози, а ако некој сака да лековерно да аплаудира на сѐ што ќе му се сервира - тоа не сум јас.
 
Бааги сум поупатен од тебе за овие работи (околу мобилните телефони) и можам да ти кажам дека не е нивна измислица туку ЗАКОНОТ вели дека сервисот може слободно да трае до 45 дена, без никаква обврска да ти дадат заменски телефон во тие 45 дена. Значи тоа е ЗАКОН, не е тоа измислица било чија.

Имаш право да раскинеш договор - НО (забележи) тоа ни најмалку не те ослободува од плаќање за услугите кои ВЕЌЕ си ги добила. Напротив имаш законска обврска да подмириш и оштета кон продавачот која тој ја претрпува заради твоето раскинување на договорот (може и да ти објаснам во што се состои штетата ако баш сакаш и подетално).

Значи не велам за твојот случај конкретно дека си бараш дупка во законот, најверојанто грешката е од страна на операторот, но верувај ми на крајот ќе го платиш секој денар (и повеќе од тоа) и ќе изгубиш и време и живци, а може и да си умреш убедена еден ден дека си во право, ама џабе. Законот е против тебе за жал за овие работи.
--- надополнето: 23 март 2013 во 00:14 ---


Мене не ме интересира насоката кон која сакаш ти или кој било да ја води дискусијата.

Имам доволно интелект и слободна волја да проценам кога некој заговара небулози, а ако некој сака да лековерно да аплаудира на сѐ што ќе му се сервира - тоа не сум јас.

Ќе го коментирам болдираното, зошто очигледно збориш напамет.

Следи ме. Во известувањето за поправката што го добив од последното сервисирање, најдолу во оние нивни фамозни ставки со фонт 1 и ѕвезда напред, под точка 8 стои следново:

8. Клиентот има право привремено да користи заменски производ обезбеден од Т мобиле Мк под однапред одредени услови во текот на поправката на неговиот производ, но не подолго од РОКОТ утврден во точка 9.

Ајде да видиме точка 9 што вели:

9. Клиентот е должен да го подигне својот производ од продажниот салон на Т мобиле Мк каде го оставил за поправка, врз основа на добиено известување, НО НЕ ПОДОЦНА ОД 30 дена(РОКОТ) од приемот на производот за поправка.

Закон v.s. Оператор. Да беше монопол вториов, ќе знаев однапред како ќе завршеше оваа битка, ама вака?


ЕДИТ:

Морам уште оваа ситуација на " сам себе убил" да ја доловам:

Во известувањето за поправка стои:

RTXAKF8.jpg


А во одговорот на приговорот:

9bjk2Di.jpg


XAbZ6fU.gif
И како после да не им отидеш и да не им напраиш kurzschluss?
 
Агенциите за наплата се легални рекетари и ништо повеќе.

ЕОС Матрикс биле добри, вршеле работа. како да не!

Можеби за големи корпорации да, ама запрашај се дали им вршат работа и на мали и средни претпријатија? НЕ. Такви компании постојат само за моќни компании кои имаат десетици правници кои ги составуваат оние педерски договори. Па после тоа можат и да ти го одбијат барањето за замена на апарата/раскинување на договор и да не сносат последици, бидејќи имаат многу пари и со тоа големо влијание во медиумите, а неможеш да истепаш цела компанија, нели?

Башка тој што го одбил барањето на форумџиката погоре од мојот пост никогаш нема да знаеш кој е и да го начекаш на улица и да го прашаш дали сеуште мисли дека е во право (верувам сфаќате за што зборам). А газдата на мала мобилара знаеш кој е, каков сурат има и кај можеш да го најдеш.

Многу мразам кога некој збори на памет. Ако не се разбираш во нешто не се мешај.

Јас знам за случаи каде (тогашен) Космофон НИКОГАШ не ги наплатил побарувањата, и тоа мислам дека комуникацијата идеше од ЕОС - што значи дека и они не се семоќни, а и неможат да бидат. Како знаат они да бричат, секогаш ќе се најде некој пофакман и од нив. Така функционира светот.

А за ова со Т-мобиле никако карање со нив - пакување документите и во Државна Пазарна Инспакција и во Организација за заштита на потрошувачите, со претходно убаво прочитан закон за заштита на потрошувачите. Баш сакам да видам што ќе искочи од целава ситуација - се разбира навивам за форумџиката :)
 
Епа добро - работите сега стануваат појасни.

1. Во врска со рокот - малце ги бркаш работите. 30 дена е рок кој Тмобиле ти дава да го подигнеш сервисираниот апарат. Тоа е класика секаде. Ако во 30 дена не го подигнеш, го губиш правото над уредот (и за тоа си има причини зошто е така). Дури и кај тмобиле да е 30 дена рок на сервисирање, сепак само значи дека нивниот сервис е подобар од законскиот - кој одредува максимум до 45 дена.

2. како што гледам во писмото фино-лепо е објаснето дека уредот ти имал механичко оштетување. Заради тоа гаранцијата е автоматски поништена за било кој дел од телефонот.

Некои работи не подлежат на гаранција, заради можни злоупотреби од корисниците (намерно оштетување) или неправилно ракување (ненамерно оштетување). Во двата случаи гаранцијата веќе не е важечка. Уредот сте го добиле исправен, а ако сте го оштетиле и не ви работи, не значи дека имате право да не го платите. Понекогаш работите не мора да се поврзани - пример вас ви паѓа телефонот, но продолжува да си работи уште 2 недели, и потоа се расипува (неповрзано со падот на телефонот). Гаранцијата веќе НЕ ВАЖИ и е поништена бидејќи телефонот има механичко оштетување.

Немој да ме разбереш погрешно, немам ништо против тебе, ниту те познавам, но едноставно го набљудувам твојот случај малце понеутрално, бидејќи не сум директно засегнат. Поздрав!
--- надополнето: 23 март 2013 во 01:37 ---
Агенциите за наплата се легални рекетари и ништо повеќе.

ЕОС Матрикс биле добри, вршеле работа. како да не!

Рекет е под закана да бараш незаработен надомест.

Ова е барање на начин да се наплати неправедно ускратен надомест - т.е. несовесни должници кои не го враќаат долгот.

Не ги знам, не си имам работа со нив, но секое казнување на должниците и помагање на жртвите го поздравувам.
 
Не е казнување туку наплаќање на камати. Но, за секој спор околу сметките (и нивно неплаќање) е должен судот кој е наведен. Не извршители. Тие се должни да наплатат ако судот донесе такво решение - решение за присилна наплата.

Во тоа е разликата.

Хипотетички гледано, јас и ти ако слкучиме договор за давање на некоја услуга чиј месечен износ е варијабилен, и јас ако ти склопам 2-3 пати поголема сума од "нормалната" и ти се разбира не ми ја платиш, можам да те дадам на хиените да ти соберат пари? Не, бидејќи тогаш и кривично се одговара и од мене бидејќи сум ти напраил дубара со месечната фактура и од хиените бидејќи наплатиле долг за кој не биле овластени.

Се надевам успеав да ти објаснам како идат работите.
 
Не е казнување туку наплаќање на камати. Но, за секој спор околу сметките (и нивно неплаќање) е должен судот кој е наведен. Не извршители. Тие се должни да наплатат ако судот донесе такво решение - решение за присилна наплата.

Во тоа е разликата.

Хипотетички гледано, јас и ти ако слкучиме договор за давање на некоја услуга чиј месечен износ е варијабилен, и јас ако ти склопам 2-3 пати поголема сума од "нормалната" и ти се разбира не ми ја платиш, можам да те дадам на хиените да ти соберат пари? Не, бидејќи тогаш и кривично се одговара и од мене бидејќи сум ти напраил дубара со месечната фактура и од хиените бидејќи наплатиле долг за кој не биле овластени.

Се надевам успеав да ти објаснам како идат работите.

Во теорија е така. Но сите овие решенија се добредојдени во состојба кога правниот систем во Македонија е во колапс, и кога повеќе ги штити должниците отколку доверителите.

Македонската економија е закочена заради неплаќање на нарачан роба, услуги и производи, па јас мислам дека конкретно тоа е најголемиот проблем и мора да биде решен на секој можен начин. Еве и државата се обидува да го реши со новата задолжница, преку која судските одлуки веќе не се потребни - туку се оди директно на извршител, а после тоа должникот ако има поплаки нека се расправа по судови, а не оној што е ЖРТВА уште да биде казнуван со трошоци за судски процеси, адвокатури и друго.
 
Решенијата колку и да се добредојдени, ако не се легални може некој јако да заглави ќорка.

Се слагам дека е добро да се "откочи" македонската економија, но ни извршители ни задолжници нема да помогнат. Проблемот е многу поголем и подлабок од тие два инструменти.
 
Колку ние и да ги правиме лоши, гигантите како банки и телекомуникациски оператори се сламката на спасот во банана држави како нашаа. Сите овие гиганти имаат одреден процент на нефункционални пласмани и сите тие гиганти мораат да го смалат на што помал процент како би си ја зголемиле ликвидноста. Е сега секој со малце познавање на економијата знае треба да се биде ефикасен, со што помалце средства да се постигне поголем ефект. Во конкретниот случај со наплатата едноставно агенциите за наплата се апсолутно најефтиното решение.
И преносот на информации е валиден!
Согласно законот за облигациони односи, побарување од секој договорен однос може да се пренесе. Секој договор за кредит, користење на телекомуикациски услуги е облигационен однос. И лошите чичковци имаат апсолутно право да го пренесат своето побарување. Во таков случај тие не само што можат, туку МОРААТ на лицето на којшто му го отстапуваат побарувањето да му ги прибават сите информации коишто се неопходни за да примателите на побарувањето си го наплатат истото. Вклучително и личните податоци!!!
Проблемот не е во операторите или банките, проблемот е во клиентите, обичниот граѓанин којшто зема кредити за најголеми глупости а ни малце не се замара да го прочита договорот којшто го потпишува. Сите се жалат како им биле повредени правата, абе гревови. епа у пм, потпишувате договор, вие како клиенти имате права но и обврски, обврска да плаќате!!! а другата страна ако си го испочитувала договорот и ви дала пари на кредит или ви овозможила користење на услуги имаат прво да си бараат наплата. Како што можам јас да си ги плаќам сите сметки секој месец, може и секој друг.
Како адвокат често се среќавам со присилна наплата и апсолутно ја одобрувам.
Не е ова градинка, малце да поплаеме и ајде смири се , не мораш даплаќаш/
да набројам само неколку случаи, жена плаче на телефон како нема скршен денар, како душата само може да ја даде а земала кредит 5000 евра зашо на синот му купила мотор, малце да се направел важен пред другарите, потоа имама случај на човек којшто земал кредит 5000 евра зашо бил кум на водици?!?! Луѓето по се изгледа размислуваат само да земат пара а не размислуваат дека треба и да ги вратат тие пари.
Епа извинете социјализмот умре, што ке купиш и ке платиш, по пазарна цена. Ако не ви одговара, не морате, никој не е присилен да склучи договор за кредит ниту договор за користење на елекомуникациски услуги.

Следствено на тоа, сите критики погоре изнесени се апсолутно неосновани.
Гледам дека се повикувате на мислења на Европа...епа мало инфо за вас, мислењата на европа не се извор на правото туку законот е. А законот за конкретниов проблем дозволува да се користат в ашите податоци. Уше повеќе, ако некој се помачи да ги прочита договорите коишто ги потпишува ќе види дека истиот дал согласност за користење на личните податоци.
--- надополнето: 23 март 2013 во 11:26 ---
.

Редно време е некој да се огласи по основ на ова прашање, нешто што стана пракса кај мак. операторите. Секој неплатен долг од страна на корисникот го продаваат на агенција за наплата, најчесто ЕОС Матрикс и после долгот барем за половина се зголемува.

Вашите ставови и мислења конкретно за ова. Колку македонскиот граѓанин ќе се одлучи да иде со тужба против операторот кој му продава услуга а воедно тој истиот му ги продал податоците на X агенција?

Може, еве ајде сите да неплаќаме, ајде сите да земе кредит и да не го вратиме, ајде сите да звбориме во афганистан и да не платиме. па тие вошкари уште земале ми бараат пари.

И еве јавен пвик до тебе, што и да работиш, сакам да добијам кај тебе и да добијам бесплатна услуга/производ. ако имаш некоја продавничка, еве јас да дојдам ке си земам што сакам и секако не ти плаќам, нема потреба за тоа. некогаш ако станам ептен богат, можеби тогаш ке ти платам, може?

Токму ова погоре ти го браниш. Преносот на информации од големците до фирмите за наплата е легален. Ако некогаш тужиш, се надевам дека јас ке ти бидам констра страна...во тој случај, не само што ке го изгубиш спорот. Ќе го платиш долгот зголемен за минимум 50%, ќе ми ги платиш судските трошоци и на крај ќе ми платиш отштета зашто со незаконски тврдења си пробал да ми го нарушиш угледот.
намерата ти е добра, ама од правна и економска гледна точка ова е голема глупост. Ова ке држеше вода во комунизмот, ама тоа заврши за жал. колку побрзо сфатиме толку подобро.
 
игантите како банки и телекомуникациски оператори се сламката на спасот во банана држави како нашаа.

Како тоа? Да не е обратно? Да не се малите и средни компании сламката на спасот?
Поразговарај со некој економист и ќе видиш дека сум во право.

За правниот аспект не коментирам бидејќи не сум толку компететен, но економијата ми е струка.

Предлагам да се вратиме на темата
 
Како тоа? Да не е обратно? Да не се малите и средни компании сламката на спасот?
Поразговарај со некој економист и ќе видиш дека сум во право.

За правниот аспект не коментирам бидејќи не сум толку компететен, но економијата ми е струка.

Предлагам да се вратиме на темата

Малите и средните претпријатија се најјаки де факто во нормална држава. Нашава не е таква, 90% од млаџарија што стана магистер под работно место подразбира исклучиво банка, оператор или раководно место во администрација. жално но така е кога ке размсилиш, сите се факинг вработени во овие фирми. Од тие причини викам сламка...
 
Решенијата колку и да се добредојдени, ако не се легални може некој јако да заглави ќорка.

Се слагам дека е добро да се "откочи" македонската економија, но ни извршители ни задолжници нема да помогнат. Проблемот е многу поголем и подлабок од тие два инструменти.

Решенијата се легални, тоа не е спорно. Повеќе е спорно што се прави револт против решавање на најгорливиот проблем на македонската економија, а тоа е наплатата на долгови.

Мене и на други, верувам таа прикаска не ќе може да им се продаде.
 
Еве јас да ја разбудам темата повторно. Тие од Еоц Матрих лугето се закон си ги обожавам нон стоп ми ѕвонат 24/7 незнам како им се исплака да ме замараат знаат дека нема да им дигнам и упорно ѕонат човече треба нерви да имаш за ѕвонење нон стоп од различни броеви не ми е јасна финтата ај ке усониме ќе го замараме ако имам сех со девојка и ако ѕсонат што ќе и кажам чеки душо Еос Матрикс ми своне мора да се јавам хахаха. И друго сега луге имам застарен долг од ВИП Оператор уште од 2010 год. значи скоро 5 год. се поминат ми стигна писмо од адвокатско друштво Кузмановски Скопје да го исплатам долгот од 200 евра не знаев тогаш дека може да се напише приговор за да се поништи долгот го потпишав договорот и им го испратив назад договорот по пошта. Е сега им должам 2.000 ден а не сум во можност да платам и ми се закануваат дека процесот ќе оди на суд и на извршител е сега знам дека тогаш дека можам да поднесам приговор за бришење на долгот и судот ќе пресуди да не биде наплатен е сега сакам да им напишам емаил за долгот дека е застарен 5 год и дека немаат право на наплата ама не знам како да напишам ако сакате да ми кажете што да напишам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom