- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.048
- Поени од реакции
- 16.577
После првиот АТП Мастерс во Индијан Велс, традиционално следува Мастерсот во Мајами, речиси сличен како Индијан Велс, на иста тврда подлога, само што оваа година далеку ќе е послаба конкуренцијата, одамна Федерер го најави отсуството од овој турнир, а синоќа истото го потврди и Рафа Надал, човекот кој после долга пауза и отсуство од терените, го освои Мастерсот во Индијан Велс.
Тенискиот комплекс е изграден во 1991 година, содржи 12 терени. Главниот терен е со капацитет од 13 000 гледачи..

Погоре напоменав дека ќе ги нема број 2 и број 4 тенисери во Свет, па фаворити на турнирот ќе се, бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј и можеби тенисерот кој е во најдобра форма од овие тројца што ќе ги набројам, тенисер кој играше финале и беше на чекор до титула во Индијан Велс, Хуан Мартин Дел Потро. Според играта не би требало некој друг тенисер да се вмеша во борба за титула, можеби Бердих да се вмеша како некое пријатно изненадување, но мали се шансите за титула, но секогаш се остава простор за некое изненадување, Ферер ќе учествува на турнирот, но не е во неговата препознатлива ланска форма. Од топ 10 тенисерите, тука ќе се уште и Цонга, Типсаревиќ и Ричард Гаске.
Од попознатите тенисери, учеството го откажаа и Вавринка, Фиш, Багдатис, Гулбис..

Најмногу титули на турнирот има Андре Агаси, 6 титули, а најмлад победник на турнирот сеуште е Новак Ѓоковиќ со 19 години и 316 денови.
Ждребот ќе се одржи денеска, турнирот ќе започне во среда, квалификациите се веќе започнати, а тв преносите стартуваат во сабота, како што е пракса на турнирот, првите денови не се пренесуваат.
Награден фонд на турнирот:
$ 4,330,625
Телевизија која ќе го пренесува турнирот:
Спорт Клуб/Спорт Клуб+
Ждреб:
/
Досегашни победници на турнирот:
http://www.sonyopentennis.com/Players/Past-Champions.aspx
Официјален сајт на турнирот:
http://www.sonyericssonopen.com/