@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Европа
1.Во пензија (дури) со 69 години
Работна група на Бундестагот, според информации во медиумите, се залага законската старосна граница за одење во пензија до 2060 година да биде повисока. Опозицијата најавува отпор.
„Финансискиот проблем на социјалното осигурување се‘ уште не е решен. Без опсежни мерки, како натамошно зголемување на старосната граница за одење во пензија, која мора да важи аналогно и за државните службеници, речиси е неможно ’закрпувањето на дупките’“, ова е цитат кој магазинот „Шпигел“ го објавува од предлогот на завршниот извештај на надлежната работна група „Развој, благосостојба, животен квалитет“.
Според неа, законската старосна граница до 2060 година треба да се зголеми на 69 години. Пасусот за старосната граница е ставен на инсистирање на мнозинството од владејачката коалиција, партиите на Унијата и Либералите. Социјалдемократите, Зелените и Партијата на левицата гласале против, известува магазинот.
Работната група освен тоа планира поголемо привлекување на татковците во згрижувањето на децата. Бидејќи расте процентот на работно ангажирање на жените, а потребата од згрижување на децата останува непроменета, неминовна е „промена во однесувањето на мажите“.
Недостигот од целодневно сместување на децата
е една од значајните пречки „на жените да им се понудат подобри професионални перспективи“, смета Работната група.
Стопанството е согласно
Неодамна реномираната фондација Бертелсман во една студија исто така препорача подигање на старосната граница за одење во пензија во Германија на 69 години до 2026 година. Слично произлегува и од студијата, објавена во декември од лоби групата „Иницијатива на новоото пазарно стопанство“, финансирана од стопанството, во која на раководна позиција е поранешниот сојузен министер за труд и стопанство Волфганг Клемент. За истото пледираа во 2011 година и т.н. еконосмки мудреци во студијата за потребите на германската влада, а таков предлог поднесе во 2009 година Бундесбанката.
Според сегашниот закон, старосната граница за одење во пензија се зголемува постепено од 65 години до 67 до 2029 година, и таа е еднаква и за мажите и за жените. Синдикатите се спротиставуваат и на ова зголемување.
2.Отровни играчки во ЕУ
Oдлуката на ЕУ дозволи повисоко ниво на отрови во детските играчки.
Многу играчки содржат и тешки метали во бојата или омекнувачи во пластиката. Експертите секогаш наоѓаат отровни мешавини во играчките.
Со новата уредба на ЕУ ќе биде уште полошо. Пример е високо отровното олово чија употреба од сега ќе биде речиси двојно поголема од моментално дозволената. Листата со имиња на ризични материјали во играчките е долга. Сојузниот институт за проучување на ризикот протестираше и бараше од ЕУ да воведе минимални вредности за употреба на овие материјали.
„Во употреба се тешки метали како олово. Тие можат да предизвикаат канцерогени заболувања или да и наштетат на плодноста. Би сакале да останат старите правила, а не да ги воведуваме оние кои ги предлага ЕУ.
Третата област се алргените материјали кои можат да предизвикаат алергии. Тие материјали се, на пример, никел или материјалите кои користат разни мириси. Во овој случај побаравме намалување на најниската граница на употреба која ја предложи Комисијата“, објаснува Андреас Луч од Сојузниот институт за проучување на ризици.
Кога станува збор за регулација на производството на играчки, некои подобрувања веќе се забележливи. Меѓутоа, за Германија тоа не е доволно. Поради тоа случајот продолжува пред Европскиот суд на правдата. Германија бара да се воведат најниски граници.
На родителите им е тешко да сфатат зошто се дозволува повисоко ниво на отровни материи во играчките. Фирмите за производство на играчки и порано успеваа да се придржуваат до строгите германски правила.
„Очекуваме дека играчките воопшто нема да содржат штетни материјали. Ме плаши најниската граница за употреба на такви материјали. Мислам дека не е во ред за производство на играчки да се користат арсен и олово“, вели Катрин Линднер.
Новите правила за употреба на материјалите за производство на играчки стапуваат во сила во јули.
За германската тужба пред Европскиот суд на правдата ќе се расправа дури во 2014. година. Дотогаш на пазарот сосема легално ќе бидат во продажба играчки со штетни материјали. Од тоа речиси никој не може да се заштити.
http://www.dw.de/отровни-играчки-во-еу/a-16593132