EU- побрлаве

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Европа

1.Во пензија (дури) со 69 години

Работна група на Бундестагот, според информации во медиумите, се залага законската старосна граница за одење во пензија до 2060 година да биде повисока. Опозицијата најавува отпор.
„Финансискиот проблем на социјалното осигурување се‘ уште не е решен. Без опсежни мерки, како натамошно зголемување на старосната граница за одење во пензија, која мора да важи аналогно и за државните службеници, речиси е неможно ’закрпувањето на дупките’“, ова е цитат кој магазинот „Шпигел“ го објавува од предлогот на завршниот извештај на надлежната работна група „Развој, благосостојба, животен квалитет“.
Според неа, законската старосна граница до 2060 година треба да се зголеми на 69 години. Пасусот за старосната граница е ставен на инсистирање на мнозинството од владејачката коалиција, партиите на Унијата и Либералите. Социјалдемократите, Зелените и Партијата на левицата гласале против, известува магазинот.
Работната група освен тоа планира поголемо привлекување на татковците во згрижувањето на децата. Бидејќи расте процентот на работно ангажирање на жените, а потребата од згрижување на децата останува непроменета, неминовна е „промена во однесувањето на мажите“.
Недостигот од целодневно сместување на децата:eek: е една од значајните пречки „на жените да им се понудат подобри професионални перспективи“, смета Работната група.
Стопанството е согласно
Неодамна реномираната фондација Бертелсман во една студија исто така препорача подигање на старосната граница за одење во пензија во Германија на 69 години до 2026 година. Слично произлегува и од студијата, објавена во декември од лоби групата „Иницијатива на новоото пазарно стопанство“, финансирана од стопанството, во која на раководна позиција е поранешниот сојузен министер за труд и стопанство Волфганг Клемент. За истото пледираа во 2011 година и т.н. еконосмки мудреци во студијата за потребите на германската влада, а таков предлог поднесе во 2009 година Бундесбанката.
Според сегашниот закон, старосната граница за одење во пензија се зголемува постепено од 65 години до 67 до 2029 година, и таа е еднаква и за мажите и за жените. Синдикатите се спротиставуваат и на ова зголемување.


2.Отровни играчки во ЕУ

Oдлуката на ЕУ дозволи повисоко ниво на отрови во детските играчки.:tapp:

Многу играчки содржат и тешки метали во бојата или омекнувачи во пластиката. Експертите секогаш наоѓаат отровни мешавини во играчките.
Со новата уредба на ЕУ ќе биде уште полошо. Пример е високо отровното олово чија употреба од сега ќе биде речиси двојно поголема од моментално дозволената. Листата со имиња на ризични материјали во играчките е долга. Сојузниот институт за проучување на ризикот протестираше и бараше од ЕУ да воведе минимални вредности за употреба на овие материјали.
„Во употреба се тешки метали како олово. Тие можат да предизвикаат канцерогени заболувања или да и наштетат на плодноста. Би сакале да останат старите правила, а не да ги воведуваме оние кои ги предлага ЕУ.:icon_mrgr: Третата област се алргените материјали кои можат да предизвикаат алергии. Тие материјали се, на пример, никел или материјалите кои користат разни мириси. Во овој случај побаравме намалување на најниската граница на употреба која ја предложи Комисијата“, објаснува Андреас Луч од Сојузниот институт за проучување на ризици.
Кога станува збор за регулација на производството на играчки, некои подобрувања веќе се забележливи. Меѓутоа, за Германија тоа не е доволно. Поради тоа случајот продолжува пред Европскиот суд на правдата. Германија бара да се воведат најниски граници.
На родителите им е тешко да сфатат зошто се дозволува повисоко ниво на отровни материи во играчките. Фирмите за производство на играчки и порано успеваа да се придржуваат до строгите германски правила.
„Очекуваме дека играчките воопшто нема да содржат штетни материјали. Ме плаши најниската граница за употреба на такви материјали. Мислам дека не е во ред за производство на играчки да се користат арсен и олово“, вели Катрин Линднер.
Новите правила за употреба на материјалите за производство на играчки стапуваат во сила во јули.
За германската тужба пред Европскиот суд на правдата ќе се расправа дури во 2014. година. Дотогаш на пазарот сосема легално ќе бидат во продажба играчки со штетни материјали. Од тоа речиси никој не може да се заштити.

http://www.dw.de/отровни-играчки-во-еу/a-16593132
 
Нека ја укинат ич да не се оди во пензија,тогаш државата нема да има никаков трошок.
Нека го зголемат и тројно двозленото ниво,тогаш ќе нема ни кој да работи,па целиот балкан ќе може комотно да се пресели.
 
Jaко ќе е да се качиш на авион, а пилотот 69 години, 2 месеци пред пензија.Или да те сечат 67 годишен хирург и неговиот 66 годишен анестезиолог.И земање крв од 65 годишна сестра :vozbud:
Имаме професори во тие години на факултет, па кажуваа две недели по ред ист муабет.
 
Со 150 години да се оди во пензија ќе функционира нормално пензискиот фонд, инаку не... затоа и се овие работи, осуден е на пропаст, само кога не се знае.

Во Македонија се земаат кредити за да се пополни дупката во фондот зошто односот вработени и пензионери е да речеме 2:1 (дури и помалку), а за да функционира нормално пензискиот фонд треба односот да биде 7:1.
 
Кога се зголемува животот на лугето во години, кога младото население во Европа е се по-малце... некоj мора да изкарва парите за пензии. Тиja пари не идат от ништото, некоj мора да ги заработи.
 
Важи ова и за бравари на висина и рудари испод висина,
или само за адвокати,советници и судии.
Или исто е за сите.
----------------------------------
А како ние се гледаме и преземаме од Европа, јасно и ова веднаш ќе дојде кај нас,
море и ќе ги претркаме Европјанине, па бар во нешто да бидеме пред нив и први..
 
tumblr_mfh387SxE31rpdptuo5_500.gif
 
Ова му доаѓа ко ЕУ Update,може и оваа тема да се користи и понатаму за да се постираат вести во врска со забеганите закони кои се донесуваат во ова забегано бирократско чудовиште,може насловот да биде EU ? No Thanks!

noEU_320.png
 
Се почнува од основната клетка, а тоа е човекот.
Човекот се помалку живее на оној природен начин, начин кој му е својствен на него.
Се претвара во некое зомби кое раскрстило со животот.
Тоа е и ЕУ, тоа стануваме и ние следејќи го слепо нивниот систем.

Еве и Германија нека е, нај силната земја во Европа.
Како Германија ќе се справи со се понискиот наталитет, кој утре ќе работи во Германија?
Ако немаш ЗДРАВО поколение, ако го немаш ЖИВОТОТ во секоја клетка, никаква мерка не ти помага, тоа ти е само одлагање на смртта.
 
Ги нема некако на темава да се јават ПРО-ЕУ ориентираните личности, да кажат дека тоа е добра работа што ќе се оди пензија на 69 години...
 
А што да прават ? Ако не направат да се оди во пензија на поголема возраст,тогаш нема да може да има пензии воопшто.Нека размислат малце луѓето и нека почнат да работат во спална за да им кој да плаќа пензија.Порано деца требале за на нива - ги правеле........сега така треба за пензии.Не можеш со децении да имаш фертилитет 1,4 - 1,5 и да очекуваш дека ќе идеш ко татко ти и мајката на 60 години во пензија и да примаш пензии како нив.Германија има 20% пензионери !!!, уште 13-14 % деца + уште 3-5 % средношколци и студенти,па нешто инвалиди и домаќинки и пропалитети........кој останува да ги издржува тие 20 % ? А тек сега ќе им расте уште повеќе бројот на пензионери.....па веќе во Германија има 800 000 пензионери што сеуште нешто работат од што фалат луѓе и што нема пари за доволни пензии.

И комунизам да беше и ЕУ и било кој со овие ниски стапки на фертилитет кои во Европа се веќе 40-50 години под стапката на замена ќе мораше кај и да е да се дига границата за пензионирање.Не можеш цело време да увезуваш работници од страна,а да имаш мизерен наталитет и да очекуваш дека општеството ќе може да продолжи нормално да функционира.Германија на пример го сфаќа тоа сега,само малце прекасно затоа што веќе сфатија дека толку на лошо отидени што е веќе скоро невозможно да се свртат трендовите.Едноставно западните општества ќе мора да најдат начини да се прилагодат,ова со пензиите е еднa од тие работи....Подобро е со време да се прави и да се планира него да се одложува за кога стварно ќе дојде нож до коска.А кој знае, можеби во меѓувреме и ќе се мотивираат луѓето и повеќе да прават деца.....тогаш и границата за во пензија ќе иде доле.

Ова е само почетокот..........тек чекајте во наредните години колку уште ќе кастрат со пензиите и какви се реформи ќе прават во здравството.....тек тоа е најинтересното.Пензионерите се тие што дремат по болници цело време,а нивниот број расте.....растат и трошоците за здравство.
И Јапонија и Кореа и сите земји од Европа ги чека ова.....
Ние имаме некоја среќа што имаме огромна невработеност и албанците и ромите да ни го билдаат наталитетот иначе и ние до сега ќе ја дигневме границата.Не е за ова ЕУ крива и не е тоа само нејзин проблем,ова е проблем на сите развиени земји (само не на Америте).......

Јас би бил и построг.....колку деца и колку ќе заработуваат тие толку пензија.Ако имаш 1 дете,нека плаќа тоа за двајца пензии на пр.,2 деца на грб по еден родител итн.....
 
Само будала сеуште се надева на пензија. Прави пари и финансирај се сам. Инвестирај во недвижнина и во нешто друго релативно сигурно. Во пензија цепај во некоја банана република. ЕУ ви ја оставам на вас. Јас во пензија планирам да си го прчам на плажа некаде во азија или јужна америка со коктел од 1-2евра у рака и 20 годишна масерка до мене...
 
Само будала сеуште се надева на пензија. Прави пари и финансирај се сам. Инвестирај во недвижнина и во нешто друго релативно сигурно. Во пензија цепај во некоја банана република. ЕУ ви ја оставам на вас. Јас во пензија планирам да си го прчам на плажа некаде во азија или јужна америка со коктел од 1-2евра у рака и 20 годишна масерка до мене...
90% од луѓето не си ти....... :)
Иначе швабските пензионери углавном си живеат нешто така приближно.Ќе купи пред пензија некаде ефтина куќичка на море на балканот и ќе си живурка таму. И со 500-600 евра пензија да зима,тука со тие пари ќе е бог.....жената под рука и правац на море.
 
90% од луѓето не си ти....... :)
Иначе швабските пензионери углавном си живеат нешто така приближно.Ќе купи пред пензија некаде ефтина куќичка на море на балканот и ќе си живурка таму. И со 500-600 евра пензија да зима,тука со тие пари ќе е бог.....жената под рука и правац на море.

Знаеш колку западно европејци има на Бали? Па да не претерам накај 50 000, и уште барем толку австалци и амери. Во остатокот на Индонезија има барем 300-400 000. Во Тајланд накај 1 милион. На филипините скоро 1,5 милиони... На балканот ко што викаш, во другите клуб МЕД држави во европа - Италија, Грција, Шпанија имаш куп енглези... Глобализација, ќе градиме градови и фабрики на некој места, ќе се селиме у пензија на сонце, ако ништо друго нема да плаќаме греење :D
 
Знаеш колку западно европејци има на Бали? Па да не претерам накај 50 000, и уште барем толку австалци и амери. Во остатокот на Индонезија има барем 300-400 000. Во Тајланд накај 1 милион. На филипините скоро 1,5 милиони... На балканот ко што викаш, во другите клуб МЕД држави во европа - Италија, Грција, Шпанија имаш куп енглези... Глобализација, ќе градиме градови и фабрики на некој места, ќе се селиме у пензија на сонце, ако ништо друго нема да плаќаме греење :D
Ако не е скроз арен со здравје,а има и фамилија си останува некаде на медитеранот....Бали,Тајланд за тие послободните (y):D

Да не си планирам уште од сега......со овие новиве граници што ќе ги поставуваат уште 48 години иам до пензија.....:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom