Македонија во иста временска зона со Грција и со Бугарија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да одиме еден час понапред?


  • Вкупно гласачи
    206

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.308
Поени од реакции
34.702
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Сојузот на стопански комори на Македонија ги повикува своите членови да дадат свое мислење, во врска со иницијативата за менување на временската зона на Македонија, односно изедначување на временската зона со онаа на Грција и на Бугарија.

makedonija-vo-ista-vremenska-zona-so-grcija-i-so-bugarija-125819.jpg

Министерство за економија доставило допис до ССК, согласно заклучокот на Влада во врска со поместувањето на времето во Македонија односно усогласување на временската зона како што е во соседните земји Грција и Бугарија.

Имено, Министерство за економија во соработка со МАНУ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", Стопанските комори на Македонија и Бирото за метрологија треба да достави информација со анализа од економски, финансиски и други соодветни аспекти за предностите и негативностите во врска со поместувањето на времето во Македонија.
Ако отидеме еден час понапред, во зоната со Бугарија, Грција, Турција, Романија и други земји, работното време од 8 до 16 часот, кое го прифативме како европски стандард, ќе биде идентично како од 7 до 15 часот. Сега сме во зоната со цела Средна и Западна Европа, освен со Велика Британија и со Португалија.

Сметањето на времето во земјава е регулирано со закон, донесен во 1996 година, во чиј прв член се вели дека се сместуваме во средноевропската временска зона. Тоа значи и дека промената би била исклучиво политичка работа, некој, на пример Владата, ќе треба да предложи измени на овој закон, а Собранието да ги изгласа.

виа Кајгана

За или против? Кои се добрите, а кои лошите страни?
 
Едно големо ЗА!
Повеќе сонце, повеќе светлина, подолг ден на лето и зима.
Одамна го трубам ова, дајбоже да се усвои.
 
Ако е од бизнис интерес зошто да не. Нас народот во Македонија нешто битно дека ќе ни смени, не. Заедно ќе ја дочекаме Нова Година со ''педерине''.
 
Не е лошо да размислат и годината да ја вратат едно 2-3 века поназад, као што сме затуцани....
Идејава е ок, мада физички си припаѓаме целосно во CET....
 
Не зашто ние сме назад неколку години ;)

А Германија, Франција, Данска итн се исто така назад, па што се иста временска зона со нас!?

Инаку ја сум за не, подобро е кога си во најголемата европска зона.
 
Против сум оти одсекојпат е било така и така би требало да си остане. шо се однесува за мене јас сум повеке да се не се менува еден саат понапред или поназад односно да нема летно и зимно сметање на времето отколку да се преместиме во временска зона +2
 
Не е лошо да размислат и годината да ја вратат едно 2-3 века поназад, као што сме затуцани....
Идејава е ок, мада физички си припаѓаме целосно во CET....

Мислиш понапред 2-3 века оти заостануваме ,ако не вратат уште некоја година поназад мислам дека тогаш сме готови
--- надополнето: 13 март 2013 во 12:30 ---
од кај па сите толку засегнати за временската зона :icon_lol:

Све бизнисмени :pos:
 
За тие што стануваат у 2, па на кафе исто им се фаќа....денот ќе биде поквалитетно искористен, точно - повеќе затоа што и работното време во многу фирми е поместено во 8, 8-30, па и 9 некаде - би било добро да се има некој саат светло повеќе попладне...
 
Не зашто ние сме назад неколку години ;)
Ти го читаш воведниот пост, или мора во секоја тема да внесеш некоја „голема мисла“?
Дај без доскочици те молам, ако не ти се дискутира и немаш што да кажеш на одредена тема, подобро одмини ја и најди си нешто интересно во Играчница...

Назад на дискусијата.
 
Мене не ми прави разлика.
Искрено и за бизнисмените не гледам некоја разлика за еден сат светлината не се разликува којзнае колку.
Можеби ќе се заштеди на струја?(иако и ова чисто сумњам и вака и така сијалиците кај нас горат 24/7)
 
Ако е за повеќе дневна светлина ок е тогаш но дека менувањето за уште еден саат напред ќе донесе некоја придобивка за економијата се глупости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom