Дали високото образование ги исполнува своите норми

  • Креатор на темата Креатор на темата demjan lacky
  • Време на започнување Време на започнување
Оште малку си поласкајте еден на друг, колко длабоко ја разбирате материјата, проблематиката, и решенијата на овај комплексен проблем од животно значење за иднината на социјалнио поредок у Македонија ...
Не знаеш на еденио дек му завршува заднико, а на другио дека му почнува главата. :D:D
 
Образовањето јет орудие за работа. Исто ко и мотиката. А пари и производ се прават со орудие и со пот.
Како и дали тоа орудие ќе го искористите е друго прашање и зависи делумно од вас, а и од нивата (во случајот со образованието е тоа пазарот на труд).
Дипломата и знаењето денес се поефтини од трактор, или комбајн на пример. И бидете среќни и захвални што можете за мали пари да добиете знаење. И запамтете без алата нема заната.
 
Дипломата и знаењето денес се поефтини од трактор, или комбајн на пример. И бидете среќни и захвални што можете за мали пари да добиете знаење. И запамтете без алата нема заната.
Тава е една од причините шо високото образование е Хаос... Оти е за ситни пари.... Ситни пари праат ситни интелектуалци... Се шо е посаалам излезено е резултат на голема лична иницијатива, отколко некаков резултат на високообразовните институции... ;)
 
Куќа без темели граде ли се бе тета? :)

Тета, ти си градил повеќе од мене и знааш.
На факултет многу лесно се опрајува работата. Ако не оде, ќе му се стави клучот и готово.

Кај нас основното и средното с е катастрофа. Учителите се за никаде, родителите се за никаде. Не може децата да се како што треба...
 
Во Македонија дали два или три вистински универзитети има... Другиве не ни ги сметам за универзитети, МИТ (македонскиот, уште па МИТ ставиле бе... :facepalm:), Универзитет за Туризам и Менаџмент, ФОН (па уште во името им стои факултет, а они си се водат како универзитет), тој „европскиот“, а врвот е универзитет Евробалкан...
evrobalkan.jpg
Дали ова ви личи на универзитет?
Па уште на овој таканаречен универзитет држеше говор и претседателот на Македонија, еејјј до каде стигнавме... И после кај нас имало квалитетни образовни институции...
 
Во Македонија дали два или три вистински универзитети има... Другиве не ни ги сметам за универзитети, МИТ (македонскиот, уште па МИТ ставиле бе... :facepalm:), Универзитет за Туризам и Менаџмент, ФОН (па уште во името им стои факултет,....

Ќе паднев од столот кога видов МИТ :tapp:
Тие што студираат сигурно појма немаат што е тоа МИТ, мислам на оној стварниот што го има завршено Марти Мистерија (y) ...
 
Кој квалитет го очекуваш со ВАКВИ универзитети, кај што завршуваат неспособни пуфли чии родители имаат повеќе пари отколку неврони во тиквата.

Боже Господи! Јас пак се умам кој сосед го слуша Џон Ленон толку гласно.
 
Тава е една од причините шо високото образование е Хаос... Оти е за ситни пари.... Ситни пари праат ситни интелектуалци... Се шо е посаалам излезено е резултат на голема лична иницијатива, отколко некаков резултат на високообразовните институции... ;)

Како бе за ситни пари, оди на ФОН да видиш 2.000 евра ќе те фане година само за упис, а да не зборуваме за книги и др. и што ако е најскап во Македонија кога пак е срање, пак е со врски и пак се зима полесно диплома отколку кај државниве што е со 200 евра, дај не заебаајте.
 
Ќе паднев од столот кога видов МИТ :tapp:
Тие што студираат сигурно појма немаат што е тоа МИТ, мислам на оној стварниот што го има завршено Марти Мистерија (y) ...
Јава има завршено на овој.
 
Како бе за ситни пари, оди на ФОН да видиш 2.000 евра ќе те фане година само за упис, а да не зборуваме за книги и др. и што ако е најскап во Македонија кога пак е срање, пак е со врски и пак се зима полесно диплома отколку кај државниве што е со 200 евра, дај не заебаајте.
Овија са ситни пари шо ги кажуваш...
 
Колко се големи пари бе сељак? Ти требе еден петатон бостан да продадеш за толко пари.
2 000 евреја са около 40 тона бостан... 4 до 5 декара под најлон и калем.... ;)

Не гледај колко пари са таксите за учејне у Македонија... Тија такси буквално не са никаков фактор у целата слика... ;)
 
Интелектуалноста си е интелектуалност ... добро е човек да биде интелектуалец, да биде начитан, да биде прошетан и да видел многу работи, но незначи дека ако некој нема завршено таков и таков факс не е интелектуалец ... а исто така има и многумина со по 2-3 дипломи па пак не се интелектуалци ...
Под вистински интелектуалец човек подразбирам човек што има познавања од повеќе теми и области и не немора да има диплома/дипломи кои се само едни обични парчиња тоалет хартија ...
Лично познавам лица такозвани интелектуалци со по цело туце дипломи по дома и кои се навистина стручњаци во својата бранша/професија(за која студирале), но на истите тие доколку им поставиш неколку најосновни прашања од некоја друга тема/област појма ќе немаат да ти одговорат и тука паѓа таа нивна интелектуалност !
Да бидеме реални и без навреди кон никого но вистински интелектуалци има многу малку на прсти да ги изброиш, лица кои знаат се, кои виделе се, кои се начитани, кои имаат познавања од повеќе области/теми ... и не во никој случај немора да значи дека да бидеш интелектуалец мораш да имаш дома на ѕид урамено диплома/дипломи, потоа незнам докторати, магистериуми и сл. тракатанци ...
Имам голем респект кон интелектуалци, но кон вистински интелектуалци ... а не кон некој кој освен она што го бубал пола живот на студентските клупи и дома во 4 ѕида затворен, појма си нема од ништо друго во животот !
Денеска нема многу прави интелектуалци, но ите-како има квази-крем-интелектуалци и квази-нафурани-интелектуалки, особено во Скопјево ги има такви со купишта ... една работа во животот научиле(набубале), а од се останато појма си немаат ... интелектуалци ... :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom