Секогаш доцните или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување Време на започнување
Секогаш ама секогаш доцнам....и на мене лично тоа ми смета, ама никако не можам да се поправам, местам саат напред 10 мин., навивам тел да ми ѕвони 10 мин пред да излезам ама пак ќе се деси нешто за да закаснам....пред некој ден ја жива среќна прв пат на работа ќе стигнам на време,кога немам каде да се паркирам, на паркинг свети црвено(full) и додека најдов друго место по нашиов центар јас пак закаснив....
 
Многу ретко да стигнам точно на време:tapp:.
Најчесто стигнувам многу порано зата што одам со тој автобус порано што доаѓа затоа што со следниот (кој е преполн) ќе доцнам.
Ама и не малку пати сум доцнел.
Можеби доцнам затоа што претходно ми избегал автобусот, па чекам пола час друг да дојде, или пак автобусот доцни, или пак нешто дома сум се задржал...
Има многу причини што сум доцнел(за некого тоа се само изговори, ама ај, ќе пројде).
 
е значит моја најглупа навика...ретко се дешават да сум на време и секогаш само ја се чекам. море во последно време точна сум не знам шо ми се имат згрешено.:toe:
 
Кога ќе се чекаме негде друштво ова она не доцнам, ама на училиште на прв час редовно си доцнам, бидејќи оддалечено ми е едно 50 метри и викам ај има време има... и на крај немало...
 
е значит моја најглупа навика...ретко се дешават да сум на време и секогаш само ја се чекам. море во последно време точна сум не знам шо ми се имат згрешено.:toe:

хахах same here :P...само шо мене никогаш не ми се грешит да бидам точна...секогаш ја се чекам...морат да ја сменам ова неуба навика зш понекогаш се љутет другаркине...многу ме чекале,секогаш ја сум идела последна бла бла :kesa:
 
Јас сум точен ко швајцарски саат. Скоро секогаш се дешава и пред време да стигнам. И нормално поради тоа, секогаш дремам и се изначекувам, мислам дека 1/15 од животов во чекање ми има поминато.
 
Никогаш недоцнам ,а и мразам кога некој друг доцна.:wink:
 
радо би чекала некој отколку мене да ме чекаат . незнам зашо така али мрзам да каснам. скоро никогаш не каснам.
 
Средното име ми е Каснач , да каснам ! Сакам да ме чекаат , се чуствувам забележано (:
 
СЕКОГАШ ДОЦНИ ПРЕМИЕРОТ НИ!:baeh::baeh::baeh::baeh:
 
Секогаш! Ама без разлика колку рано почнувам да се спремам, обавезно нешто ќе ми снема или ќе тргни наопаку :zid:

За на училиште тргав ко почнуваше часот, имав среќа шо ми е на 5 мин и каснеа професорките :icon_mrgr
 
Никад, дури и порано доаѓам.
И мрзам коа ми каснат па макар тоа било и 3 минути.
 
Знам да закаснам... знае да се случи но почесто сум right on time... :)
 
Кога сум сама сум Швајцарски часовник, ама ако сум со сестра ми... Понекогаш ја лажам да се спрема пола саат порано за да стигнеме на време. Кога сме заедно знаеме да ги оставиме другите многу да не чекаат. Ако сум сама дури и пред време стигнувам. Сестра ми е таа што се влечка, таа е главниот кочничар, па после мора да возам `ко луда за да стигнам што побрзо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom