Папараци - дали се тоа треба да се убие?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
И како тоа ќе делуваше на твојот живот?
На неговиот немаше да делува, ама ќе делуваше на нејзиниот. А и на животот на нејзиниот маж и нејзиното неродено дете.
 
Јас сум да се лиценцираат ама за да добијат лиценца пред тоа да мора да имаат искуство како фреленс фотографи од некоја војна зона 2-3 години па да видат и научат што значи човечки живот и како е да се криеш од будали
 
Јас сум да се лиценцираат ама за да добијат лиценца пред тоа да мора да имаат искуство како фреленс фотографи од некоја војна зона 2-3 години па да видат и научат што значи човечки живот и како е да се криеш од будали
(y)
 
Лесно е да кажеш дека треба да се забрани професијата или да се ограничи, проблемот е во тоа што рајата ги сака вестите во кои се гледа цицката на Џенифер Анистон, или лудата журка на принцот Хари. Што е до мене, јас сум за свет без папараци, ама практично е неизводливо поради рајата со која господари светов. Факт е дека папараците се дојдени до тој степен да се поочајни и помизерни од руски курви во Виенски бордел.
 
Што има се лутити-те-ме на тие што и да се папараци.
Јас во мојот живод не увидов некаде да ми сметаат. А еве денес кај комшиката заварував на тераса, држачи од метални цевки за сушење алишта,и ама баш во ниедна новина нема тоа да излезе.Ги немаше таму или биле на пауза во тоа време.Ама еве и некни кога еден комшија ме викна да му помогнам да го искрои лозјето над Пинтија отодив и ја завршивме работата.Потоа седнавме на еден ручек во неговиот двор во село Лисиче.Два дена купувам од сите дневни новини и никаде не начекав за овој настан напис,па ни во београдските.Сега чекам да излезат неделниците па да видам таму дали ќе има некоја фотка.Пари секако ќе дадам.
А ќе заборавев,другата недела одиме со бабата на бања,колку можеме ќе се криеме ама секако таму изгледа ќе успеат да не фатат во објективот и ќе ви јавам да не видите.
------------------
1.Да живеат папараците.
2,......................................
 
A биле а не биле исто ми се фаќа..Мене и така не ме сликаат,саде гледам под прозор и ниеден да начекам...
 
абе рајата сака вести во кој ќе се глеа цицката и на нивна познаничка,па не значи дека треба да им се овозможи тоа.Не смее да се чепка така во приватност,ко што ја сликаа оваа принцезава дома како се сонча.
 
Ако некој сака да стане славен, треба да биде свесен што го чека.
 
Мизерна професија. Луѓе кои немаат никаков обѕир кон туѓата приватност. Во основа, се работи за оперирана од совест радио милева која вооружена со фотоапарат си го бара со боринче. Едноставно плаче за куршум вчело. Не дека нешто ми се омилени славниве, па сакам да ги бранам и заштитувам, но навистина е непријатно кога знаеш дека во секој момент некоја будала се вртка околу тебе, спремна да овековечи секаква евентуална глупост што поради ова или она би можел да ја направиш.
Папараците се најчесто паразити. Обичните луѓе добиваат вошки и по некој крлеж, попознатите - папараци. Е сега, некои од овие паразити еволуирале и си имаат развиено успешна симбиоза со нивните домаќини, па на едниот му се обновува нешто потемнетата слава, а на другиот му се полни џебот. Некоја од славниве двојки за првите фотографии на нивното новороденче наплатија милионски суми. Некој снаодлив папарацо, на пример, би можел да ја заврши сам работата (без да плати ништо, разбира се, качен на некое дрво) и да ги продаде за слична пара, што секако е големо искушение, и секако, полесно од снимање потресни фотографии од белосветските вукојебини, полни со народ со убиствено расположение, за незначителни банкноти и тапшање по рамо.
 
А ако не сака а сепак стане славен?

Правиш жртви за твои животни цели. Одлучуваш дали вредат ;) Или евентуално се трудиш да бидеш шо подосадна личност за папараците, шо уствари ќе има негативен ефект за статусот ѕвезда, славен...
 
Правиш жртви за твои животни цели. Одлучуваш дали вредат ;) Или евентуално се трудиш да бидеш шо подосадна личност за папараците, шо уствари ќе има негативен ефект за статусот ѕвезда, славен...
Зошто мора да правиш било што за да те остават на мира? Зошто мора да си подосаден отколку што си за да не те замараат?

Славен можеш да станеш и на несакање.
 
Зошто мора да правиш било што за да те остават на мира? Зошто мора да си подосаден отколку што си за да не те замараат?

Славен можеш да станеш и на несакање.

Како би станал славен од несакање?

Прашањава шо ти почињаат на зошто, немаат некој реален одговор настрана од така функционира системот. Рајата (сеопшто) конзумира информации за славните преку папараците. Тоа им оди во прилог и на славните (стануваат пославни преку медиумите), и на папараците (зимаат пари) и на народот (црпи информации за нивни идоли, или трачој, или bullshit). Славните шо не сакаат да се замараат со папараци едноставно нема да живеат кајшо живеат и другите славни, надвор од celebrity хаосот кајшо грото славни се насобрале и најнормално дека папараци ќе ги има ко лебарки у куќа полна со лебни трошки и остатоци од храна. Ако живееш у прометна населба со други јаки фаци, углавном значи дека сам си ја бараш медиумската папараци славата ;)

Го стаив и у првиот пост, ама еве да ти кажам и на тебе, глеај го ова:

Професионална трачарка. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom