Пожарство (воен рок)

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Обуката, која ми беше половина од военот рок, поради сплет од несреќни околности, беше многу заебана.
Али пожарството ни беше само во ходник и стража не дававме.

Еднаш неделно односно секој Вторник добивавме СДО или сув дневен оброк, еднаш ни се погоди СДО од далеката 1958 година.
Ја изедов конзервата што беше внатре и не ми беше ништо, добиваш вакцина и јадеш што сакаш :)
Нас еднаш (во 2000-та), ни дадоа конзерви од 1970-та и 1971-ва. На никој ништо не му беше.
 
со денови ве читам и никако да дојдам на ред да напишам и јас нешто. а има, многу има :) иако сум од постарите, го извадив гзот во '91, па служев во 2000/2001.
ај првово нека биде за тоа дека без “изгубен германец“ првиот ден.
ти идам јас на капија, се пријавувам и одма ме носат во спаваона. а патот од капија до спаваона, .... у ПМ, ко да е 100 км. а тоа само 5 да ти биле. јас душа немам кога стигнавме. задишан, едвај зборам, ми се врти (јбга 100 год не бев трчал) и ете ти го подпоручникот. тој еден млад, да не кажам 10 год помлад од мене. жут у главата, со криви заби, слаб, слаб ко да не јал цел месец, коски му се познаваат преку униформата. абе живи пишурии. но мене не ми е до смеење, само под око гледам кај сум, какви фаци има, проценуваш опасност од други и сл глупости. и тој подпоручникот, вика на еден од десетарите (од скопје еден, се покажа супер после тоа) да ме носи во интандантско да ме задолжеле со униформа. јас уште позбунет, што е сега тоа инетндантско, се јаде ли, ќе ме е*ат ли, .... кој знае како сум изгледал во фаца, ама човекот само што излеговме ми вика, немај гајле, се ќе ти објаснам. и почна да ми објаснува, ама јас ни 2% не го разбрав од тоа што ми зборуваше. нејсе, ме однесе, и таму ми дадоа оперма. леле мори мајко, опрема? не не, не беше тоа опрема, него планина од опрема!!! и ми викаат, оваа опрема, без шаторкото крило треба да ти биде спакувана во ова торбиче!!! а тоа торбиче да го опишам за оние кои не знаат. скоро 50цм во должина и дијаметар од 30цм отприлика.
е во него, треба да спакуваш: зимска јакна, пролетна јакна, ѕиври (горни и долни), 3 пара гаќи,, 1 или 2 пара панталони, исто толку кошули, 3 пара чорапи, џемпер, ...... мислам дека тоа е СЕ'. е сега ..... ми викаат, земи стави се' во шаторското крило и иди во спаваона и среди го.
ауууууу, у ПМ, ама мислам дека тогаш сакав да умрам на место. се сметам дека знам да пакувам, да искористам добро простор, ама ова ми беше mission imposible. леле леле, колку само се изнамачив, мислам дека ми требаше 2 недели да научам како се прави тоа. не да сум ги газел јакните, сум ги врзувал со селотејп, само да не ми се надујат, ама ЏАБЕ. си има финти за тие работи. раце рани си направив од тегнење на патентот.
ете тоа е првата прикаска, а за тој прв ден има бар уште 5-6 хахахахха
 
После првите денови кога стигнавме во касарна,добивме секое одделение свој простор за чистење,на моето му падна санитарниот чвор,т.е. ВЦ и умивалниците(лавабоа со огледала ).После неколку денови се запуши еден од чучавците во ВЦ-ата(иначе чучавците немаа врата,туку ѕид до половина,значи како пола отворена врата на ВЦ,тоа е да не се обеси некој внатре:pos:да се гледа нешто).Цело ВЦ се преплави со фекалии и требаше нешто да се направи.Тој ден редари за чистење беа еден од Тетово и еден црногорец(мрза невидена),но и покрај напорите,не се одзатна чучавецот.И тогаш еден разводник од Косово(незаврши за десетар бидејќи паднал на курсот за десетари-незнаел да ги наброи републиките во СФРЈ) им нареди да ги втераат рацете до рамена и со рака да го отпушат ВЦ-то.Одбија наредба што е најстрого забрането во војска и до крајот на војниот рок `наебаа`.Поручникот го караше разводникот што им дал таква наредба,ама наредба не се одбива.

Сите задуживме пушки тие задужија рачни бацачи,а тоа значи од утро до мрак ги носиш на рамо.И на марш во планина,и напостројавање и секаде.рамената им паднаа.

Плус секогаш кога требаше да се сработи нешто тешко,гадно,напорно,се знае кој ја добиваше задачата.Луѓето беа буквално психички уништени

ПС.еден од Куманово кој дојде со завршен правен факултет,дали од вакви психички тортури или наследно,незнам ама човекот заврши во лудачка кошула,го зедоа со комбе и никогаш не го видовме.Велеа дека `шкрапнал` за навек
 
еден србин од Косово кога ни земаа крв за анализа првиот ден рече дека незнае што е тоа игла или вакцина.ние му објаснувавме ама џабе,несваќаше човекот.беше од некое забаталено село надвор од цивилизација.кога се наредивме на ред си одеше нанапред додека не дојде на ред.кога виде на тој пред него како иглата му влегува во вена и се губи внатре,пребледе,ги заврте очите и падна во несвест.

еееееееееее,од Босна идеа бетер цепеници


Ееее каквих је било из Босне кад се сетим мајко моја ,не цепанице него пањеви!


Три степена прљавости чарапа ,критеријум важи за војску.
1.изујеш чарапу завртиш а она се залепи за прозор (може још)
2.изујеш чарапе а оне стоје усправно(тако тако није страшно)
3.изујеш чарапе и ујутро кад их обуваш наопако леву на десну и десну на леву ,а оне жуљају (е време је да се мења.)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom