Тотално се слагам со
leandra можам по цеееееели денови да слушам и да читам искуства од војска така да слободно пишувајте
ЈНА-ако си декемвриска класа, два Бадника си во војска.
...Се спремаме за познатите Маневри,кој се правеа на секој четири години,на одредена локација и со сите орудија, се употребува муниција во неограничено количество-маневарска се вика поради тоа што полнењето е скоро оригинално со експлозивно срество,ама зрното или го нема или е од картон.Така на еден марш,во колона јас си ја потпевнувам песната тогаш нова и популарна од Ќичо„због једне дивне црне жене“. А се знае македонче на крај на колона,испечено по тутуновите полиња.Имаше и некои исклучоци....
....А маршот ноќе под цела опрема,па и сега некогаш во памет си ја потпевнувам или нешто кога работам...
...Тоа командирот да ти ме слушал цело време отпозади...
...На маневрите на два - три наврати,тој истиот капетан беше по чин,ми се обраќа место со име ми вика „црна жено“
Така еднаш построени цела чета,тој збори нешто за должностите и наредните акции,ама потоа ми се обраќа пред сите„ Ај ти -црна жено кажи ова-она(незнам што беше)
мене ми зовре,кога заврши како и секогаш прашува..
- Има ли нека питања.
Јас се јавувам и кажувам: јас да ви кажам нешто на само.
Прифати,ме викна и се одалечивме од стројот 20 чекори.
Јас му велам-„ Јас не сум жена,сакате да видите“....
Не рече ни збор,поточно не знаеше што да рече,тапкаше во место де на една нога де на друга-јас рацете на опасачот...
Потоа ниеднаш не ми го рече тоа...
..инаку беше добар и командир и човек.