Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Пролет доаѓа, со неа и новите трендови.
Традиционално се отвара тема со комплетен опис на трендовите кои не следуваат и притоа истата служи за добивање информации, како и за дискусии во однос на тоа дали ни се свиѓаат трендовите или не. Нешто ќе биде во склад со нашиот вкус, нешто не би облекле никогаш.
Следува кус опис на она што ќе се носи, па ваше е да се надоврзувате и надополнувате. Јас ќе ставам само некои основни трендови, бидејќи сум ограничена со простор (дозволено е само 20 слики), а вие подоцна дополнете ја темата со информации, колекции на дизјанери и модни брендови.
За жени:
Бермуди
Бермудите се враќаат назад. Кога бевме помали беа вистински хит, но неколку години по ред истите ретко можеа да се видат, освен кај мажите, тук-таму.
Црно-бела комбинација
Калиопи лани пееше Црно и бело на Евровизија и тоа одекна толку многу што оваа сезона оваа комбинација ќе биде вистински тренд.
Елегантно, женствено...
Проѕирни материјали и покажување кожа
Оваа сезона ќе се носат проѕирни кошули, фустани, но и облека која е исечена т.е која покажува месо...
Необични очила за сонце во сите големини и облици
Очилата за сонце сами по себе никогаш не излегуваат од мода, но оваа сезона истите ќе бидат во различни големини и необични модели.
Пруги, линии...
Овој тренд започна уште пред неколку сезони, но оваа сезона ќе ја има својата кулминација, што повеќе пруги уште поубаво...
Лукс кожа
Според мене малку непрактично, затоа што овој тип според не е соодветен толку за топли и жешки денови, затоа што предизвикува потење , но сепак според дизајнерите ќе биде голем хит.
Beautiful beading
E ова немав идеја како да го преведам, но ќе сфатите по сликата, знам што значи, ама не ми доаѓа македонскиот збор па да ме утепаш.
Кратки костими
Иако делува необично, бидејќи костимите асоцираат на нешто сериозно, деловно, бизнис, сепак оваа сезона во мода ќе бидат костуми т.е сако и кратки панталончиња кои одговарат.
Спортски фустани
Иако елегантноста е застапена оваа сезона, сепак и спортскиот стил не се игнорира. Спортските фустани ќе бидат во мода, кои се одлични за секој ден, за кафе и слично.
Рамни чевли и ниски штикли
Претходните неколку сезони се носеа огромни штикли со огромни платформи, оваа сезона тоа се заменува со рамни чевли или пак ниски потпетици.
За мажи:
1. Пруги, линии...
2. Блејзери (ако има подобар превод известете ме, ќе сменам) и шорцеви
3. Светли и јаки бои, по можност основни бои
4. Смели, јаки кроеви (вклучувајќи модни додатоци)
5. Морнарица, морнарски изглед (на анлиски е Navy, па сфатете си го како сакате)
6. Бела боја како контратежа на силните бои кои ќе бидат во мода годинава
Она што е интересно што сезонава најголем хит во машката мода е обувки кои се носат без чорапи, т.е како што насекаде по списанијата и модните блогови го нарекуват - no socks.
Толку беше од мене сега за сега.
Што мислите? Ви се допаѓа модата што ќе следи или не?
Што би носеле? Што никогаш не би облекле од досега предложеното?
Подоцна ќе прикачам некои колекции од модните марки кои и кај нас може да се најдат, а истото и вие може да го направите се разбира.