Апсолутно не следам никаква мода, не ми е гајле какви се трендовите ниту што ќе се носи оваа сезона или оваа година. Кога купувам панталони, најбитен критериум ми е да имаат длабоки џебови кои се запчуваат, да ми се удобни и да не ме стегаат на половината. Кога се работи за боја, сакам да се маслинесто зелени или црни и да се докај 3000 денари. Ништо друго не ми е битно, ниту производител, ниту дали се од минатата колекција. Битно ми е само да не излезам надвор извалкан, смрден и со искината облека. Ниту јас ниту моето друштво не патиме за модни трендови, никој не ги следи.Чекаj, ич не следиш мода? Сеедно ти е како ќе излезеш надвор?
Истото важи и за блузите, само што таму и дебелината ја гледам.
И само тешете се вие дека на жените им е битно која марка одело носиш, тоа ви е најдобриот изговор да ја следите модата. Ако имаш покрај себе девојка која се грижи за марката, цената и трендот на твојата облека тогаш на истата таа ќе и биде битно која марка е и твојот автомобил. Со други зборови, треба да ја прашаш со колку нули се пишува зборот "љубов" во нејзиниот вокабулар.
А да ја земеме реалноста во предвид, сите вие "метросексуалци" и градски кремчиња не би издржале ни 2 недели на воена обука. Скраја да е утре да дојде уште една 2001 и да немате каде да избегате, единствениот начин да бидете искористени е како жив штит. Ние "сељаците" што не ги следиме модните трендови имаме други приоритети како на пример.. не знам, да ГИ ЗАРАБОТИМЕ ПАРИТЕ кои ги трошиме на облека, а не мама и тато да ги цицаме за најновиот Луј Витон или Версаче. Кога ќе имате дете што плаче за храна, сметки што доаѓаат на ваше име и фрижидер кој треба да се наполни, ќе ве прашам од каде ќе купувате облека.
Едит:
Педерче.Сељачина.