Дали актерите ги заслужуваат парите што ги добиваат?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ова е прашање кое генерално може да се отвори и за спортисти и за музичари, но бидејќи подфорумот си е Филм и Тв да се фокусираме на актерските имиња.

Некогаш одамна било смешно да се помисли актери да земаат милиони. Всушност работите функционирале на сосем поинаков принцип. Во периодот кога филмската индустрија била во зародиш (40-ти, 50-ти години од минатиот век) актерите имале фиксни договори со филмските студија. Значи без разлика со кого ќе снимале и каков вид на жанр платата им била таа. Мерилин Монро била една од ретките кои толку успеале да се наметнат, па добила право да преговара за плата. Колку за споредба, според првиот договор кој го потпишала Мерилин Монро заработувала 1.200 долари од улога, а за последната заработила 250.000 долари.

Marilyn-Monroe-Pictures.jpg


Како минуваше времето, така и платата на актерите се зголемуваше до степен да дојде до толку голема сума што веќе не е реално. Еве за што станува збор. Досега најелитниот „клуб 20“ го сочинуваат оние актери кои заработуваат по 20 милиони долари од улога. Нема многу такви во Холивуд, но ги има доволно за да послужат како пример дека ете тоа е врвот на слава, пари и кариера која може да се достигне во филмската индустрија.

Но, сега има нов клуб уште поелитен. Сега има актери кои освен таа плата што ќе ја договорат, договараат и процент од заработката на филмот. Леонардо ДиКаприо од Inception заработи 50 милиони долари благодарение на таква договорна клаузула.

Па, ајде да чуеме мислење. Дали актерите заслужуваат толкави плати, односно дали има основ за нешто такво. Освен тоа, можеме да се фокусираме и на останатите филмски работници како што се режисери, продуценти (инаку колку за информација во Холивуд најголеми пари заработуваат агентите т.е оние кои ги поврзуваат актерите со студијата и ги договараат деталите од соработката, тоа се најбогатите луѓе, а никој не знае да наброи еден од нив). Дали ако се водиме според правила на пазарот, односно понуда, побарувачка, ова е реалната цена? Како е можно толку многу да се вреднува нечиј труд кој трае нецели два месеци? Дали се согласувате со тоа или сметате дека е сосем разумно?

Плус прашања, можеме да ја опфатиме состојбата кај нас. Платите на нашите актери (ако знаете податоци), дали заслужуваат повеќе, дали е доволно тоа што го заработуваат за наши услови?

Бујрум. :)
 
Знам дека Сашко Коцев земал 25 000 Евра за последниов филм.Мислам дека е доволно нели?
 
Зашто да не заработуваат толку? Колку заработува фирмата за која работиш, во овој случај колку ќе заработи филмот, толкав процент ќе добиеш од колачето. Дали ги заслужуваат, тоа е друго веќе, многу луѓе на светов не заслужуваат таа плата што ја земаат ама каква фирма таква плата.
 
Од сите криминалци во Македонија,за Сашко Коцев се фативте?
Незнам од другиве кој колку заработува,а за него имам информации од блиски извори,затоа и го спомнав,беше во контекст со темата!
 
Дали ги заслужуваат, тоа е друго веќе, многу луѓе на светов не заслужуваат таа плата што ја земаат ама каква фирма таква плата.
Тоа во државава рамковните во администрација не ја заслужуваат платата, ама пак ја земаат...
 
Нашиве актери реално во секој филм се исти, но странскиве во еден глумат наркомани во други акциони херои ....
 
На крај на денот добиваат пари за да драпаат мадиња фигуративно, мора да драпаат бог знае какви мадиња за 20 милиони долари.
Но сепак ако се земе предвид колкава бројка на луѓе ги гледаат тие филмови тогаш нештата добиваат некаква логика.

Далеку од тоа дека ги заслужуваат парите затоа што сепак се работи за забава....а пак утре 10 научника да решат проблеми како рак, загадување на планетата и светски глад се на се ќе треба да поделат соодвај еден милион...затоа е глупост.
 
НЕ !!

Апсолутно сум против нивните огромни плати , практички ништо добро не му донесуваат на човештвото , а зимаат огромни суми. Споредете плата на еден холивудски актер со доктор или научник ...

Истото важи и за спортисти и за пејачи .
 
НЕ !!

Апсолутно сум против нивните огромни плати , практички ништо добро не му донесуваат на човештвото , а зимаат огромни суми. Споредете плата на еден холивудски актер со доктор или научник ...

Истото важи и за спортисти и за пејачи .
Се сложувам брату,исто како јас да сум го кажал :)
 
Вие ги споредувате мејнстрим актерите со рандом доктори. Има и доктори и научници (со своите откритија and stuff) кои прават по милиони. Ако споредувате рандом доктор, споредувајте со рандом актери, а не a-list актери

Ги заслужуваат тие плати со оглед на профитот кој им го донесуваат. Филмската уметност денес е веќе бизнис, а во бизнис не е битно дали правиш добро или лошо за човештвото. Никој не ти бара морал во бизнис, ти бараат пари. Не може студиото да заработи билион од филмот, а на актерот да му даде само 10k :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom