Norah Jones

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа ја глеам типката. Ме бендиса гласчето. А и по некоја песна со чув до сеа. Женски Ед Шеран би рекол :D

а оваа ја знам од негде, ептен ми се свиѓа
 

Девојкава ми е ставена на пиедестал. Да кажам дека ја обожавам е малку. Пред нејзините песни, пред нејзиниот глас, а посебно пред нејзините текстови како да стојам гола се осеќам. Ништо не можам да скријам, ниедна емоција, без разлика дали нејзините песни ме прават среќна или ме тераат на плачење. Како во секоја една песна да пронаоѓам нешто свое... За неа и за Coldplay се молам да дојдат во нашата ни државичка, да отидам на еден асален концерт и јас.
 
Периодов ја слушам доста често, а се` би дал да не ја слушам. Тука не станува збор за некаков си нејзин неквалитет, туку меланхоличната жичка и крајот на летото ( не во однос на одмор, туку лето како годишно време ) ми се убиствена комбинација. Ама, веројатно има и нешто убаво во тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom