Bratot
Стоик и Машкртник!
USSR ne beshe sojuznik na Germanija, ...
Беше сојузник и тоа е историски евидентирано, заеднички ја поделија Полска и се ракуваа на заедничката ново-воспоставена сојузничка граница.
Русите директно им го олеснија патот на Германците во Полска со тоа што претходно на нивна покана ги ликвидираа највисоките воени личности на полската армија кои допатуваа во Русија на пријателска средба.
Стратегијата на Сталин беше да ја остави Германија да води долгодишни борби низ цела Европа со цел колку можно поголемо исцрпување на германските но и сите останати европски сили, за подоцна на голема врата да удри советската армија под наметката на „ослободители“ со што со леснотија би ја освоиле цела Европа.
Затоа и не случајно советските фабрики работеа за германската војна индустрија на почетокот на војната.
Хитлер направи неколку стратешки превиди, по прво што лошо ја опреми војската која ја нападна Русија, второ гадно ги потцени временските услови и не нареди навремено повлекување на германската армија пред да биде создаден обрачот околу нив. Отсечени од секакви залихи Германците немаа никакви шанси.
Тоа е накратко прегледот на најважните работи кои ги погреши во својот пост, а сега молба до сите да се вратите на тема.