jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Нема воља батка, и нема непресметани чекори, има 3 јаки страни, 2 се грабаат во коштец, третата добива. Е сега Хитлер напрема Русија бил доста јак и доколку ја победел, би имал моќ поголема од почетната, а со тоа би ја угрозил доминацијата на САД и Британија.. Вољата на Америка и Англија да по секоја цена го победат фашизмот и германиија се тие кои беа пресвртница во втората војна, да беше на чело на Англија некој пронацистички водач и да победеа во америка изолационистите - историјата ќе беше сосем понаква.
Значи да бил Хитлер послаб, а Русија да напаѓала, тогаш оружјето ќе одело кај Хитлер. Едоставно им се отворила можност и тоа и го направиле. Тоа била фаталната погрешна пресметка на Хитлер.
Но има уште една интересна прикаска за помошта на САД, на Швајцарска граница во 43-44 се сретнале Хајнрих Химлер и еден еврејски конвертит кој сакал да откупи 1.000.000 евреи од Германците. Тоа што го побарал Химлер за возврат, било да и се даде на Германија воени возила (невооружени). Планот бил да се праќаат Евреите во Португалија со воз. Колку што ми е познато, една композиција полна со Евреи е стигната во Португалија. За жал оваа приказна неможам да ја потврдам со никаков извор.
--- надополнето: 10 февруари 2013 во 22:17 ---
Види сега, Британија и САД биле неприкосновени поморски сили. Јапонската морнарица била противтежа некаква, но сепак не доволна. Никогаш не би ја подценил сојузничката морнарица и нивниот допринос. Но едно мора да ти е јасно, на морето завршува нивната моќ. Да не ратувала Германија против Русија, сојузниците никогаш не би успеале ниту да се приближат до Француска обала, а не пак да се искрцаат.Пред итоварувањето во Нормандија предходи Битка за Британија, За Атлантикот (сигурно не било шала да се исчисти од околу 1000 Гемански подморници), Северна Африка, Капитулација на Италија и воздушните битки.
И секако Битката на Пацификот против Јапонија која било еднакво тешко да се порази како и Германија. Ако не и бетер фанатици биле Јапонците, се бореле до последен по тоа островите.
Сосема е неважно чие оружје користеле.