Природно математички факултет - Физика (медицинска, применета, теориска...)

  • Креатор на темата Креатор на темата Travie McCoy
  • Време на започнување Време на започнување
И јас сакам да се запишам на физика и тоа теориска, ама не знам како би било понатаму за работа. Животниот сон, секако, не ми е да завршам како учител.:( Особено ме интересираат квантната физика и теоријата на струни. Филозофската страна на физиката е зачудувачка.
Одлична сум у средно и ако се' оди арно со матурава ќе имам добар просек. Не знам колку е паметно запишувањево на физика. Дали, пример, фармација и ФИНКИ се подобар избор?:unsure:
 
Tehnoloski fakultet-nanomaterijali(prva generacija ke bidis vo makedonija) ;)
 
И за тоа размислував. Има ли студиска програма некаде? не можам да најдам на страната на тмф
 
И за тоа размислував. Има ли студиска програма некаде? не можам да најдам на страната на тмф
:rolleyes:


http://www.tmf.ukim.edu.mk/brucosi/brucosi.aspx

и кликни на: ИНЖЕНЕРСТВО НА МАТЕРИЈАЛИ И НАНОТЕХНОЛОГИИ

ќе ти излезе страната во drop-down рамка :P

Или најконкретно студиската програма еве ти ја во ПЕ ДЕ ЕФФ документ :cool:
http://www.tmf.ukim.edu.mk/brosura/IMN.pdf
 
И јас сакам да се запишам на физика и тоа теориска, ама не знам како би било понатаму за работа. Животниот сон, секако, не ми е да завршам како учител.:( Особено ме интересираат квантната физика и теоријата на струни. Филозофската страна на физиката е зачудувачка.
Одлична сум у средно и ако се' оди арно со матурава ќе имам добар просек. Не знам колку е паметно запишувањево на физика. Дали, пример, фармација и ФИНКИ се подобар избор?:unsure:

Вака,ако имаш добар просек треба да го искористиш а фармација е одличен избор.Физиката може е интересна и примамлива наука,но за жал кај нас нема доволно развиени институти каде што може да се применува физиката.Со теориска а и со применета физика нема многу што да се работи,а верувај дека не сакаш да завршиш како некое професорче за минимална плата и да предаваш физика на некои мазни мозоци...Јас пред пола година завршив фармација и сега имам работа и одлична плата,трудот се исплатеше. Сигурен сум дека уште многу ќе напредувам во иднава кариера зашто стварно има многу можности. (и плус добро се плаќа) Сепак твое е што ќе одбереш само добро размисли! После нема враќање назад. И сето ова ти го кажувам најдругарски пошто знам некои од моја генерација што многу се зезнаа и сега ќе работат по 10 саати на ден за некое смешно платиче.
поздрав ;)
 
Фармација е убаво, ако имаш желба да бидеш аптекар. :D
Веројатноста да работиш во индустријата е иста со веријатноста да најдеш добра работа со физика така што... :confused:
 
Здраво дечки.. размислувајќи за факултет наидов на делима помеѓу ПМФ и ФЕИТ...иако прво мислев да се запиша на ПМФ-математика (пошто едноставно обожава математика и ми оди од рака) , а после се премислив за ФЕИТ, сега пак размислува за ПМФ ама физика (малце ми е проблем тоа што во средно има пропуштено и нема некоја јака основа за физика, ама сепак мисла доколку би се потрудила би упеала), па ме интересира ваше мислење... ќе направам добар избор доколку се запиша на физика, или сепак е подобро ФЕИТ?
А и некои ми рекоа дека од в година(или годинава, незна точно) на ПМФ- физика ќе било бесплатно. Точно е тоа ?
 
Би сакал да прашам за да отидеш на форензичка физика дали е “предуслов“ (во смисла не дека мора да имаш таа насока за да се запишеш туку во согласност со самите предмети бидејќи не е исто некој од ОХ да се запише) да имаш слушано во средно ПМА или можеш и со ПМБ да одиш? Многу би ви бил благодарен на информацијата. :D
 
Здраво. Дали некој годинава има предмет" Архитектура на компјутери и оперативни системи" . Сакам да прашам нешто.
 
По колку луѓе се запишуваат на информатика на ПМФ (годишно)?
 
Каква професија ќе можам да работам доколку се запишам на ПМФ-физика?
 
според ваше лично мислење..кое средно училиште е најдобро како основа за на ПМФ?
 
Има ли некој што добро знае физика имам едно прашање нека пише лп
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom