Православните Албанци во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата puno
  • Време на започнување Време на започнување
Во првата страница сум напишал интервју на православен албанец, кажува дека со своите роднини кога првпат отишол на училиште не знаел да зборува на македонски (србохрватски)......
Тоа на никаков начин не потврдува дека македонците кои зборуваат албански, се албанци.
 
Ако им бил мајчинскиот албански, албанци се......

Освен ако имаш факти кои подврдуваат зошто го смениле јазикот.....
 
A ти имаш за да го тврдиш спротивното?
Ако некој рандом лик изјави дека му е матичен албанскиот јазик, тоа значи и дека навистина му е?
И јас утре можам истото да го кажам, де, јака муда.

Ако сакаш вистина биди објективен, сакаш да не те генерализираме, а самиот си го правиш тоа.
 
Ако бараш вистински луѓе чијшто мајчин јазик бил албански, јас пишав еден пост на оваа тема. Баба ми, сите нејзини сестри, дури и мајка ми и нејзините браќа, зборувале албански како мајчин јазик.

Сега дали тоа што мајчин јазик им бил албанскиот ги прави албанци: јас не гледам зошто македонци би научиле албански, сите така, колективно, цело село.

Какво објаснување нудиш ти? Зошто сите одеднаш би почнале да зборуваат албански, а ваму македонци биле?
Се збуниле? Се собрале еден ден и рекле еј види што милозвучен јазик е овој албанскиов ај сите да почнеме да збориме албански?
--- надополнето: 26 мај 2013 во 11:28 ---
Исто како што јас го научив албанскиот.
Со тоа што мнозинското население околу мене го зборува.
Мораш да се социјализираш со тие околу себе, ако сакаш да преживееш.
Како што претседателот Ѓорѓе Иванов знае турски.
Како што пријателка ми турчинка во Австрија знае германски.

Итн.

Нема потреба еден јазик да е официјален, за некој да го научи. Мене никој не ме присилил да научам албански, не ми ставил нож под грло, ама за да преживеам во Тетово и те како морав да го научам.

Е сега, замисли ја оваа моја ситуација, во подолг временски период.
На крајот, ќе се претопам во мнозинството - само за да не бидам обесправена.
Никој не сака да е црна овца.

Просто и едноставно, лево од мене албанци, десно од мене албанци, јас гладна.
Има да прозборам преку ноќ, само да не цркнам од глад.

Не е баш дека турците ги заболе како зборуваат селаните, се додека арачот им е на број.

Еве што е проблемот со ова објаснување. Ајде да речеме дека научиле албански за да комуницираат со останатите околу нив. Зошто не знаеле македонски? Зошто не зборувале македонски дома? Оди во странство, пример во семејство на емигрант наш во друга држава: сите може да го знаат јазикот на државата во која живеат од причини што ги наведе, ама дома си зборат на свој јазик. До ден денеска, еден куп луѓе во МК, зборуваат друг јазик по дома, а друг јазик на улица, без разлика дали се Турци или Албанци или Роми итн.

Ако биле Македонци ќе зборувале македонски дома.

*edit: Како е можно Македонците од Егејска Македонија да ризикуваат страшни казни ако зборуваат македонски дома и да не го заборават својот мајчин јазик до ден денеска (ако одиш во македонските градови, Воден, Костур итн, ќе најдеш луѓе што ќе те разберат на македонски иако до ден денес им е страв да зборуваат со тебе на својот мајчин јазик, со чесни исклучоци како Павле Аврамопулос и тој владиката како се викаше....), а ваму македонци да научат албански и да заборават македонски иако не биле во друга држава, под туѓа власт. Не се спроведувала врз нив пропаганда, никој не ги убедувал дека се албанци уствари, како што правеле Бугарите и Србите.

Од чиста мира заборавиле македонски и научиле албански.
Како?
 
А КОЈ ВИКА ДЕКА ТИЕ ДОМА НЕ ЗБОРУВАЛЕ МАКЕДОНСКИ ВО МНОГУ ДРУГИ ТЕМИ УБАВО СИ ПИШУВА КАКО КАДЕ КОГА КОЈ ЗОШТО И КАКО ПА ТИЕ И МДОГУ ДОБРО СИ ЗНААТ ЗА ПОТЕКЛОТО НИВНО И НА ПРИМЕР ВО ЕДНО РЕКАНСКО СЕЛО ЗНААТ КОЈ ОД КАДЕ Е ДОСЕЛЕН ТАМУ
ТИЕ СТО СЕ ДОСЕЛЕНИ ТАМУ ОД ГОРА НА КОСОВО ЗАМИСЛЕТЕ ПА ДУРИ ИМА И ОД ВЕЛЕШКО НОСАТ МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНСКИ ИМИЊА А ТИЕ СТО СЕ ДОСЕЛЕНИ ОД ПРЕДЕЛИТЕ НА АЛБАНИЈА СИ НОСАТ АЛБАНСКИ ИМИЊА
 
A ти имаш за да го тврдиш спротивното?
Ако некој рандом лик изјави дека му е матичен албанскиот јазик, тоа значи и дека навистина му е?
И јас утре можам истото да го кажам, де, јака муда.

Ако сакаш вистина биди објективен, сакаш да не те генерализираме, а самиот си го правиш тоа.
Патем нацијата е тоа, посебниот јазик, носијата, песните, орите ни се слични на сите во балканот колку и да не сакаме да веруваме.....не сме различна раса...
Немам ни јас факти, само го читав интервјуто, човекот вели дека кога одел на училиште не знаел македонски, и презимето и го смениле од Танаси во Манојловски....
Не викам дека во Албанија не се случувало спротивното, насекаде во балканот се случувало тоа, но мене лично ме изненади тоа дека имало албанци ортодоксни овде во Македонија и тоа пред 60 -70 год.......
Од тие македонци што се од албанско потекло не е фер да и се бара јавно да гоизрекуваат своето потекло, околностите се такви, како што не е фер од албанец со потекло од македонските муслимани да и се бара да го изрекува своето потекло јавно, затоа што нашето општество не е зрело за тоа, некој по секоја цена не сака тоа да се случи.......
Пак, не викам дека пола македонци се од албанско потекло........туку викам има македонци со албанско потекло, имало мешани бракови, пред доаѓањето на турците немало голема разлика меѓу народите овде, освен јазикот, дури некои племиња не се знае дали се албански или српски, или па грчки или албански......

А според мене токму тие се врската што не поврзува нас.......и со таа цел ја отворив темата......
--- надополнето: 26 мај 2013 во 14:38 ---
А КОЈ ВИКА ДЕКА ТИЕ ДОМА НЕ ЗБОРУВАЛЕ МАКЕДОНСКИ ВО МНОГУ ДРУГИ ТЕМИ УБАВО СИ ПИШУВА КАКО КАДЕ КОГА КОЈ ЗОШТО И КАКО ПА ТИЕ И МДОГУ ДОБРО СИ ЗНААТ ЗА ПОТЕКЛОТО НИВНО И НА ПРИМЕР ВО ЕДНО РЕКАНСКО СЕЛО ЗНААТ КОЈ ОД КАДЕ Е ДОСЕЛЕН ТАМУ
ТИЕ СТО СЕ ДОСЕЛЕНИ ТАМУ ОД ГОРА НА КОСОВО ЗАМИСЛЕТЕ ПА ДУРИ ИМА И ОД ВЕЛЕШКО НОСАТ МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНСКИ ИМИЊА А ТИЕ СТО СЕ ДОСЕЛЕНИ ОД ПРЕДЕЛИТЕ НА АЛБАНИЈА СИ НОСАТ АЛБАНСКИ ИМИЊА

А каде зборувале албански? - на чаршија?
 
А КОЈ ВИКА ДЕКА ТИЕ ДОМА НЕ ЗБОРУВАЛЕ МАКЕДОНСКИ

Јас за овие што ги знам, знам дефинитивно дека не зборувале македонски дома. Значи не зборуваме за некои си луѓе непознати, не шпекулираме... Баба ми фала богу уште е жива. Ќе го потврди тоа.
 
Ако бараш вистински луѓе чијшто мајчин јазик бил албански, јас пишав еден пост на оваа тема. Баба ми, сите нејзини сестри, дури и мајка ми и нејзините браќа, зборувале албански како мајчин јазик.

Сега дали тоа што мајчин јазик им бил албанскиот ги прави албанци: јас не гледам зошто македонци би научиле албански, сите така, колективно, цело село.

Какво објаснување нудиш ти? Зошто сите одеднаш би почнале да зборуваат албански, а ваму македонци биле?
Се збуниле? Се собрале еден ден и рекле еј види што милозвучен јазик е овој албанскиов ај сите да почнеме да збориме албански?
--- надополнето: 26 мај 2013 во 11:28 ---

Еве што е проблемот со ова објаснување. Ајде да речеме дека научиле албански за да комуницираат со останатите околу нив. Зошто не знаеле македонски? Зошто не зборувале македонски дома? Оди во странство, пример во семејство на емигрант наш во друга држава: сите може да го знаат јазикот на државата во која живеат од причини што ги наведе, ама дома си зборат на свој јазик. До ден денеска, еден куп луѓе во МК, зборуваат друг јазик по дома, а друг јазик на улица, без разлика дали се Турци или Албанци или Роми итн.

Ако биле Македонци ќе зборувале македонски дома.

*edit: Како е можно Македонците од Егејска Македонија да ризикуваат страшни казни ако зборуваат македонски дома и да не го заборават својот мајчин јазик до ден денеска (ако одиш во македонските градови, Воден, Костур итн, ќе најдеш луѓе што ќе те разберат на македонски иако до ден денес им е страв да зборуваат со тебе на својот мајчин јазик, со чесни исклучоци како Павле Аврамопулос и тој владиката како се викаше....), а ваму македонци да научат албански и да заборават македонски иако не биле во друга држава, под туѓа власт. Не се спроведувала врз нив пропаганда, никој не ги убедувал дека се албанци уствари, како што правеле Бугарите и Србите.

Од чиста мира заборавиле македонски и научиле албански.
Како?

Зошто Македонците во Егејска не зборувале македонски дома, знаеш?
 
Па знам и ти кажав, им се заканувале со страшни казни. Ама пак до ден денес има луѓе во Егејска што не го заборавиле јазикот.
А ваму никој не ги асимилирал присилно, а јазикот го заборавиле.

Не е возможно.
 
Ако им бил мајчинскиот албански, албанци се......

Освен ако имаш факти кои подврдуваат зошто го смениле јазикот.....

Абе гледај,ако се деклраираат како македонци и така се чувствуваат нема тука што да се меша човек.
Истото важи и за "славофоните грци" кои денес се најголеми грци.Пробај спомни им дека се македонци и дека и нивните претци биле тоа.Има јазикот да ти го искинат,
 
toa e problemot na balkancite, preku cuvstva se odreduvaat kade pripagaat, sto e sosema gresno.
 
А французите во Алзас кои имаат германски имиња и зборуваат германски и се чувствуваат како французи ?
 
Па знам и ти кажав, им се заканувале со страшни казни. Ама пак до ден денес има луѓе во Егејска што не го заборавиле јазикот.
А ваму никој не ги асимилирал присилно, а јазикот го заборавиле.

Не е возможно.

А зошто мислиш дека некој го ,,заборавил,, јазикот?
 
Јас не мислам дека некој го заборавил, очигледно. Јас мислам дека тие никогаш не го ни знаеле.
Тоа беше за прашање за тебе: како е можно да бидат македонци, а да не го знаат македонскиот јазик, зарем го заборавиле?

Реалноста е дека тие никогаш не ни го зборувале, мајчин јазик им бил албанскиот.

Но добро, кога ќе ја видам баба ми ќе ја прашам подетално...
 
Абе гледај,ако се деклраираат како македонци и така се чувствуваат нема тука што да се меша човек.
Истото важи и за "славофоните грци" кои денес се најголеми грци.Пробај спомни им дека се македонци и дека и нивните претци биле тоа.Има јазикот да ти го искинат,

Сосема се сложувам, ако се чувствуваат како македонци, тоа се....но неоспорен е фактот што има македонци со албанско потекло, и тие треба да бидат мостот кој (ќе) не поврзува...истото важи и за македонските муслимани.......
Муабетот ми е што имаме нешто што не поврзува, не е така како што велаат повеќето членови дека немаме допирни точки со албанците.....

Па така е и со албанците во Грција кои се бореа против турците, а според некои историчари биле главните за ослободување на Грција од османлиите... и не ме чуди ако и во златна зора има некој арванит......
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom