Ако бараш вистински луѓе чијшто мајчин јазик бил албански, јас пишав еден пост на оваа тема. Баба ми, сите нејзини сестри, дури и мајка ми и нејзините браќа, зборувале албански како мајчин јазик.
Сега дали тоа што мајчин јазик им бил албанскиот ги прави албанци: јас не гледам зошто македонци би научиле албански, сите така, колективно, цело село.
Какво објаснување нудиш ти? Зошто сите одеднаш би почнале да зборуваат албански, а ваму македонци биле?
Се збуниле? Се собрале еден ден и рекле еј види што милозвучен јазик е овој албанскиов ај сите да почнеме да збориме албански?
--- надополнето: 26 мај 2013 во 11:28 ---
Еве што е проблемот со ова објаснување. Ајде да речеме дека научиле албански за да комуницираат со останатите околу нив. Зошто не знаеле македонски? Зошто не зборувале македонски дома? Оди во странство, пример во семејство на емигрант наш во друга држава: сите може да го знаат јазикот на државата во која живеат од причини што ги наведе, ама дома си зборат на свој јазик. До ден денеска, еден куп луѓе во МК, зборуваат друг јазик по дома, а друг јазик на улица, без разлика дали се Турци или Албанци или Роми итн.
Ако биле Македонци ќе зборувале македонски дома.
*edit: Како е можно Македонците од Егејска Македонија да ризикуваат страшни казни ако зборуваат македонски дома и да не го заборават својот мајчин јазик до ден денеска (ако одиш во македонските градови, Воден, Костур итн, ќе најдеш луѓе што ќе те разберат на македонски иако до ден денес им е страв да зборуваат со тебе на својот мајчин јазик, со чесни исклучоци како Павле Аврамопулос и тој владиката како се викаше....), а ваму македонци да научат албански и да заборават македонски иако не биле во друга држава, под туѓа власт. Не се спроведувала врз нив пропаганда, никој не ги убедувал дека се албанци уствари, како што правеле Бугарите и Србите.
Од чиста мира заборавиле македонски и научиле албански.
Како?