Што сум јас?

  • Креатор на темата Креатор на темата gt80
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Возраст
46
Многу ме интересира да ми каже некој по "стручен" каде спагам јас? Верувам во бог, да, мегутоа никако не верувам во и на поповите, црквата и сл. Мислам, секоја нормална личност знае колку крадат, лажат, се богатат на среќата и несреќата на другите и сл. Па самиот бог вика да не убиваме а толку се луге се убиени до сега во име на црквата и сл.... А и реално да кажам не сум многу завлезен во религијата али онолку колку со знам самиот бог никаде на никој не му рекол, пишал или кажал да му се прават цркви, да се "прават" попови итн итн итн...
 
Тоа не може ние да ти кажеме треба сам да пронајдеш заклучок.
Тогаш одговорот ќе биде твој и никој нема да може да ти го одземе.
 
Мислам, секоја нормална личност знае колку крадат, лажат, се богатат на среќата и несреќата на другите и сл. .

Ето, ја‘ не сум меѓу нормалните и сакам да ми кажиш колку крадат мојте парохиски свештеници и кои све несреќи им наметнаа на парохијаните...
 
Па и тоа е еден проблем, шо крадат и нишо не им се случува. Од кај пари оноа владицине да возат такви коли? Од кај пари секој поп испод 30 години од градот каде што сум јас да вози коли од 20 000 евра, да прават куќи на толку спратови и сл...? А...? Мислам кога правев свадба и кога ми кажаа кој се давачки се... Зошто толкави цени? Пред мои очи еден дебел поп на една стара баба и зема околу 500 денари за да и освети вода, и и ја направи онаа, бабо поп кусур не врака и уште шо не. Арно имаше тука едни мажишта па му спукаа па и ги врати. Кога почина баба ми самиот поп кажа дека не се мрсело. Го прашавме штом не се мрси што да земеме. Рече грав и риба. Ајде ок е тоа. И ние земавме грав и риба. После тоа наредниот ден на самиот погреб кога се дава она ручек и сл. дојде истиот поп да ми каже дека не само шо не се мрсело туку ЕПТЕН не се мрсело да и рибата била забранета. А ние веке ја купвме спремивме и сл. И кога му реков и сега шо правиме? ми рече дека за некоја цена таму (не се секавам убаво која сума беше, али беше некаде околу 50 евра) ке се поништело тоа правило и тогаш ке смеело да се јаде и риба... Ааббее ајјј... И имам уште 10000000 случаи али доволно е само овој еден. Кај кмата пеел, гуде гиди риба биди, за некој 3000-4000 денари пошто не се мрсело и тогаш а овие прасе купиле, па да може да се јаде прасето го препеал у риба....

А колку крадат твоите свештеници не знам. Кажи ми која црква си и од каде и ке ископам нешто, ти ветувам.

А доколку не ископам ништо би бил навистина пресрекен.
 
А колку крадат твоите свештеници не знам.

Точен одговор...
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 11:52 ---
Кажи ми која црква си и од каде и ке ископам нешто, ти ветувам.

Не Ти кажувам...
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 11:52 ---
о, ти ветувам.
А доколку не ископам ништо би бил навистина пресрекен.

Нема да бидеш пресреќен, оти веќе имаш негативен став кон свештенството...
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 11:53 ---
Од кај пари секој поп испод 30 години од градот каде што сум јас да вози коли од 20 000 евра, да прават куќи на толку спратови и сл...? А...?

Значи дека убо‘ ги плаќате Вашите парохиски свештеници.
 
Значе конечно сум на пат да најдам црква која што ке може да го смени моето погрешно свакање и да бидам спасен, а самиот (не знам како да те наречам, директор на црква ке биде знам наведливо ама не знам друго збор, така да извини) не сака да ми каже која е таа црква. Самиот тој кој што се заветувал на бога дека ке им помага на изгубените да го најдат правилниот пат ете не сака да му помогне на еден изгубен.

Јеби га, судбина.
 
Пред мои очи еден дебел поп на една стара баба и зема околу 500 денари за да и освети вода, и и ја направи онаа, бабо поп кусур не врака и уште шо не. Арно имаше тука едни мажишта па му спукаа па и ги врати. Кога почина баба ми самиот поп кажа дека не се мрсело. Го прашавме штом не се мрси што да земеме. Рече грав и риба. Ајде ок е тоа. И ние земавме грав и риба. После тоа наредниот ден на самиот погреб кога се дава она ручек и сл. дојде истиот поп да ми каже дека не само шо не се мрсело туку ЕПТЕН не се мрсело да и рибата била забранета. А ние веке ја купвме спремивме и сл. И кога му реков и сега шо правиме? ми рече дека за некоја цена таму (не се секавам убаво која сума беше, али беше некаде околу 50 евра) ке се поништело тоа правило и тогаш ке смеело да се јаде и риба... Ааббее ајјј...

Тоа не значи дека само свештениците не Ви се во ред, туку значи дека и Вие, како парохијани, немате поим од верата па затоа свештениците Ве мајтапат...

Секако, не велам дека е добро ако свештенството се богати и се луксузира, далеку од тоа, но има и друг момент: тоа е молитвата, која се изговара на литургија, во која се споменува „...чесното свештенство...„, што значи дека на Црквата и‘ е веќе познато постоењето на нечесни свештеници во самата Црква, кои се нашле во Црквата на исто толку нечесен начин.
 
Деистите веруваат во бог, ама немаат никакви ритуали,цркви, храмови, ништо.

Ваљда тоа си.

"I like your christ i do not like your christians" - Gandhi

А толку ли ти е битно да имаш некоjа религија? Биди Агностик и не се замарај со тоа, тоа ти е верување дека е непознато дали бог постои или не. И толку,не се замараш веќе.
 
Значи дека убо‘ ги плаќате Вашите парохиски свештеници.

значи црпки, значи дека им фаќа рачето. Па директор на телеком да си па толкав капитал нема да спечалиш од плата, нарочито дека е по мал град и сите знаеме кој е и што е и дали пред да стане поп немал вода во очите или бил богаташ па ајде да речеме им оставиле нешто во наследство.

Мислам да не се правиме луди.... Убаво биле платени, а тука лани или кога и да беше се жалеа дека мали им се платите и дека народот бил се повеке и повеке сиромашен па не земале векје толку па сега да им ги покачеле...
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 12:02 ---
е те така те, тоа ке да сум јас, Деист.
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 12:05 ---
Фала на одоворот, темава може да се затвори бидејки како што читам по другите теми овакви преписки немаат крај, а тоа не ми беше намерата.
 
Ма нема везе све едно ми е. Онака чисто ме интересираше. Читав по форумов некој преписки и расправања и за тоа ми текна.
 
Па да, сум осетил. Јеби га, не можам да опишам и сл. али да.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom