Гори манастирот Трескавец!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
:place:

2

За неполни два часа изгорени се сите четири конаци на манастирот Трескавец.

Свештениците се обидуваат да ги спасат вредните фрески, а упатен е и јавен апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила да тргнат накај манастирот и да помогнат.

До манастирот се уште е тешко да се стигне иако неодамна почна да се прави патот.
Ова е трет познат катастрофален пожар што го зафатил манастирот во минатото.

Последниот се случи пред 23 години, односно на 9 јануари 1990 година кога целосно изгореа конаците.

Трекавец е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата. Изграден е во XII век, односно XIII век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Во црквата се зачувани значајни византиски фрески.

Хелихоптери на воздухопловниот ВИНГ го гасат манастирот. Придружните објекти на манастирот се во пламен.
 
Апелов ми делува безнадежен... Пожар ко пожар, минути.. па некогаш и секунди се битни.. Ако пожарникарите не можат да го изгаснат, тогаш обичните граѓани што би правеле?
Највероватно ќе треба апел и донации за реновирање.. а не за гаснење.
Мислам дека МПЦ (ако се под нејзина надлежност тие работи) треба да преземи мерки, да бидат извршени проверки на сите инсталации и застарената инфраструктура кај нејзините објекти..
Обично причината е човеков фактор, но сепак не е во ред да се случуваат овие работи. Прво Бигорски, па сега Трескавец...
Не е само градба ко градба... Па ентериерот е во суштина музеј кој опстанал со векови.
 
Чисто реторички, нели се што се случува е воља на господ?
Овој манастир е културно наследство од 11 век на локација каде што ги има едни од најубавите пејсажи на карпеста уметност во Европа.
Овде религиозните убедувања се најмалку важни во ситуацијава. И да беше џамија, будистички храм, синагога, планинарски дом ќе беше небитно во ситуацијава.

Реторички мислам ептен дека е глупо да се провоцира на темава.
 
епа Господ нека им е напомош :свиркам:

И нека не плачат тие од ЦУК дека патот е не знам колку тежок, да не вртат со изговори.А фреските и иконите се зачувани, манастирот не е зафатен.
Се надевам на помалку штета, од почит кон религиозни објекти во смисла архитектура.
 
Овој манастир е културно наследство од 11 век на локација каде што ги има едни од најубавите пејсажи на карпеста уметност во Европа.
Овде религиозните убедувања се најмалку важни во ситуацијава. И да беше џамија, будистички храм, синагога, планинарски дом ќе беше небитно во ситуацијава.

Реторички мислам ептен дека е глупо да се провоцира на темава.
Опни две зидарски пива, наполни го резервоарот, и дај свој придонес во гаснењето.
 
Опни две зидарски пива, наполни го резервоарот, и дај свој придонес во гаснењето.
Немам теренско возило инаку ќе појдев најсериозно и имав нешто обврска денеска.
Најверојатно ќе појдам еден од наредните денови да помогнам.
Немаш појма каков чардак со каква панорама имаше за ракија и салата.
 
3 пива + точак = мецедес Г
 
Овој манастир е културно наследство од 11 век на локација каде што ги има едни од најубавите пејсажи на карпеста уметност во Европа.
Овде религиозните убедувања се најмалку важни во ситуацијава. И да беше џамија, будистички храм, синагога, планинарски дом ќе беше небитно во ситуацијава.

Реторички мислам ептен дека е глупо да се провоцира на темава.
Не е глупо, малоумно е. Али јбг, комплекс внимание работи.
 
И горииииииииии брзо луѓе зимајте од дома кофи вода и одете да го гаснете :cautious:

:) Можеби е глупо но ако доста изгорело тука се виновни некои други а друга работа пожарникарите најискрено скоро никогаш на време не доаѓаат пример ќе ви дадам јас чекав воз за Скопје пред скоро година ипол мислам дека беше на станицата во Прилеп почна да гори едно кафанче јас седев пукаа шишиња и од кога пријавив во пожарна за дури 5-6 минути дојдоа што нивниот камп ли како и се вика тоа чудо е на само 100 метри и од кога дојдоа после 15 мин. почнаа да гасат бидејќи чекаа да дојдат од евн реално гледано во Македонија нема некоја голема соработка све е фушарски :cautious: и затоа ќе ни горат 300 работи а ви е тука ќе расправате што гори запрашајте се зошто екипите не доаѓаат побрзу :)
 
Петар гадот го има запалено.
Петар срамот за МПЦ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom