- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.593

За неполни два часа изгорени се сите четири конаци на манастирот Трескавец.
Свештениците се обидуваат да ги спасат вредните фрески, а упатен е и јавен апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила да тргнат накај манастирот и да помогнат.
До манастирот се уште е тешко да се стигне иако неодамна почна да се прави патот.
Ова е трет познат катастрофален пожар што го зафатил манастирот во минатото.
Последниот се случи пред 23 години, односно на 9 јануари 1990 година кога целосно изгореа конаците.
Трекавец е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата. Изграден е во XII век, односно XIII век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Во црквата се зачувани значајни византиски фрески.
Хелихоптери на воздухопловниот ВИНГ го гасат манастирот. Придружните објекти на манастирот се во пламен.



Можеби е глупо но ако доста изгорело тука се виновни некои други а друга работа пожарникарите најискрено скоро никогаш на време не доаѓаат пример ќе ви дадам јас чекав воз за Скопје пред скоро година ипол мислам дека беше на станицата во Прилеп почна да гори едно кафанче јас седев пукаа шишиња и од кога пријавив во пожарна за дури 5-6 минути дојдоа што нивниот камп ли како и се вика тоа чудо е на само 100 метри и од кога дојдоа после 15 мин. почнаа да гасат бидејќи чекаа да дојдат од евн реално гледано во Македонија нема некоја голема соработка све е фушарски 