Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Значи сите се поважни и поверодостојни од Бог.
Збор на чоек е појак од збор бог?

34 Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.
Псалм 88

Сакаш да кажеш дека зборот на псалмопеецот како тој самиот Го доживува Бог е појак од зборот на Самиот Бог?
 
Овде бог зборуваза сам за себе
Гледај ја граматиката. овде не пишува некој еванглист или пророк во свое име туку е запишано како Бог рекол самиот
 
Врска немаш што зборуваш. Псалмот почнува вака:

1. Милоста, Твоја, Господи, вечно ќе ја воспевам, од род во род ќе ја разгласувам со устата своја Твојата вистина.
2. Зашто рече: милоста е за вечност установена, а на небото Ти ја утврди Твојата вистина.
....
19. Некогаш Ти си им зборувал на Твоите синови во видение и си рекол: „Јас му дадов помош на силниот, го издигнав избраникот меѓу Мојот народ.
...
и така натаму сè до 34 стих
....
34. Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.
....
и така натаму до последниве стихови од псалмов:
...
50. Сети се, Господи, на подбивите од слугите Твои што ги носам во пазувите свои од многуте народи;
51. на подбивите од Твоите непријатели, Господи, со кои ја валкаат трагата на Твојот помазаник.
52. Нека е благословен Господ во сите векови! Амин, Амин!
 
Последно уредено:
Црковното правило е овоземско не е дадено од господ туку луѓе го напишале а тоа не важи во очите на Бог кога се работи за божји работи
Дали е побитно што Бог не ограничил кој ќе биде на чело на некоја црква или чоек шо ограничил??

Let3,

твојот однос кон Писмото е апла протестатско-муслимански, односно идолатриски, небаре Писмото е џитнато од Небесата на Земјава, наполнето со точни инструкции за правилно живеење кои гарантираат влез во Рајот па сега, кој сака, нека повели, нека ги следи инструкциите, а кој нејќе, пеколот не му гине...

Не „иде„ тоа така.

Плус, очигледно е дека не ја разбираш ниту Црквата, ниту нејзината улога во Светов и нејзината релација со Творецот и со Писмото.
 
A као писмото е пишано само за православи и нивно ексклузивно право е?
Стариот завет е пишан за Евреите и нивниот бог, Новиот завет е за христијаните и нивниот бог, та биле адвентисти, лутерани, католици, православци....
 
Народот не дарува за црква туку даруваат олигарсите кои ја користат црквата за угнетување да не се лажиме, а тие се полоши од сите тајни друштва (или подобро кажано тие се тајните друштва)
Единствена причина што не ме угнетува денес е дека многу векови лугето се бореле и проеале крв за денешните слободи.
:unsure:
 
A као писмото е пишано само за православи и нивно ексклузивно право е?
.

Писмото, во делот од Стариот Завет, е наследено од евреите, а Новиот Завет е запишан од новозаветната Црква Христова, која навистина ја има екслузивноста за поседување на од Бога објавената вистина. Стариот Завет има свое остварување во Новиот, слично како што старозаветната Црква (евреите) има свој контунитет во новозаветната Црква, која не е своина од само еден народ, туку ја има задачата да собира и спасува, согласно нејзината улога, која и' е од Христа Бога дадена.[DOUBLEPOST=1435435570][/DOUBLEPOST]
Стариот завет е пишан за Евреите и нивниот бог, Новиот завет е за христијаните и нивниот бог, та биле адвентисти, лутерани, католици, православци....

А кој Е Бог(от) во Стариот и во Новиот Завет?

Адвентистите, лутераните и сличните „...исти„, имаат свои смртни основачи, со точно име, презиме, место и време во кои ги створиле наведените заедници, по свое своеглаво наоѓање, додека Црквата е створена од сам Бог.
 
Писмото, во делот од Стариот Завет, е наследено од евреите, а Новиот Завет е запишан од новозаветната Црква Христова, која навистина ја има екслузивноста за поседување на од Бога објавената вистина.
Па тужете ги католиците и протестантите што ви ја злоупотребуват книгата
 
Нема потреба од никакво тужење, оти Писмото е полновредно само во рамките од Црквата а не и надвор од неа. Писмото денес е лесно достапно за набавување и читање, но не и произволно разбирање и толкување, оти истото одамна е истолкувано.

Што се однесува до злоупотребата на Писмото, неговите злоупотребувачи самите сведочат за таа злоупотреба, оти Писмото го претворија во предмет за бесконечно бранење и „проучување„, како и во прирачник за добар живот, кој сам по себе гарантира влез во Рајот.
 
Госпо си има алатки да казни тие шо му го злоупотребуваат писмото, нели во библијата Мојсеј ко ојде нешо по работа да заврши и во кампо шо останаа Евреите почнаа да свират и играат и направија златно теле и Госпо то го виде и страшно се наљути и ги казни со смрт и болести, или тие шо правеа страмотилоци во Содом и Гомор па им прати оган од небото па ги спржи сите пепел ги стори, да не заборајме за бројни народи и градови кои им ги даде на евреите в раце да убијат се живо а само млади невести и моми да си задржат за себе, или во Египет колку пакости му напрај на фараоно и на египетските богој, им испотепа деца, им пушти жаби од небо и му претвори змија во стап.... така да ако госпо има некоја и најмала замерка за то како пример протестантите ја толкуваат библијата - тој ќе им прати метеори или земјотрес или скакулци или пожари или поплави... за да ги казни
 
Гневот Божји во Стариот Завет навистина се реализирал на наведените начини, што не значи дека истото треба да се случува и денес. Но, сведоци сме дека секое застранување од Бога повлекува свои последици па така е и со поединците па и со цели народи, кои иако се повикуваат на името Господово, пак ги стрефуваат бељи во одредени облици: природни непогоди, девијатнти социјални релации, епидемии и сл.
 
Друг е богот во стариот завет друг е сега. Различни се
 
Кој е во Стариот а кој е во Новиот?
По што се разликуваат?
Па спореди старио е многу построг, пољут, полесно збеснува, се одмазнува, бара жртви, бара дел од плен, казнува немилосрдно... овој сега е бајче опуштено пополека, како стар хипик, се е лабаво
 
Во Стариот и во Новиот Завет, Бог се објавува на два различни начини, со точно одредени намери па оттаму и различноста од Неговото делување во двата Завети.

А кој Бог ги наведе Заповедите и во Стариот и во Новиот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom