Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Не прави идол или слика на она што е горе на небото и она што е долу на земјата..

Ме интересира кое е значењето на оваа втора заповед??

Дали тоа значи дека во црквите - манастирите воопшто не треба да има ниту една икона, фреска и никој лик од светите апостоли и Исус да не се прикажува???
Тоа што е нацртано на иконите не е ни реализам ниту реално, па затоа господ ќе им прости.
Поважни се нацртаните гестикулации.
 
Не прави идол или слика на она што е горе на небото и она што е долу на земјата..

Ме интересира кое е значењето на оваа втора заповед??

Дали тоа значи дека во црквите - манастирите воопшто не треба да има ниту една икона, фреска и никој лик од светите апостоли и Исус да не се прикажува???

Не, напротив...

Втората Божја Заповед, гледана во целина, се однесува на Божјата забрана до/за човекот да има било каква замена за Бога. Самиот поим „идол„ значи „...замена за...„ или „...на местото од...„ така да Бог му брани на човекот да се приклони на било кој феномен, кој би можел да Го замени Бога во човековиот живот.

И историјата и искуствата ни говорат дека во своето досегшно битисување, човекот, кој Го забориви(л) Бога, сам си наоѓа замена за Бога во различни форми, како: измислени богови, измислени херои, небесни тела, животни, предмети, празноверија, идеолошки доктрини и сл.

Фреските и иконите не се противат на втората Божја, а тоа самата Црква го има документирано.
 
Не прави идол или слика на она што е горе на небото и она што е долу на земјата..

Ме интересира кое е значењето на оваа втора заповед??

Дали тоа значи дека во црквите - манастирите воопшто не треба да има ниту една икона, фреска и никој лик од светите апостоли и Исус да не се прикажува???
Ova prasanje ako mu go postavis na bilo koe Svesteno lice, ke ti rece:Nie se mozeme,nie sme sekoj den vo Crkva i za nas se e dozvoleno.
 
Абе што е со седмициве во кои се блажи на сајтот на мпц?
http://mpc.org.mk/Kalendar/post.asp

кога се паѓаат?
(зашто не верувам некако дека е точно ова)
ја се водам по тоа што го пишува на сајтов на МПЦ, али нешто ми вели дека е погрешно
 
Извинете ако се обраќам во грешка тема, би сакал да прашам за велигденскиот пост.
Нека ме контактира некој во пп.
Поздрав
 
Наведи го прашањето...
 
Абе што е со седмициве во кои се блажи на сајтот на мпц?
http://mpc.org.mk/Kalendar/post.asp

кога се паѓаат?
(зашто не верувам некако дека е точно ова)
ја се водам по тоа што го пишува на сајтов на МПЦ, али нешто ми вели дека е погрешно

Тековнава недела е неделата намитарот и фарисејот па среда и петок се мрсни.

Нареднава е неделата/седмицата на блудниот син, каде среда и петок се посни.

Потоа следува недела месопусна, во која се мрси во сите денови, освен што не се јаде месо па завршетокот е во неделата сиропусна, т.е. ден недела, во кој не се јаде и сирењето.
 
Наведи го прашањето...
Оваа година сакам да постам за прв пат.
Би сакал да знам повеќе што можам, а што неможам да јадам, колку точно трае цел пост од кога до кога и сл работи.
 
...постот не значи само што треба да се јаде т.е. што не треба, постот значи смирување на душата, помагање на околината, помагање на ближниот твој и почитување на постарите, без псуење или погрден збор, без пљукање, нервирање, пушење, алкохол, коцка и спортска прогноза, па и секс...па потоа во испостување на внес на храна количински и само од растително потекло!
 
И јас имам прашање во врска со Велигденскиот пост
1. Дали тоа го кажал Исус или апостолите?
2. Зошто само православните имаат пост поврзан со храна?
3. Дали сите православни цркви го имаат истиот начин/режим/редослед на постот?
4. Зошто постиме?
5. Како постел Исус?
 
1. Постот (воздржувањето) е (за)даден и од Бога, и од Исус, и од Апостолите. Види во Постанокот и во евангелијата. Денешниот пост е одреден византискиот период.
2. Постот не е поврзан само со храна. Постои пост телесен и пост духовен.
3. Да, начелно сите помесни православни Цркви имаат ист начин на постење. Разликите се незначителни.
4. Постиме од повеќе причини, а основна причина за телесниот пост е подготовката на човекот (како битие) за примање на Светата Причест.
5. Исус постел како и Боговидецот Мојсеј-40 денови. Погледни во евангелијата како постел Христос, искушуван од ѓаволот.
 
1. Дали треба да постиме со немрсна храна? Дали така е зададен од Бога и апостолите?
2. Кој е телесен а кој духовен?
3. Зошто би имало и најмала разлика? Нели сме исто?
4. ????
5. Како точно постел Исус тие 40 дена?
 
1. Човекот, како битие (дух+душа+тело) од Бога е створен за да користи само растителна храна. Затоа постот во Црквата е заснован претежно на растителна.
2. Примери...Телесен пост; нејадење животинска храна. Духовен пост; самоконтрола на мислите, насочување на умот кон Небесата, преку молитви.
3. Малите разлики не менуваат ништо суштински во постот, а произлегуваат од начинот на кој помесните Цркви слават одредени Светители.
4. Што е дилемата?
5. Без храна и без вода.
 
1. Човекот, како битие (дух+душа+тело) од Бога е створен за да користи само растителна храна. Затоа постот во Црквата е заснован претежно на растителна.

5. Без храна и без вода.
1. Конкретно прашањето е што и како кажал Бог за постот а не црквата православна? Знам дека само во православието се пости со немасна храна. Како постат еве католиците или некои други?
 
Бог и Црквата се неодвоиви, така да кажаното од Бога и кажаното од Црквата имаат иста тежина.

Како сам Бог го одредил постот за првите луѓе, пишува уште во Битие, 3.11.

Католиците постат „скратено„ во однос на должината од времетраењето од постот, а користат и мрсна храна.

Другите религии познаваат пост, на приер во Исламот, кој е сведен на нејадење и непиење во текот од денот, а истото е допуштено во текот од вечерта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom