Се убив од барање низ Филм и ТВ за да најдам тема за еден од моите најомилени филмски жанрови, и се што успеав да најдам е една тема во која генерално се дискутира за анимации и анимирани филмови, и друга тема (со само еден пост во неа) која се апстрахира од се останато и се посветува само на анимациите на Pixar. За краток анимиран филм - ништо. А толку многу може да се види...
Во продолжение - топ листа со моите 5 најомилени анимирани филмови:
5. La Maison en Petits Cubes [2008] - Кунио Като
За прв пат Азиец ја зеде златната статуетка во оваа категорија во 2008. И заслужено! Филм за животот, за тоа како ние ги трупаме спомените еден врз друг се додека нешто бизарно не не натера да се навратиме на нив. Брилијантно и екстремно меланхолично дело.
4. Alma [2009] - Родриго Блаас
Љубопитноста убива! Не доколку го погледнете анимираниов филм, за кој бев многу тажен што не доби номинација за Оскар, иако до последен момент беше во конкуренција. Очигледно на Американската филмска академија не и се допаѓаат делата на шпанските автори :'( Родители - внимавајте! Децата може да го гледаат само во ваше присуство!
3. The Chubbchubbs! [2002] - Ерик Армстронг
Анимираниот филм на кој на најмногу сум се смеел!

Малиот вонземјанин растура! Уште еден оскаровец - добитник на Оскар за најдобар краток филм за 2002.
2. Lifted [2006] - Гери Ридстром
Најдобриот од плејадата одлични остварувања на Pixar студиото. Не сите вонземјани се паметни, знаете?
Интересно, непредвидливо, оригинално сценарио, а за реализацијата не треба да се каже ни збор! А успеа само да собере номинација за Оскар во 2006.
1. Harvie Krumpet [2003] - Адам Елиот
Најбрилијантниот, најоригиналниот, најсаркастичниот, нај-анти-дискриминирачкиот, најгенијалниот, најсмешниот и истовремено најтажниот анимиран филм на сите времиња. Со овој, и со уште неколку свои дела,
Адам Елиот ми стана најомилениот режисер на анимирани филмови. Добитник на Оскар за најдобар краток филм за 2003 - кој не го гледал, пропуштил многу. Ова е задолжителна лектира за сите љубители на филмската уметност. И дефинитивно - 18+!!!