Парите го расипуваат семејството

  • Креатор на темата Креатор на темата Antigona
  • Време на започнување Време на започнување
A

Antigona

Гостин
Ке дадам пример од моето поблиско семејство па можеби некој ке даде и совет :(

Се` би дала за мирна и спокојна душа :( Никогаш не мислев дека ке дојде до тоа што го дочекав. И во минатото се правеа проблеми околу пари , но ова веке ги поминало сите граници. Вујко ми никогаш не бил задоволен и се не му е доста на него во животот. Имаше еден неуспешен брак и откако се прежени оваа втората негова жена толку лакома за пари, па човече ја не сум видела такво створење. Живеат заедно со баба ми и дедо ми во иста куќа - да не речам палата и стварно веке не знаат што да прават и каде се на шопинзи да идат од што имаат пари . И почнале да го р`чкаат дедо ми и баба ми да им остават се од имот да биде препишано на вујко ми , но баба ми сака нешто да остави и за мајка ми. И замислете кој ѓавол влегол во нивната куќа. Му платиле не знам колку пари на некој доктор и ја сместиле баба ми во болница во делот за нервно заболени луѓе со цел да ја побркаат жената со памет и да ја натераат некако да се потпише и да остави се на име на вујко ми. Значи толку гадови овој дедо ми и вујко ми , па и таа снаата лакома за пари ---заникаде, ГОСПОД грев да им пиши што и прават така на баба ми.
И еве денес бевме во посета , јас , мајка ми и татко ми и........баба ми плаче цело време , па толку ми падна жал и грев за неа што не знам и јас како да и помогнам бидејки на докторите им е дадена голема сума на пари за да ја држат баба ми во болница ........................а жената здрава , права,, зошто се толку сурови јас не знам :(

Стварно ми е многу тешко а јас сум само на кратко дојдена овде во Македонија , уште некој ден па се враќам пак назад , но сакам некако да се разреши ова со баба ми

Море ако ми пукни филмот може и масакар да направам па нема на никој да бидат ниту парите, ниту имотот, ниту камиони , аптеки, дуќани и се по ред....не сакам да гледам како пропаѓа едно семејство поради ПАРИ :mad:
 
Јас како што знам некој самиот ако не сака да биде во болница неможе да го задржат присилно ? На крај краева ако сакаш да се реши ситуацијата навистина и искрено не само за имотот што е во случајов проблем земи си ја баба ти во странство.

А ова со потпишувањето ми е ептен сомнително.. како може да ја побркаат за да потпише :cautious:
 
има институции кои се надлежни и грижат за правилно поставената дијагноза. кои се не знам, ама распрашај се. се надевам дека ќе си ја извршат функцијата за која се платени
можда и адвокат ќе треба да се најде. нормално со помош на дедо ти.
со среќа
 
Побудале народов ,денес се убиваат за 100 денари а не за повеќе (Дојде она од Америка убиства за 1 долар )
 
Ако е ова вистина, не се решава на форум. И не знам зошто секогаш жената е крива, секогаш во вакви ситуации роднините ги криват сопругите на нивниот близок. Исто, од кај знаеш дека баба ти стварно нема некој проблем, и така викаш дека живееш во странство.
 
Доколку баба ти ја држат во болница за нервно пореметување, тогаш нејзиниот потпис не би произведувал никакво правно дејство зошто одземена и е деловната способност (можете да одите во суд, да побарате да и ја одземат деловната способност судски), за после законски според наследен ред да барате наследување.

И да, имајте на ум дека доколу не сте наследници од прв ред, или не живеете со оставителот минимум 1 год. ќе бидете должни да плаќате данок на наследство 2-3% или 4-5% зависно во кој наследен ред припаѓате.

И да, мора да видите кој е носител на имотниот лист на куќата. Дали баба ти, дали дедо ти (дали двајцата), дали двајцата сосве вујко ти. Исто така е битно и кој колку придонесувал за куќата (сметки, реновирање, ово оно), не може туку така едноставно со еден потпис да се префрли се`.
 
Закани им се на корумпираните доктори дека ќе побараш анализи, наоди или што ти ја знам, од странство и дека ќе ги пријавиш за лажно поставени дијагнози, закани се со повикување новинари и стручни лица, кажи им дека има и други од странство порелевантни доктори што за пари би дошле овде, закани се со инспекции од министерство за здравство, ако не направиш ништо со заканите премини на дело.
 
Парите го расипуваат семејството, ама и сиромаштијата исто така.
Кога немаш пари, се караш, што да се купи за јадење, дали да се платат сметки за струја или да се купи нешто за децата.Многу бракови се растураат од овие причини, ама се надевам дека има исклучоци.
Не е добро ни да имаш премногу (океј, освен ако си толку зрела и прибрана личност што повеќето пари со ладна глава би знаел каде да ги насочи), но нормално дека не е добро и да немаш скоро ништо.
За мене доволно, бар за во нашава ни државичка е да имаш за нормален живот, без да си ја тупиш главата секој месец зошто не ти останале да платиш сметка, или да им дадеш џепарац на децата.Да имаш нешто да тргнеш настрана за црни дни, некогаш и да си дозволиш МАЛКУ луксуз, и тако то.:)
 
Јас како што знам некој самиот ако не сака да биде во болница неможе да го задржат присилно ? На крај краева ако сакаш да се реши ситуацијата навистина и искрено не само за имотот што е во случајов проблем земи си ја баба ти во странство.

А ова со потпишувањето ми е ептен сомнително.. како може да ја побркаат за да потпише :cautious:

Во прашање е голема сума пари , све е подплатено за да ја побркаат жената со памет. Па не знам што планираат и какви све лажни документи ке извадат за да се префрли СЕ за вујко ми...значи снаата -- жена му на вујко ми е алчна за пари.

А на мене и моиве дома воопшто не ни требаат никакви пари и никаков имот , но ете баба ми запнала жената нешто да препише за мајка ми и настанало кавга.

Мене лично ми треба мир и спокој, ...............па добро бе мајка му стара , во светот има толку загрозени случаеви кои што се вика немаат дома за леб, ама си живеат слошжно ..............а ова тука е претеризам , стварно не можам веке да ги слушам и трпам...... најарно нека дадат СЕ ВО ХУМАНИТАРНИ СТВАРИ и доста веке со тие пари , аман веке туууу
 
значи и од многу боли глава.
што да речат оние семејства кои и за Божик немаа на масата
ништо мрсно, а не се на диета,таква им била судбината, така ли им било пишано, но крајот за сите е ист.
Аир да не видат (твоине) што и прават на бабата,ако е така.
Да имаат.па да немаат..што се вика.
 
Ке дадам пример од моето поблиско семејство па можеби некој ке даде и совет :(

Се` би дала за мирна и спокојна душа :( Никогаш не мислев дека ке дојде до тоа што го дочекав. И во минатото се правеа проблеми околу пари , но ова веке ги поминало сите граници. Вујко ми никогаш не бил задоволен и се не му е доста на него во животот. Имаше еден неуспешен брак и откако се прежени оваа втората негова жена толку лакома за пари, па човече ја не сум видела такво створење. Живеат заедно со баба ми и дедо ми во иста куќа - да не речам палата и стварно веке не знаат што да прават и каде се на шопинзи да идат од што имаат пари . И почнале да го р`чкаат дедо ми и баба ми да им остават се од имот да биде препишано на вујко ми , но баба ми сака нешто да остави и за мајка ми. И замислете кој ѓавол влегол во нивната куќа. Му платиле не знам колку пари на некој доктор и ја сместиле баба ми во болница во делот за нервно заболени луѓе со цел да ја побркаат жената со памет и да ја натераат некако да се потпише и да остави се на име на вујко ми. Значи толку гадови овој дедо ми и вујко ми , па и таа снаата лакома за пари ---заникаде, ГОСПОД грев да им пиши што и прават така на баба ми.
И еве денес бевме во посета , јас , мајка ми и татко ми и........баба ми плаче цело време , па толку ми падна жал и грев за неа што не знам и јас како да и помогнам бидејки на докторите им е дадена голема сума на пари за да ја држат баба ми во болница ........................а жената здрава , права,, зошто се толку сурови јас не знам :(

Стварно ми е многу тешко а јас сум само на кратко дојдена овде во Македонија , уште некој ден па се враќам пак назад , но сакам некако да се разреши ова со баба ми

Море ако ми пукни филмот може и масакар да направам па нема на никој да бидат ниту парите, ниту имотот, ниту камиони , аптеки, дуќани и се по ред....не сакам да гледам како пропаѓа едно семејство поради ПАРИ :mad:
Прво тргни ги емоциите на страна.
Второ ако е така како што велиш претпоставувам има начин да се побара дијагноза од друг доктор и да се ослободи жената(баба ти ) од болница.
Некако премногу ми делуваш во паника.
Вистина е дека парите го вртат светот ама ако баба ти е здрава може да побара дијаноза од различен лекар и не гледам некоја причина зошто би ја одбиле.
Тоа е тоа не е којзнае колку комплицирано.

Во врска со алчноста на вујко/на ти тука не можам да ти помогнам алчноста е проблем кој е заедно со луѓето од самото настанување.
Теле можеш да го научиш на нешто ново ама ако учиш вол тешко дека нешто ќе постигнеш.

There's enough on this planet for everyone's need, but not for everyone's greed.
 
Ако е ова вистина, не се решава на форум. И не знам зошто секогаш жената е крива, секогаш во вакви ситуации роднините ги криват сопругите на нивниот близок. Исто, од кај знаеш дека баба ти стварно нема некој проблем, и така викаш дека живееш во странство.

Сестрите што беа на смена денес ни рекоа дека нема никаков проблем со нејзиното здравје но дека им е наредено да ја држат во болница.

Стварно ми е жал за баба ми, па греота е така да и прават.

Уффффффффффф изгледа сум премногу чувствителна , пошто се околу мене ми зигледа ко да нема осет веќе :(
 
Епа ако е така како што кажуваш, решението е многу едноставно... Кажа дека не ти се потребни пари, па мајка ти може слободно да се откаже од наследството на нотар, па на крај нема ништо да промени тоа дали баба ти ќе и препише нешто или не...
 
ова како на филм у п.м.
па ти уште викаш дека не сакаш да ти се растури семејството за пари? па тоа растурено, битисано е...како ќе можеш да ги сакаш вујко ти и дедо ти ( за вујна ти да не зборуваме оти се знае колку се сака вујна) после ова што и го направиле на баба ти? навистина сте крвно поврзани ама ова е претерано.
во слична ситуација се наоѓа и другар ми.
тетка му (сестра на татко му) има пари дури и прекуима. не знае што да прави со парите. се расфрла низ дома, ќерката и помалиот синот на школување во виена ги прати, а постариот син во грција. сите учат во најдобрите приватни училишта.
секое лето обавезно се некаде на море, после на зима некаде на зимување......а од другар ми семејството живее со една плата. само татко му работи, досега и мајка му работеше приватно ама ја испуштија. досега само тој беше студент (се трудеше самиот да си плаќа за факс, работеше како келнер, миеше коли, во продавница малку....), ама еве и сестра му е веќе матурантка па и таа од година ќе мора да студира.
и замисли тетка му не сака ни со прст да мрдне да им помогне. како прво и основно НЕ се скарани. барем ако не сака пари да им даде нека им помогне убава работа да најдат. тие имаат пријатели, познаници, т.е. имаа врски за која било работа ама ни со уво не мрдаат.
другар ми вика кога ќе отишле на слава сите гости можеш да замислиш какви се (од големото добро утро), вика мене ми е срам да се појавам. не дека е социјално загрозен (средна класа се) ама во споредна со гостите, а и родената тетка се НУЛА. тој и сестра му и се единствени внуци, а татко им единствен брат и ете гледаш како се однесува.
значи драга моја батали семејство, вујковци, тетки, сите да се сложувате, бла,бла...тоа изумрело. гледај си само за тебе и уживај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom