Од Скопје со брод до Париз, Прага и Солун?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Ако биде и ова ќе има нови вработувања во "министерството за пловни реки" :tapp:
 
Да али и да средат се во Србија (кај нив е проблемот како да го сменат текот на реките ) во Македонија е сосема друга приказна.Потребни би биле 4-5 брани само за да се направи пловна Вардар плус неколку канали зошто Вардар поминува низ градови како Скопје и Велес и би морало да се заобиколи.

Притоа ќе треба и да градиме нова пруга и нов автопат ( ние не можеме 30 километри пруга да изградиме до Бугарија 20 години ) за главниот коридор на Македонија.

А економскиот бенефит искрено не е баш најсигурен.Освен за Србија и Унгарија искрено не гледам никаква друга причина зошто некој бродови би пловеле нагоре по Вардар и Дунав кога секоја друга земја низ која поминува Дунав или има излез на море или е доволно близу до море.Иако дури и за Србија не би требало да има големи очекувања зошто одма и се тука блиску пристаништата во Црна Гора.

Ние да бевме некоја индустриска сила или Јужна Србија да беше па да се каже за извоз место со камиони или железница да се иде со бродови до Солун али тоа не е ситуацијата па не гледам зошто и се размислува за ваков мегаломански план.

Проблемот овде е друг.Започна да се баjпасира Србиja и тоа удри врз самата неja. Во игра са Коридор 10 и Коридор 4. ЕУ сака да користи Дунав за транспорт се повеке и повеке и затоа започна да се работи по Дунавска стратегиja. Според неja + оперативните програми на ЕУ се дават пари за поврзуване со скоростна пруга на порт Лом со порт Солун.
Сред изградбата на каналот Реjн-Маjн-Дунав во Германиja, коридорот по Дунав станува изклучително битен за повекето централни европски држави.
 
Некој праша, од каде пари за ова? Епа Кинезите може ќе дадат пари.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81412927231&id=9&prilog=0&setIzdanie=22655

Инаку, се е можно. Од 1932 го имало ова во план. Само парите се проблем иначе воопшто не е фантазија.
Парите не се проблем,пари се нема.
 
Парите не се проблем,пари се нема.

Офтопик - глупа досадна стара фора.

Онтопик - Ако имаат интерес Кинезите - а имаат, нема да има проблем да инвестираат они.
 
Офтопик - глупа досадна стара фора.

Онтопик - Ако имаат интерес Кинезите - а имаат, нема да има проблем да инвестираат они.
Се сложувам,но вистинита:)
Да,ако Кинезите имаат интерес,тогаш се е можно.
 
Во Србија на големо работат на планот за каналот Белград – Солун


Морава
Просторниот план за изградбата на каналот Дунав–Морава–Вардар ќе биде готов до средината на 2013 година, најави министерот Милан Бачевиќ. За проектот се заинтересирани и многу странски компании, ја пренесува Радио-телевизија Србија изјавата на министерот Бачевиќ.
Најзначајната активност на Министерството за природни ресурси, рударство и просторно планирање на Србија во 2013 година ќе биде изработката токму на овој план.
„Голем дел од документацијата и методологијата за изработка на просторниот план за каналот Белград – Солун, попознат како Дунав–Морава–Вардар е веќе готов. Овој план опфаќа површина од околу 10.500 квадратни километри“, изјави Бачевиќ.
По изработката на планот, според министерот, треба да се подготви и посебен закон со кој би се означил почетокот на изградбата на пловниот канал како проект од големо национално значење.
„Се надевам дека во овој рок од шест месеци ќе ги завршиме и разговорите со заинтересираните компании што сакаат да учествуваат во градежниот дел од проектот“, вели Бачевиќ.
Првите процени за вредноста на проектот се направени уште во седумдесеттите години од минатиот век кога било пресметано дека каналот од Белград до Солун би чинел од 15 до 17 милијарди долари. Колку тоа денес ќе чини, калкулациите сè уште се прават.
Меѓу заинтересираните странски компании засега најупорни се две кинески компании и една американска од државата Илиноис.
Овој проект би бил од големо значење за сообраќајното поврзување на југот на Европа со Средна и Западна Европа. Овој канал би се поврзал и со системот Рајна – Мајна – Дунав и со системот на Рона и Сена во Франција и на реките Одра и Висла.​
 
И кај нив се избори? :pos:


Па пази ги ти нив, планирале и за Вардар и делот кај јужниве, ко нивни да се... да му се ------ во умот разреден!
 
Кога мислиш дека си видел се во животот... Здогледуваш бродови на сред Вардар и знаеш дека буквално се е возможно.
brod1.jpg

Со ова идеме до Солун...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom