Помош околу Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint)...

  • Креатор на темата Креатор на темата Fords
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки ми треба помош во Word 2007 (барем мислам дека е тој)

Ставив Page Layout да ми биде хоризонтално за да направам/нацртам една табела. И ја направив све ок. Али сега понатаму кога треба да пишувам ми треба текстот да биде во вертикален Page Layout. И кога кликам да го направам тоа ми се изместува и табелата и страната на која е табела. Страната ако се изместува, така и треба но како да направам табелата да остане?

Моментално ми изгледа вака.
А ми треба да изгледа вака.

Дали некој може да ми помогне? Благодарам однапред!
 
Кога ќе ја отпечатиш, ќе ти изгледа како што треба. А ако сакаш да имаш во самиот документ легнати и исправени страни, треба да вметнеш section break, се наоѓа на page layout табот, и по него можеш да ја смениш ориентацијата на страницата.
 
Дечки, како да вметнам вакво нешто во документ во Word со други податоци?

Untitled.png
 
Дечки ми треба помош околу Excel Pivot Tables 2010. Не сум работела претходно со ова, сега ми треба да направам мала табела со извештај од истражување. Значи ми треба редовите да бидат факултетите како што е на сликата, а горе колоните да бидат поделени на година на студии и секоја година да биде поделена на машки и женски па во полињата доле да стојат бројките колку машки и колку женски во секоја година одговориле на прашалниците. Се измачив додека да ја средам табелата да изгледа вака ама не знам зошто не ми ги покажува вредностите туку е празна табелата. Или ако имате друга идеја како би можела да го постигнам истово ве молам помогнете пошо веќе 2 дена се малтретирам и на крај пак не успеа :( Фала ви однапред :)

Pivot.PNG
 
Дечки ми треба помош околу Excel Pivot Tables 2010.
Во полето values немаш ставено поле, затоа ти е празна табелата. Доколку имаш поле кој одговорил на анкетата, стави го по values делот и подеси го на count.
 
Сакам мала помош, кај ворд програмата како се рпави ете како на ексел, да го сменам датумот и во табелата да се подесува автоматски, кај ворд незнам како се прави. Сакам на пример тој датум у ворд, да го сменам и да се сменат датумите, да не пишам рачно.
exel slika.jpg word.jpg
 
Дечки, како да направам различна фуснота (Footer) на секоја страна во Word 2013? Што не ти стиснав и гледав видеа на ЈутЈуб, ама никако да успеам.
 
Ме интересира која е најефтина варијанта да се стигне до сертификат за Microsoft Office?
Ми треба да биде меѓународно признат (најверојатно би требало од мајкрософт). Не ми требаат часови, чисто да го полагам и да се стекнам со сертификатот (прашувам за напреден), дали има кај нас тука или пак некои онлајн.
 
Како екселов нашиве букви да ги подредуе како што треба?
Кога правам сорт, буквите како Ќ и Ѓ не се сортираат по правилен редослед.

Ме интересира која е најефтина варијанта да се стигне до сертификат за Microsoft Office?
Ми треба да биде меѓународно признат (најверојатно би требало од мајкрософт). Не ми требаат часови, чисто да го полагам и да се стекнам со сертификатот (прашувам за напреден), дали има кај нас тука или пак некои онлајн.
Гимназија Алгоритам.
 
Добро си сортира. кај мене си е се ок. Под услов да се пишувани со македонска поддршка.
Прегледај го приврзокот 140876
Чудно, не сака кај мене. Првобитните ми беа копирани па ајде ги напишав буквиве рачно, еве гледај кај ги мести Ѓ и Ќ
Excel 2013. Да не треба некој додаток?
http://i.imgur.com/h3jXavY.jpg

[edit]Средив, во region format требало македонски да наместам
 
Последно уредено:
Не знам дали е соодветна темава, ама да си прашам белки нема да боли :D

Немам ништо од мајкрософт офис на лап топот, а ми треба пауер поинт и ворд за работа. Немам појма како да ги инсталирам, се обидов ама 100 линкови ми излеваат.

Иначе на windows 8 работи компјутеров, ако значи нешто тоа битно.
 
Ќе ти пишам покасно објаснување во пп ако имам време, а во меѓувреме види дали ти е 64 битен или 32 битен windows-от со десен клик properties на my computer
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom