Помош околу Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint)...

  • Креатор на темата Креатор на темата Fords
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки.

Имам едно прашање за excel на кое што одамна пробувам да му најдам решение.
Доколку имаме колона со голем број на шестцифрени броеви пример 123456,треба овие броеви да ги направам да бидат во формат 123 456 или ако имам осум или n-цифрени броеви треба истово да се случи значи 123456789 ----> 123 456789, после првите три бројки да има празно место .
Значи да не го одвојувам секој број посебно посебно празно место туку тоа автоматски да се направи некако магично :D .

Благодарам однапред.
 
Знам може со запирка...
12345=12,345
123456=123,456
12345678=12,345,567
123456789=123,456,789

Ако ти врши работа, селектирај ја колоната > десен клик > format cells > number > custom > #,##0 (четвртото)
 
Ne Dani, ne vrsi rabota. Blagodaram sto se potrudi :) Ima nekoj kod za formula ama nemozam da go najdam... :)
Знам може со запирка...
12345=12,345
123456=123,456
12345678=12,345,567
123456789=123,456,789

Ако ти врши работа, селектирај ја колоната > десен клик > format cells > number > custom > #,##0 (четвртото)
 
Здраво дечки.

Имам едно прашање за excel на кое што одамна пробувам да му најдам решение.
Доколку имаме колона со голем број на шестцифрени броеви пример 123456,треба овие броеви да ги направам да бидат во формат 123 456 или ако имам осум или n-цифрени броеви треба истово да се случи значи 123456789 ----> 123 456789, после првите три бројки да има празно место .
Значи да не го одвојувам секој број посебно посебно празно место туку тоа автоматски да се направи некако магично :D .

Благодарам однапред.
Стави ја бројката на пр. во B2 a во C2 стави формула
=LEFT(TEXT(B2;"########################");3) & " " & MID(TEXT(B2;"########################");4;12)
Ако ти се потребни повеќе од 15 цифри смени ја 12ката (15-3) на крај со поголема бројка. Натаму ископирај си во кои ќелии сакаш истата формула.[DOUBLEPOST=1403874752][/DOUBLEPOST]Или
=LEFT(TEXT(B2;"@");3) & " " & MID(TEXT(B2;"@");4;12)
 
Последно уредено:
Здраво,ве молам за помош ,
зошто кога пишувам на word ми ги крати буквите до половина само?
 
Конвертирање од PDF во docx

Користев Adobe Acrobat Xl Pro меѓутоа кого ке го ковертира фалат букви, зборови... а има 280 страни па тешко е да се едитира пак. Ако знаете некој добар софтвер или друго решение за професионално ковертирање од PDF во Word документ?
 
Пробај со Word 2013. Подржува pdf формати.
Или пак некој online конвертор
 
Ми треба малку помош со Excel 2010. Ми треба едно проектче во Excel во кое ќе има два таба еден во кој ќе има на пример редни броеви, имиња и поени, а во другиот ќе има табела и кога ќе пошеш некој реден број автоматски да го дава името кое е ставено на тој реден број и поените. На пример во првиот таб ќе има вака:
Реден број Име и Презиме Поени
1 Име 1 Презиме 1 20
2 Име 2 Презиме 2 15
... итн.

А во вториот табела која ќе биде вака нешто:
2014-08-01_011423.png

и на пример кога во поле за реден број ќе ставам 1 автоматски да ги зема податоците од првиот таб и да ги прикажува во Име и Презиме и Поени.
 
Последно уредено:
Ми треба малку помош со Excel 2010. Ми треба едно проектче во Excel во кое ќе има два таба еден во кој ќе има на пример редни броеви, имиња и поени, а во другиот ќе има табела и кога ќе пошеш некој реден број автоматски да го дава името кое е ставено на тој реден број и поените.
Играј си со Vlookup функцијата.
 
Дај помогнете ми, нервите си ги искинав дома. Зашто документот ми се покажува како на првата слика, а не како на втората? Ги исклучив овие track changes, али џабе. Кога ќе отидам save и кога ќе го отворам од почеток документот си е исто.

Слика 1
Untitled.png

Слика 2
Untitled1.png
 
Не сум најсигурен дека ќе успее, ама јас вака би пробал.
Оди на наредна страна некаде каде што имаш чист текст и означи дел од него. Или едноставно само напиши една буква на чиста страна. Означи го тој дел и стисни Format Painter. (Home -> Format Painter). Со тоа го копира стилот на делот кај што ти е означен. (Фонт, проред итн). И сега означи го делот каде што сакаш да го префрлиш стилот од текстот што си го означил претходно. Не знам дали сум баш најјасен ама се надевам дека ќе ме сфатиш.

Крај краева, содржината стави ја во посебен документ и дополнително испринтај го и после само вметни го меѓу листовите, ако ти за принтање работата.
Се надевам дека ќе бидам нешто од помош :)
 
Си го работел со Track Changes. На втората слика, стисни го триаголничето под копчето Accept и одбери Accept All.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom