Les Misérables (2012)

Откако ми завршија испитите им се препуштам на оскарите. Прв на тапет ми беше Клетници.
Скептична бев до крај па дури и си мислев кој промашај би бил филмот само затоа што е мјузикл. И не само што сум позитивно изненадена туку филмот ме освои. :)
Во принцип не преферирам мјузикли ама ова веќе се доживува на друг начин,доволно е самото тоа што знаеш дека се пее во живо а после и начинот на кој сето тоа е доловено.

Нема да должам многу, само збор два ќе кажам.
Гледам се мажи се попалени по Ен Хатавеј ама морам и јас да им се придружам.....во тоа фановите де :icon_lol:.Одлична глума,што е до мене добива Оскар.
Хју Џекмен-мажиште.
Е сега малце ми беше чудно да го гледам Расел Кроу во улога на негативец на почетокот ама брзо се навикнав.
Да не ги фалам сите, има доволно кажано на темава само морам да го спомнам и малиов што го глумеше Гаврош,сакам да го видам детето после 20 год во каков актер ќе прерасне.

Сума сумарум многу добри сцени,одлична глума,предобра музика,многу емоции.
Ќе го чекам да дојде кај нас во кино бидејќи преку компјутер/телевизор со не толку добар квалитет многу малце може да се пренесе.
 
6508693_700b.jpg
 
Добро бе овие кинава планираат да го даваат филмот годинава?Најавуваат филмови за при крај на март и нема никакви информации за филмов освен "не во блиска иднина" .
 
Добро бе овие кинава планираат да го даваат филмот годинава?Најавуваат филмови за при крај на март и нема никакви информации за филмов освен "не во блиска иднина" .
По се изгледа не.
Линколн изгледа ќе го даваат после Оскарите пошто изгледа ќе освои многу Оскари па публика ќе се ложи да го гледа, ако го даваат Ле Миз ќе го даваат горе доле тој период, ако не ништо.
 
Не верувам дека Линколн ќе освои многу оскари. Ќе ги освои главните веројатно, за филм и за ДДЛ. Ништо чудно ако за режија му ја дадат на Афлек.
 
Не верувам дека Линколн ќе освои многу оскари. Ќе ги освои главните веројатно, за филм и за ДДЛ. Ништо чудно ако за режија му ја дадат на Афлек.
Не е номиниран Афлек. Затоа од сожалување ги прибра наградите за режија на сите други церемонии. Оскарот претпоставувам дека ќе заврши кај Тарантино или пак кај режисерот на Silver Linings Playbook поради потресната позадина.
 
Ау да бе... не знам кај ми е паметот денес неверојатни пропусти правам :)

Инаку многу сакам Силвер Лајнинг да победи сензационално за најдобар филм (бидејќи знам дека Лес Миз нема шанси)
 
А јас пак мислев дека се наоѓам на темата за Оскарите.:)

Затоа пишав нешто за Silver Linings, ама ме мрзеше да префрлам во другата тема. Не дека е нешто страшно, ама ај, колку да не ми отиде мислењето за џабе, еве уметничка тематска слика:

130218095983low.jpg
 
Не е номиниран Афлек. Затоа од сожалување ги прибра наградите за режија на сите други церемонии. Оскарот претпоставувам дека ќе заврши кај Тарантино или пак кај режисерот на Silver Linings Playbook поради потресната позадина.
Ни Тарантино не е номиниран за режисер :)

а сликата :pos: :ROFLMAO:
 
Ни Тарантино не е номиниран за режисер :)
Стварно. :)

Афлек не е номиниран, Тарантино не е номиниран, режисерот на Les Miserables не е номиниран (што е неправда бидејќи тој е иницијатор на пеењето во живо кое уствари претставува револуција во жанрот), јас не сум номиниран...

Сфаќам, требалo да ослободат место за режисерот на Створењата од дивината.
 
God, I have sinned...Тоа е тоа, црви в'газо па седнав и го симнав на торент. Барем го гледав пред оскарите, секако ќе чекам во кино да дојде па повторно да го гледам и да рикам како магаре. :place:

Навистина достоен на целата таа фама која се дигна околу филмот. Искрено не очекував дека од мјузикал ќе останам без зборови на крај. Мелодијата и песните беа толку моќни и певливи што уште ми се мотаат рефрени и музиката низ глава - look down, look down... Навистина немам вака уживано на мјузикал после Grease (да ок сосем различен филм за споредба, ама знаете на што мислам).

Многу ми се допадна сценографијата, костимографијата и изборот на актери/ки. Глумата во филмов многу тешко се опишува, треба да се види и слушне. Навистина нема да биде незаслужено доколку лапне некоја статуетка на оскарите. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom