Внимавајте што правите денеска, тоа ќе го правите цела година!

  • Креатор на темата Креатор на темата Son Of Sparta
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
На втори јануари се празнува Свети Игнат, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година.

Според обичаите, се верува дека она што ќе го правите денеска, ќе го правите и цела година. Ова особено се однесува за Тетово, каде што постарите го пренесуваат како многу важна традиција.

"Вистинските" бадникови и божиќни обичаи почнуваат денеска, на втори јануари со празникот Св. Игнат. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот - таква ќе биде и претстојната година за семејството.

Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

За денешниот ден се врзуваат и неколку обичаи, кои особено се почитуваат од тетовци. Па така, денеска се станува рано и се палат шпоретите на дрва во домовите. Кој како ќе стане од спиење, мора да стави по едно тенко дрвце во оганот и како што го става да вели: жар пилиња, жар пари, жар среќа, жар љубов итн. посакувајќи си себеси убави желби за целата година.

Зборот жар го означува следново: колку искри од запаленото дрвце ќе излетаат и колку жар ќе направи истото, толку и желбата ќе ви се исполни.

Изреката се почнува со зборовите жар пилиња, бидејќи истото останало од старо време кога луѓето чувале домашни животни, па за бериќет во годината се печеле пилиња, јагниња итн.

За денешниот ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Ако денеска некој ви побара пари, обидете се да не му позајмите, бидејќи тоа ќе ви се случува во текот на целата година.

Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на денешен ден да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е денеска да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игнат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

Запомнете дека во сите обичаи од постарите и попаметни луѓе има и мала вистина. Затоа вие денеска направете нешто добро. Бидете внимателни, и не го правете она што не сакате да ви се случува цела година. Денеска заборавете на нервозите и проблемите, и насмејте му се на секој оној кој размислува поинаку од вас.

Поканете ги пријателите во вашиот дом, нагостете ги, насмејте се, напијте се. Потоа пред спиење прочитајте некоја добра книга, за умно да ви тргне годината. Не заборавајте да ги бакнете саканите, да им кажете колку ги сакате и колку тие ви се потребни.

Затоа што запомнете, без љубов, новата година, без разлика на денешниот ден, со сигурност ќе ви тргне во погрешен правец.

Нека оваа година Ви се случуваат само убави работи. Почнувајќи од денеска.
 
Yao-ming-meme.jpg
 
На денешен барам лезбејка да вратам на прав пат, и цела година после хихи.
 
Ова докажува колку биле суеверни и прости нашиве стари, а уште попрости сме ние што веруваме во нивните бајки... Ама ако, додека има овци има и волна, многу волна...:)
 
Штом е таков случајов да си извадам едно 500 евра од сметка, после секој ден ќе вадам толку до крајот на годината... Има логика ова да. :P
Не во тој случај ќе си останеш со празна сметка и така ќе тераш до крај на година:D
 
А ако се самоусмртам сега... цела година ќе ми тргне со самолишување... :pos: Логика ипол:D
--- надополнето: 2 јануари 2013 во 14:02 ---
Ах, заебав работа, веќе удрив десанка...
Тешко тебе брат :icon_lol:
 
А ако се самоусмртам сега... цела година ќе ми тргне со самолишување... :pos: Логика ипол:D
--- надополнето: 2 јануари 2013 во 14:02 ---

Тешко тебе брат :icon_lol:
Остај, шубе ми е сеа....
 
Бабини деветини - Macedonian level

ама аj да се вклучам у озбилнава дискусиjа, денес ќе спиjам цел ден :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom