ATP 250 & 500 | најава на турнири |

Статус
Затворена за нови мислења.
A Jaнко Типсаревиќ годината ја започна со трофеј.
Во Ченаи го победи Баутиста од Шпанија, со пресврт во мечот, губеше со 1-0 во сетови, за на крај вториот и решавачкиот сет ги добие убедливо.

Глеам не пишал никој за финалето во Доха, Гаске го совлада Давидено во исто така интересен меч, 2-1 во сетови, третиот сет добиен со 6-3.
 
Значи Григор Димитров играше финале на АТП 250 турнир, резултатски добро се држел против Мареј, не го гледав мечот, не знам точно како играше. Овие резултати од крајот на 2012та и овој турнир во новата година ветуваат добра сезона за Бугаринот. Со сигурност ќе биде еден од моите фаворити за во иднина покрај Јанович, а со Надал не знам што ќе бидне, се надевам дека ќе се врати што поскоро.

art-353-dimitrov-300x0.jpg


btw.

За околу еден час следува мислење со АТП 250 турнирите за следната седмица, додека сум кај Јанович, тој утре на утро во 7 часот ќе игра против Бакер.
 
Heineken Open, Auckland, New Zealand | 07.01.2013-12.01.2013 |
B8CC21D836F044AD8DC18E234CF64086.ashx

Главни носители на турнирот
1.David Ferrer
2. Philipp Kohlschreiber
3. Tommy Haas
4. Sam Querrey
5. Jerzy Janowicz
6. Jurgen Melzer
7. Martin Klizan
8. David Goffin

Последен победник на турнирот
David Ferrer

Награден фонд
433,400 $


Apia International Sydney, Sydney | 07.01.2013-12.01.2013 |
24D198BE257E4DA08221ED4B87144D01.ashx


Главни носители на турнирот
1. Richard Gasquet
2. John Isner
3. Gilles Simon
4. Andreas Seppi
5. Fernando Verdasco
6. Florian Mayer
7. Bernard Tomic
8. Gael Monfils

Последен победник на турнирот
Jarkko Nieminen

Награден фонд
436,630 $
 
Јержи Јанович, " големиот талент " , загуби од Бакер во 3 сета (6-4 6-7 4-6) иако ја имаше победата во рака, одигра аматерски тајбрејк и заслужено на крајот беше елиминиран од турнирот во Auckland.

Следнава ноќ има интересни мечеви, но се уште е рано за било какви драми и возбудливи сетови како оние што не очекуваат во Мелбурн... за само 7 дена. :)
 
Како и што очекував толку од Јержи, во стилот на Росол :)
 
Чекајте бе, 1 турнир и одма судите.. Ќе видиме на Австралија ако игра.
 
Чекајте бе, 1 турнир и одма судите.. Ќе видиме на Австралија ако игра.

И јас слично мислам, сепак неговата игра е доколку го сака сервисот... а дали може секогаш да биде на негова страна??? Сепак не би можел повеќе од топ 20 т.е. не знам воопшто дали ќе може да влезе во нив, но ајде ќе почекаме и ќе видиме во Мелбурн што ќе направи.
 
Не може во текот на цел меч добро да сервира , тенисер од топ 50 ќе му направи брејк еднаш во сетот и толку, останува да видиме што има да понуди .
 
Рафа ќе игра на VTR Open (Chile). (y)
Турниров започнува на 2-ри Февруари, а завршува на 10-ти.
Покрај Надал, Хуан Монако е второто звучно име кое ќе игра на на овој турнир.

Мислам дека е добро за неговата самодоверба што се враќа на вака послаб турнир и тоа на неговата најомилена подлога, одлично за да се врати во добра форма и со голема самодоверба да продолжи понатаму. :)
 
Oваа недела има три турнири од 250, Монпеље, Вина Дел Мар и Загреб.
Надал се враќа на турнирот во Вина Дел Мар (знаете веќе..).
Во Монпеље прв носител е Типсаревиќ, титулата ланската сезона ја освои Бердих, оваа година го откажа учеството.
Во Загреб прв носител ќе е домашниот тенисер Марин Чилиќ, шанса за одбрана на титулата ќе има Михаил Јужни.
 
Делбонис и Пеља го играат третиот сет и резултатот е 4-4. Победникот од овој меч утре ќе игра против РАФАЕЛ НАДАЛ. :)

Дел Бонис ќе биде првиот противник на Рафаел Надал после големата пауза, го совлада Пеља во 3 сета (2-6 7-6 7-6).

За терминот на играње ќе се знае подоцна.

Што се однесува до дубл настапите, Рафа игра моментално заедно со Монако против Черменак и Даули, 3-3 во првиот сет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom